Петков пристигна во Скопје (фото)


Новиот бугарски премиер Кирил Петков пристигна во еднодневна посета на Република Северна Македонија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи го пречека претседателот на бугарската влада на скопскиот аеродром. Бугарската делегација ја пречека и премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите за надворешни работи и за […]

Разводот доведува до болести и зголемена смртност кај мажите


Англија– Разводот, разделбата и живеењето сам честопати се причина за влошување на здравјето кај мажите и доведуваат до зголемена смртност. Ова го откриле научниците во ново истражување. И претходни истражувања покажаа поврзаност меѓу социјалната изолација (осаменоста) и повисоките стапки на болести. Западните општества имаат највисок раст на луѓе кои живеат сами. Ова ги натера научниците да […]

Во Бугарија од четврток со задолжителен негативен ПЦР


На сите државјани на Република Северна Македонија од 20 јануари им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен […]

Принцот Чарлс го плаќал обезбедувањето на Камила долго пред да се венчаат


Англија– Нова кралска драма ја погоди Бакингемската палата по скандалот со премиерот Борис Џонсон кој присуствувал на забава ноќта пред погребот на принцот Филип, во екот на најстрогата изолација во Велика Британија. Принцот Хари предизвика жестока дебата во Кралството по изјавата дека се плаши да ги донесе сопругата Меган Маркл и нивните две деца во Велика […]

Медведев го смета Надал за фаворит на Австралија опен


Австралија– Рускиот тенисер Данил Медведев го прогласи Шпанецот рафаел Надал за фаворит на Австралија опен уште по првото коло на турнирот во Мелбурн. – Мислам дека фаворит е тој што располага со сè пред сите во рангирањето. Ќе го изберам Рафа бидејќи има 20 грен слем титули, изјави за „Eurosport.co.uk“. Надал и Медведев победија во првото коло […]

Земјотрес го погоди централниот дел на Турција


Турција – Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала е регистриран во централниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот се наоѓал на речиси 50 километри од градот Кајсери, каде живеат околу 600.000 луѓе. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

ФИФА го прогласи Левандовски за фудбалер на 2021 година


Швајцарија– Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер на 2021 година во изборот на ФИФА. – Горд сум и среќен. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите. Оваа награда е за сите околу мене. Се што се случи минатата година, дека ќе го соборам бундеслигашкиот рекорд по постигнати голови, не се осмелив да сонувам. Да ми […]

Меркел и во пензија е најпопуларна меѓу Германците


Германија – Се зголемува популарноста на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, иако таа веќе некое време не е во политиката, ниту на чело на владата. Според најновата анкета на ИНСА, спроведена за весникот „Билд“, Меркел не само што се наоѓа на прво место како најомилена германска политичарка, туку нејзината предност е зголемена во последниот месец и […]

Пристигна германското вештачење – седум страници со заклучоци зошто се запали модуларната болница во Тетово


По повеќемесечна истрага пристигна вештачењето на германските експерти за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, кој се случи на 8 септември 2021 година, при што загинаа 14 лица, а повеќемина беа повредени. На седум страници се изнесени сознанијата и заклучоците на експертите од Германија, кои што извршија увид на местото на пожарот.  Линк до целиот текст […]

Роналдо: Планирам да играм уште 4-5 години


Швајцарија – Напаѓачот на Манчестер јунајтед, по добивањето на специјалната награда од ФИФА „The Best“, објави дек апланира да игра уште 4-5 години. – Горд сум што сум најдобар стрелец на сите времиња на меѓународно ниво. Сè уште имам страст да играм и да постигнувам голови. Кога излегувам на теренот, дури и на тренинзите, мотивацијата ми […]

Во Бугарија 10 илјади нови случаи, 161 починати


  Дури 9.996 новозаболени од ковид има во Бугарија во последниве 24 часа. Биле направени 44.772 тестови, што значи дека позитивните примероци изнесуваат 22,33 отсто. Од новозаразените 79 отсто се невакцинирани. Починали 161 лица, од кои 92 отсто биле невакцинирани. Од почетокот на пандемијата во Бугарија има 32.247 смртни случаи.  Во моментов има 160 илјади […]

