Бугарскиот премиер Петков во посета на земјава


Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ќе престојува во еднодневна официјалната посета на Република Северна Македонија земја заедно со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, и со бугарските министри за надворешни работи и за транспорт и врски, Теодора Генчовска и Николај Сабев. На аеродромот во Скопје владината делегација на Република Бугарија ќе ја […]

Македонија е во пик на новиот бран на коронавирусот


Од почетокот на новата година во државава се зголемува бројот на новозараени со КОВИД-19, а во последните денови се пријавуваат и по над илјада новозаразени. Активни се 16397 случаи. Во ваква епидемиолошка состојба Владата синоќа по препорака од Главниот координативен кризен штаб  за справување со пандемијата одлучи второто полугодите од учебната година да продолжи од […]

Сончево и ветровито, слаб снег во североисточните делови


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне ќе биде претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 18 јануари 2022 година, 18-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 347 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 29 минути. Денов трае 9 часа и 31 минута. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија


  На втората седница, Владата донесе Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Со оваа одлука, донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на […]

Второто полугодие за основното и средното образование ќе почне на 1 февруари, одлучи Владата


Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките […]

Кругот се затвора околу Ѓоковиќ – без вакцина не ќе може да игра ни во САД ни во Шпанија


  Претстојат неизвесни денови во кариерата на најдобриот светски тенисер доколку тој и натаму одбива да се вакцинира. Откако по усвоените законски измени во Франција изгледа дека ќе биде многу тешко за Новак Ѓоковиќ да учествува на Ролан Гарос ако не биде вакциниран, таква можност денеска навести и премиерот на Шпанија, Педро Санчез, за настапите […]

„Хаос“ доколку 5G не се ограничи во близина на аеродромите, предупредуваат директори на американските авиокомпании


Извршните директори на големите американски авиопревозници денеска предупредија на претстојна можна „катастрофална“ воздухопловна криза од среда кога AT&T и Verizon се подготвуваат да воведат нова 5G услуга. Авиокомпаниите предупредија дека новата услуга C-Band 5G би можела да предизвика голем број авиони неупотребливи и „може да заглави десетици илјади Американци во странство“. Главните извршни директори на […]

Македонските ракометари ги завршија настапите на ЕП, пораз и против Данска


Македонската ракометна репрезентација вечерва во Дебрецин загуби од фаворитот Данска со 21:31. За избраниците на селекторот Кирил Лазаров ова беше трет пораз на исто толку натпревари во А-групата од Европското првенство во Унгарија и Словачка. По добриот старт и водството од 4:0 (7. минута), македонските репрезентативци се потешко го наоѓаа патот до гостинскиот гол, а […]

Учебната година да продолжи од 1 февруари, препорача Главниот кризен координативен штаб


Главниот кризен координативен штаб (ГККШ) за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот на денешната седница заклучи дека во моментов епидемиолошки земјата се наоѓа во пик поради поради кој препорачува да се одложи учебната година до 1 февруари годинава со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од […]

Владата закажа и втора седница во првиот ден


Доцна вечерва новата влада ќе одржи уште една седница, втора откако претходно во текот на денот ја одржа првата конститутивна седница.Втората седница треба да започне во 21:30 часот. Во моментов, пак, заседава Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на кој се разгледува прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.

Државјаните на Македонија во Бугарија сепак со ковид сертификат и ПЦР тест


   Граѓаните на Северна Македонија, Израел, Турција и Србија кои доаѓаат во Бугарија од четврток мора да имаат и зелен сертификат и негативен ПЦР тест. Тоа е наредба од бугарската министерка за здравство Асена Шербезова. „Од четврток, 20 јануари, за државјаните на Република Северна Македонија, Израел, Турција и Србија и членовите на нивните семејства кои […]

Главниот спонзор „Лакост“ ќе бара одговори од Ѓоковиќ


  Главниот спонзор на Новак Ѓоковиќ се огласи по неговото депортирање од Австралија. Ѓоковиќ денеска се врати во Белград, а набргу потоа се огласи и неговиот главен спонзор. „Австралиските власти му ја укинаа визата на Новак Ѓоковиќ и затоа тој нема право на настап на Австралија опен. Затоа во првата прилика ќе стапиме во контакт […]

Црна Гора подобра од Словенија во директниот дуел за пласман во втората фаза на ЕП во ракомет


Репрезентацијата на Црна Гора вечерва во Дебрецин ја победи Словенија сои 33:32 и си обезбеди учество во втората фаза на Европското ракометно првенство. Црногорците охрабрени од победата над Македонија извојувана во саботата, одиграа пожртвувано до самиот крај и успеаја негативата од три гола (16:19) што ја имаа по првото полувреме, да ја претворат во голем […]

Британската Влада со најава за замрзнување, па укинување на претплатата за Би-Би-Си


  Владата на конзервативниот премиер Борис Џонсон денеска објави дека ќе го замрзне финансирањето на медиумската корпорација Би-Би-Си на две години и ќе почне дебата за тоа дали претплатата за британскиот јавен сервис треба да продолжи. Министерката за култура на Џонсон, Надин Дорис, изјави денеска во парламентот дека Би-Би-Си, треба да стане поедноставна, поштедлива организација […]

Стопанската комора ги оспори пред Уставен суд законите за недела неработен ден


Стопанската комора на Северна Македонија ги оспори денеска пред Уставниот суд законските решенија кои овозможија неделата да биде неработен ден за повеќето вработени во земјава. Како што извести на интернет страницата Уставниот суд, денеска од Комората биле поднесени две иницијативи. Во едната, подносителот ги оспорува членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и […]

Петков: Никој не го оспорува вашето идентитетско право


По ниеден начин не ги доведуваме во прашање идентитетот и јазикот на Република Северна Македонија, порача вечерва бугарскиот премиер Кирил Петков. Тој во одговор на прашање кој е неговиот став за македонскиот јазик и народ истакна дека Бугарија е првата држава која ја призна Северна Македонија како самостојна држава и оти се гордее со тоа. -Кога […]

Институтот Пастер најавува пик на бранот инфекции и хоспитализации поради сојот Омикрон


Франција–   Францускиот институт Пастер овјави дека врвот на бранот инфекции со сојот Омикрон на коронавирусот ќе се случи до средината на јануари, по што ќе следи пик на приеми во болница во втората половина на јануари. Француското Министерство за здравство вчера потврди дека во изминатите 24 часа се регистрирани повеќе од 278.000 нови инфекции, што […]

Османи предлага промена во работата на Мешовитата историска комисија


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави дека е подготвен да предложи промени во работата на Заедничката историска комисија. – Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за евентуална промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Заедничката историска комисија, рече Османи во интервју за БНТ на денот кога […]

Прва седница на Владата: Определени вицепремиерите и нивните должности


Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. Претседателот Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и […]