Работната група за железничко поврзување со Бугарија ќе се состанува најмалку четири пати годишно


Владата денеска на седница го разгледа и прифати усогласениот текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“, што се очекува да биде потпишан за време на заедничката седница на двете влади која ќе се одржи утре во Софија. -Со документот се изразува согласност за формирање […]

Рама: Да му дадеме на народот нормален човек за претседател


Албанскиот премиер Еди Рама на средба со пратеничката група на неговата Социјалистичка партија, изјави дека една од работите што владејачкото мнозинство мора да ја направи е да се избере нов претседател во април. Иронизирајќи го актуелниот претседател, Илир Мета, Рама рекол дека во следните пет години на чело на државата треба да дојде нормален човек, […]

Приведени четворица крадци на возило од Гостиварско, украденото вратено на сопственикот


Полициски службеници лишиле од слобода четири лица од гостиварското село Врапчиште, кои се сомничат дека противправно одзеле патничко возило „Цитроен Берлинго“, соопштија од Министерството за внатрешни работи. – На 23.01.2022 околу 16:10 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ш.М.(21), В.У.(22). Ш.М.(21) и Ф.А.(22), сите од гостиварско Врапчиште. […]

Студеното време и снежните врнежи добредојдени за есенските посеви


Промената на времето која се случи кон крајот на минатата недела со врнежи од снег и формирање снежна покривка, како и одржувањето подолго време на ниските минимални негативни температури, е позитивна, посебно за есенските посеви. Според агрометеоролозите на УХМР, на есенските посеви има се потребни токму вакви временски услови. Земјоделците не треба стравуваат од евентуални […]

ССМ: Владата ја одложи средбата за 31 јануари


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека средбата со Владата што требаше да се одржи денеска е одложена за 31 јануари 2022. Како што најавува ССМ, во петок ќе бидат свикани сите тела на Сојузот за да се активираат штрајкувачките одбори. -На разочарување на работниците, средба помеѓу Владата и ССМ закажана за денеска се […]

Прокопиев меѓу книжевниот врв на Европа во публикацијата „Les Lettres Europeenes“


Прозата на современиот македонски писател Александар Прокопиев се анализира во најновата едиција на реномираната историја на европските книжевности „Les Lettres Europeénnes“, која деновиве излезе од печат во Париз. Прокопиев е застапен меѓу авторите Херта Милер, Елфриде Јелинек, Слободан Шнајдер, Мануел Ривас, Олга Токарчук, Биљана Србљановиќ, Јури Андрукович, Људмила Улицкаја, а неговата проза се споменува во последно […]

Луѓето кои прележале Ковид-19 може да страдаат од „мозочна магла“


Русија – По прележување Ковид-19, може да дојде до „мозочна магла“, предупреди рускиот инфектолог Елизавета Темник во интервју за „Мослента“. Темник, која учествуваше на годишниот Серуски конгрес за заразни болести, изјави дека „мозочната магла“ (brain fog) е манифестација на пост-ковид синдром. Се карактеризира со намалена концентрација и меморија, расеаност, поспаност и општа слабост. Таа појасни дека оваа појава допрва треба […]

Најсовремените стелт ловци на НАТО по првпат на Балканот поради кризата во Украина


Холандија ќе испрати два најсовремени борбени авиони од петта генерација Ф-35А во Бугарија на пролет, како привремено засилување на силите на НАТО на Балканот, со што земјата сака да испрати порака дека цврсто ќе дејствува кон потенцијалната руска интервенција во Украина, пренесува Бета. „Членките на НАТО заземаат различни позиции за источното прашање и испраќаат некои […]

Џони Деп се враќа на филмот со улога на Луј XV


САД– Џони Деп за првпат се враќа во кино по скандалот со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, тврди „Варајети“. Тој ќе глуми во историски филм на француската режисерка Мајвен, во кој ќе го игра кралот Луј XV, чие владеење е едно од најдолгото во светската историја (58 години). Се наведува дека ќе се снима ова лето на периферијата на Париз, […]

