Во Неготино избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители


Општина Неготино организира избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Како што информира Службата за односи со јавноста на локалната самоуправа, активностите се во чест на верскиот празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите. Тогаш симболично почнува и закројувањето на лозјата. Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе […]

Стопанската комора на чело на Платформата за јавно-приватен дијалог


Секогаш си го поставувам прашањето зошто мора некој однадвор посÑ �ојано да нѐ организира и да нѐ тера на соработка. Во нашиот случај тоа е многу едноставно бидејќи бизнисот е сечиј интерес. Но, и во такви услови постои блокада на сфаќањата дека тоа мора да се негува и да се надградува, вели претседателот на Стопанската […]

Укината забраната за тешки возила на превојот Стража


Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кичево – Гостивар на превој „Стража” денеска од 08:40 часот е укината, информираат од АМСМ. Забраната за тешки товарни возила на патниот правец беше воведена утрово во 07:00 часот поради обилни врнежи од снег.

Почина славниот дизајнер Тјери Муглер кој ги облекуваше Мадона, Бијонсе и Лејди Гага


Јапонија- Почина францускиот моден дизајнер Манфред Тjери Муглер, чии драматични дизајни ги носеа познати личности како Мадона, Лејди Гага и Карди Б. Тој имаше 73 години. Тој почина во неделата, објави неговиот официјален профил на Инстаграм. „Нека неговата душа почива во мир“, се вели во објавата која е целосно црна без слика. Не е наведена […]

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина


Велика Британија почна да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина, по предупредувањата за руска инвазија, објави Би-Би-Си. Официјални лица наведуваат дека нема конкретна закана за британските дипломати, но дека половина од вработените во дипломатската мисија во Киев ќе се вратат во Британија. Одлуката на Велика Британија уследи откако САД им наложија на семејствата […]

Интервју со Павле Трајанов: Владата има голема шанса, ВМРО-ДПМНЕ е потонато во коруптивен шинел


  Близу сме до целта конечно Македонија да биде една изборна единица, вели лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во интервју за „Независен“. Тој вели дека СДСМ и помалите партии имаат доволно гласови да ги донесат изборните измени. Според него, објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека е за една изборна единица е политички блеф. „ВМРО-ДПМНЕ ја условува […]

Во Мекиско убиена новинарка, била под полициска заштита


  Новинарката Лордес Малдонадо убиена е вчера во градот Тихуана, објави владата на сојузната мексиканска држава Баха Калифорнија, само една недела по убиството на фоторепортерот Маргарито Мартинез. Малдонадо е убиена со куршум од огнено оружје во својот автомобил паркиран пред куќата во која живеела, во близина на тихуана, објави канцеларијата на државниот обвинител на Баха […]

Клуге: Омикрон може да стави крај на пандемијата на Ковид во Европа, но можни се изненадувања


 Омикрон го означи почетокот на новата фаза во пандемијата на Ковид-19, а можеби и нејзиниот крај во Европа, изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге. – Може да се заклучи дека регионот се приближува кон своевидна последна фаза на пандемијата“, изјави вчера Клуге за АФП, додавајќи дека до март 60 […]

Водата за пиење во Скопје квалитетна и безбедна


Водата за пиење во Скопје одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, посочуваат резултатите од неделниот лаборатортсиски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје согласно анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.01.2022 до 21.01.2022 зема 146 примероци за физичко-хемиска и […]

Борел: ЕУ не гледа причина за евакуација на своите дипломати од Украина


ЕУ нема намера да ги евакуира семејствата на своите дипломати од Украина, бидејќи не гледа причина за тоа и очекува објаснување од САД за потегот, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. – Сè уште нема единствен предлог за санкции од ЕУ, но се разгледуваат неколку опции. За нив во […]

,,Пари”: Корона, повисоки цени, ниски пензии, како пензионерите ја преживеаа 2021 година?