ЕУ се прости од Сасоли: „Вашата борба за демократија ќе продолжи“


Франција– Европратениците му оддадоа почит на споменот на претседателот Давид Сасоли за време на пленарната церемонија што се одржа синоќа во Стразбур, јави дописникот на МИА. – Европа загуби лидер, демократијата загуби шампион, а ние изгубивме пријател. Тој секогаш знаеше како да ги преточи вредностите во кои веруваше во конкретни акции. Давид Сасоли се бореше […]

Минатата недела вкупно 11.123 нови позитивни на Ковид-19, околу 60 отсто се Омикрон


Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 45.401 материјали, за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%, покажува неделниот […]

Тифани Трамп сподели фотографии од ланската свршувачка во Белата куќа


САД- Тифани Трамп, најмалата ќерка на Доналд Трамп, се навраќа на нејзината свршувачка пред една година, во Белата куќа, и на нејзиниот живот што претстои. Ќерката на поранешниот претседател во неделата сподели фотографии од моментот кога момчето Мајкл Булос ја побара за жена со дијамантски прстен од 1,2 милиони долари во градината на ружите во […]

Нобеловецот Маркез имал тајна ќерка во Мексико


Колумбија- Реномираниот колумбиски автор Габриел Гарсија Маркез со децении ја спречуваше јавноста да знае за интимен аспект од неговиот живот: тој имаше ќерка со мексиканска писателка, со која имаше вонбрачна врска во раните 1990-ти. Строго чуваната тајна беше објавена од колумбискиот весник „Ел Универзал“ во неделата, а за Асошиетед прес ја потврдија двајца роднини на […]

Турција го менува името во Туркије, потврди Ердоган


Турција – Турските власти одлучија да го ребрендираат имиџот на земјата во светот, објави турската телевизија ТРТ. Претходно овој месец турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави соопштение во кое се наведува дека меѓународно признатото име на земјата се менува од „Турција“ во „Туркије“ („Turkey“ u „Turkiye), појасни телевизијата. „Зборот ‘Туркије’ на најдобар начин ги претставува и […]

Илјадници летови во САД и Канада се одложени поради снежно невреме


САД – Обилниот снег и снежните виулици одложија илјадници летови на источниот брег на САД. Поради лошите временски услови илјадници домаќинства останаа без струја. Снежната бура доведе до торнадо на Флорида. Околу 120.000 луѓе останаа без електрична енергија, а најголеми проблеми со струјата има во Западна Вирџинија, Северна и Јужна Каролина и Џорџија. Метеоролозите предвидуваат дека […]

Новите министри ги презедоа функциите, премиерот најавува посветеност на клучните прашања за граѓаните


На првиот ден од изборот на новата Влада, во министерствата беше извршено примопредавање, а новиот премиер Димитар Ковачевски најави дека секоја минута ќе ја посветат на клучните прашања од интерес на граѓаните. Првиот предизвик на новата Влада е надминувањето на енергетската криза и обезбедувањето подобри услови за живот на граѓаните. Тоа го најави и Ковачевски […]

Соработка со ветеринарни служби од Србија и Хрватска во справувањето со африканската чума


Делегации од ветеринарните служби и институции од Република Србија и Република Хрватска денеска ќе бидат во работна посета на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија. -Посетата на делегациите е со цел да се разменат информации и искуства во врска со епидемиолошката состојба во регионот, со посебен осврт на африканската чума кај свињите, болест која претходно […]

Ковачевски и Петков најавуваат креирање иднина, ослободена од минатото


Оптимизам за нов почеток во обидите за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и одблокирање на почетокот на преговорите на земјава со Европската Унија пристигнува деновиве и од Скопје и од Софија. Новите влади на двете земји најавуваат нов почеток во преговорите за надминување на спорот, попрагматичен пристап и фокус најпрво на она […]