Американските компании се загрижени поради недостиг на работна сила поради Ковид-19


Американските компании ја завршиле годината со силни резултати, но се загрижени за продолжување на инфекциите со Ковид-19, иако се очекува да се намалат проблемите со снабдувањето, покажа студија објавена денеска. Малку повеќе од една третина од економистите на компаниите наведуваат дека најголем ризик за изгледите за раст е зголемувањето на случаите на Ковид-19, пред растот на цените, според кварталното истражување на Националната асоцијација […]

Одложени седмото и осмото продолжение на „Невозможна мисија“


САД– Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс. „Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во кината во септември 2022 година, а осмото продолжение во јули 2023 година. Новите датуми на прикажување на филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот дел од серијалот. […]

Во БиХ речиси 200.000 луѓе постари од 30 години живеат со своите родители


Повеќето млади луѓе на возраст над 25 години, кои неодамна ја напуштиле Босна и Херцеговина, емигрирале во земјите на Европската унија. Во БиХ има и голем број невработени млади лица, а речиси 200.000 од нив на возраст од над 30 години живеат со своите родители. – Немаме податоци колку млади луѓе во изминатиот период ја […]

Богоев: Спорен е начинот и тајмингот за барањето да се укине Пржинската влада


ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе достави до Парламентот предлог за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори. Но таа идеја засега не наидува на поддршка од СДСМ. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев вели дека е спорен начинот и тајмингот за оваа иницијатива на опозицијата. -Техничката […]

Рашковски: Мојот софтвер можеше да спасува животи на патиштата


Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во допис до јавноста тврди дека со системот за сообраќајни прекршоци, што го набави тој за 70.000 евра, ќе се намали бројот на жртвите за една половина, бројот на повредените за две третини и материјалната штета за повеќе од половина. „Софтверот на Рашковски“ не е софтвер на Рашковски, […]

Израел: Четвртата доза вакцина штити од потешка форма на Ковид-19


– Четвртата доза на вакцина против Ковид-19 што ја примиле лица постари од 60 години ги прави трипати поотпорни на сериозен облик на болеста од луѓето кои примиле засилувачка доза, соопшти израелското Министерство за здравство. Министерството додаде дека четвртата доза, или вториот бустер, двојно ја зголеми отпорноста на инфекција во истата возрасна група, во споредба со луѓето […]

Барел нафта е речиси 90 долари


Цените на нафтата пораснаа во азиската трговија денеска поради загриженоста за прекини во снабдувањето и растечките тензии во Источна Европа и Блискиот Исток, што дополнително ја влошува и онака затегнатата ситуација со снабдувањето. Фјучерсите на северноморската сирова нафта брент (фјучерси по однапред договорена цена) се зголемија за 81 цент или 0,9 отсто на 88,70 долари […]

Олимписката шампионка Гоџa се повреди пред Игрите во Пекинг


Италијанката Софија Гоџа се повреди пред Зимските олимписки игри што ќе се одржат во Пекинг. На вчерашната трка во Кортина д’Ампецо во супервелеслалом Гоџа имаше пад што резултираше со повреда на вкрстените лигаменти на коленото и пукнатина на потколеницата. Гоџа, кој треба да биде знаменосец на Италија во Пекинг, најверојатно ќе ги пропушти велеслаломите и […]

Почина писателот Радован П. Цветковски


По кратко боледување, на 92 години вчера почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист, соопшти Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Цветковски, роден на 3 септември 1931 година во Сопотница, Демир Хисар, покрај во ДПМ членуваше и во Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи […]

Формиран е Градски eко совет – Зелен совет на Град Скопје


Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и […]

Бухова не гледа основа за тужбата на Пецаков


Иринка Сотирова Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, му порача на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој најави дека ќе ја тужи, дека законот е јасен кога станува збор за однесувањето за време на тестирање против Ковид-19.   Пецаков, при тестирање за патување во странство добил позитивен резултат на Ковид 19, по завршувањето […]