Во јануари лани Фондот за пензиско и инвалидско осигурување изброја  323.503 корисници на пензија. Ни малку не беше лесна година за сите граѓани, а камоли за пензионерите кои освен што половина од нив имаат месечни примања до 14.000 денари, мораше да внимаваат и да не се разболат од корона поради и така хроничните болести со […]

Вкупно 125 квир лица во германската Католичка црква повикаа да запре дискриминацијата врз нив


Вкупно 125 вработени во Римокатоличката црква во Германија, вклучувајќи свештеници, учители и црковни управители, се изјаснија како квир и повикаа да запре дискриминацијата врз нив, јави ДПА. Иницијативата е наречена „#OutInChurch. За Црква без страв“. Активистите сакаат да имаат можност да живеат и работат отворено како ЛГБТИК+ лица во црквата без страв. Сите 125 лица […]

Минусни температури насекаде низ државата, најстудено во Крушево и Берово -12


Најстудено утрово е во Крушево и во Берово со -12 степени. Во Крива Паланка се измерени -10, во Битола, Штип, Претор и Виница -9, осум степени под нулата е во Охрид, -7 во Прилеп, Струмица и Тетово, -6 во Скопје и Демир Капија, -5 Куманово, а -3 во Дојран и Гевгелија. УХМР информира дека највисока […]

Ѓоковиќ би можел да настапи на Ролан Гарос


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на годинешниот Ролан Гарос иако не е вакциниран против коронавирусот, јавуваат италијанските и француските медиуми. Можноста за настап на Ѓоковиќ кому поради вакциналниот статус му забранија учество овој месец на Австралија опен, се отвора откако Франција донесе законски измени поврзани со вакцинираните и секој кој прележал Ковид-19 во последните шест […]

Започнува трката за претседател во Италија


Започнува трката за претседател во Италија. Пратениците го избираат наследникот на актуелниот претседател Серџо Матарела, јави ДПА. Вкупно 1.009 членови на двата дома на Парламентот – Домот на пратеници и Сенатот – како и претставници на регионите и автономните провинции, ќе го дадат својот глас денеска од 15 часот по локално време. Актуелниот премиер Марио […]

САД им препорачуваат на своите граѓани да ја напуштат Украина


САД синоќа соопштија дека наредиле да се вратат дома членовите на семејствата на вработените во Амбасадата во Украина, повикувајќи ги сите американски граѓани да размислат за заминување поради заканата од руска воена акција. Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил „доброволното заминување на американските државни службеници и наредил заминување на членовите на нивните семејства од Амбасадата во Киев […]

СЗО ќе ја разгледа кандидатурата на Тедрос за втор мандат како генерален директор


Извршниот совет на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја разгледа кандидатурата на Тедрос Аданом Гебрејесус за втор петгодишен мандат како генерален директор на СЗО за време на својата 150-та сесија која почнува денеска во Женева и ќе трае до 29 јануари. Вниманието ќе биде фокусирано и на подготовките за 75-то годишно Светско здравствено собрание во […]

Дел од учениците во Бугарија од денеска на онлајн настава поради ширењето на омикрон варијантата


Дел од учениците во Софија, Бургас и Благоевград од денеска ќе учат онлајн. Учениците од 5, 6, 8, 9 и 11 одделенија во Софија и Бургас од 24 јануари една недела ќе учат онлајн, поради ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот во Бугарија. Наставата ќе се одржува од далечина за сите ученици од 5-то до […]

Украина ја доби втората пратка американско оружје


Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников синоќа соопшти дека пристигнала втората пратка оружје од САД како дел од одбранбената помош од 200 милиони долари. Вашингтон соопшти дека ќе продолжи да ја поддржува Украина поради загриженоста во Киев и меѓу нејзините западни сојузници поради десетици илјади руски војници стационирани долж границата со Украина. Русија негира дека […]

Забарана за камиони на Стража и на патот Маврово – Дебар


Поради снежни врнежи изутринава од 07:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на на превој „Стража“ на патниот правец Кичево-Гостивар. Забрана за камиони е воведена и на патниот правец Маврово-Дебар, информира АМСМ.