Радев бара временски рокови и за отворените прашања


 Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Софија оствари средба со претседателот на  Бугарија Румен Радев, на која изрази надеж дека со конституирањето на највисоките државни институции по изборите, како и новиот состав на Владата во Скопје претстои период на политичка стабилност во двете земји за постигнување напредок во билатералните односи и во отворањето на заедничката европска […]

Малку им е Уставот, Бугарите во Македонија сега бараат специјален статус


 Ќе биде проблем ако Бугарите се вклучат во македонскиот Устав како само еден од сите „делови на народи“, а не со потенцирање  дека имаат заедничко историско, културно и јазично наследство, бидејќи тоа ќе го доведе во прашање инсистирањето на заедничка историја на Бугарите и Македонците и негирање на резултатите од заедничката историја. Ова се наведува […]

„Џонсон и Џонсон“ оваа година очекува до 3,5 милијарди долари заработка од продажба на вакцини


Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ денеска соопшти дека оваа година очекува 3,5 милијарди долари приход од вакцината против Ковид-19, благодарение на ублажените проблеми во снабдувачкиот синџир и зголемената побарувачка. Поради доцнење во испораките и нерамномерната побарувачка, приходот на „Џонсон и Џонсон“ од вакцината против коронавирусот минатата година изнесуваше 2,39 милијарди долари, што е повеќе од […]

Надал: По стапките на Роџер


  Секако дека ја направи таа поза. Четири чекори напред, нозете одвоени, рацете нагоре, главата зафрлена назад. Од толпата во Род Лејвер Арена избувнаа овации. Тој веќе доминира во шоуто. Набргу потоа, Рафаел Надал стоеше со Џим Куриер, паметниот интервјуер на теренот кој и самиот двапати скокна во реката Јара како победник на овој турнир. […]

Станува ли возењето со електричен автомобил поскапо отколку со дизел


До пред неколку месеци, еден од мотивите за купување електрични автомобили беа три до четири пати помалите трошоци за возење. Сепак, драстичниот скок на цената на струјата ја прави употребата на „дизелот“ поевтина и за една третина во споредба со помодерната конкуренција. Така, купувачот на електричниот автомобил се нашол во ситуација новото возило не само […]

Археолошко откритие на годината во Хрватска: Фабулозни римски мозаици во Солин


  Прекрасните антички мозаици откриени неодамна во центарот на хрватскиот град Солин предизвикаа вистинска сензација во археолошките кругови, но и пошироко. Веројатниот под на некои римски вили на периферијата на Салона, всушност, може да фрли ново светло на областа каде што се протегал главниот град на римска Далмација. Главното прашање сега е идното претставување на […]

Османи в петок на седница на собраниската Комисија за надворешна политика


Министерот за надворешни работи Бујар Османи в петок на 28 јануари ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика, информираат од МНР. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски, претходно денеска информира дека преку писмо побарале од шефот на дипломатијата да дојде на седница на собраниската […]

Исчистена дивата депонија на кејот на реката Вардар во општина Гази Баба


Екипите на Град Скопје денеска завршија со чистење и целосно е исчистена дивата депонија кај кејот на реката Вардар во општина Гази Баба, која зафаќаше површина од над 13.000 квадратни метри. Собрани се над 4.000 кубни метри комунален отпад и градежен шут што секојдневно ја загадуваше животната средина и го загрозуваше здравјето на жителите од […]

Србија забележа рекорден број новозаболени – 19.901


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 19.901 нов случај на корона вирус и 34 починати. Во Србија досега од вирусот се заразени вкупно 1.579.847 лица, а регистрирани се 13.340 смртни случаи. Во болниците во моментов се 3.114 пациенти, од кои 131 се на респиратор. Во последните 24 часа тестирани се 39.282 лица, што […]

Крушево го одбележа роденденот на Тоше


Општина Крушево, спомен куќата „Тодор Проески“, крушевчани и фановите на Крушево од државата и Балканот одбележуваат уште еден роденден на музичката ѕвезда која во 2007 година во сообраќајна несреќа го загуби својот живот. „Тоше ни остави многу љубов, ни остави добри дела, ни остави музика која вечно ќе се слуша и пренесува на наредните генерации. […]

Хрватска ги советува своите граѓани да не патуваат во Украина


Хрватска– Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска им препорача на своите граѓани да избегнуваат патување во делови на Украина кои граничат со Русија и да го одложат патувањето во остатокот од земјата. – Поради влошената безбедносна ситуација во Украина и концентрацијата на вооружени сили на Руската Федерација во областите кон границата со Украина, […]

Град Скопје даде свои возила на ЈСП за транспорт на инвалидизирани лица


Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила. Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска […]

Оризопроизводителите најавуваат протест ако поддршка за арпата не добијат повеќе земјоделци


Производителите на ориз од кочанскиот регион бараат што повеќе земјоделци да бидат опфатени со финансиската помош – три денари за килограм предадена арпа, а за тоа е неопходно, велат, рокот за предавање на арпата да се продолжи до јуни. На Министерството за земјоделство му даваат рок од две недели да најде начин како ова да […]

Добра работа, Волоѓа! Путин го воскреснува НАТО


Едвај две години откако францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи за „мозочно мртов“, НАТО воскресна од заканите на Русија за Украина, оставајќи ја зарѓаната, но доверлива одбранбена алијанса предводена од Соединетите држави единствена игра во градот за европска безбедност. Како тоа ѝ служи на децениската стратешка цел на Москва да ги турка САД од Европа […]

Поранешниот канцелар Себастијан Курц основа своја компанија во Австрија


Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц основа компанија во Австрија наречена „SK Management“. Покрај работата како „глобален стратег“ во американската компанија „Тил Капитал“, на Питер Тил, поддржувач на Доналд Трамп, сега отвори и своја компанија со седиште во Долна Австрија. Според основачките документи Курц е сопственик и директор на „СК Менаџмент“, компанија чија регистрирана дејност е […]

Санела Шкриељ и Марија Кочовска нови пратенички во Собранието


Санела Шкриељ и Марија Кочовска ќе бидат нови пратенички на СДСМ во Собранието. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега е министерка за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска Стојчевска, која е министерка за култура. Оваа одлука е донесена денеска на 43-та седница на Државната изборна комисија (ДИК). Членовите на ДИК едногласно […]

Беретини со Надал во полуфиналето на Австралија опен


Австралија– Матео Беретини е вториот полуфиналист на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен откако во маратонски меч во четвртфиналето славеше над Французинот, Гаел Монфис со 3-2, по сетови 6-4, 6-4, 3-6, 3-6 и 6-2. Иако имаше негатива од 0-2, францускиот тенисер успеа целосно да се врати во мечот и да израмни на 2-2, но […]

Со специјалци се смируваа патниците на аеродромот во Истанбул


Аеродромот во Истанбул полека почна да се враќа во функција откако два дена беше целосно затворен поради снегот што во огромни количества напаѓа во Турција и големата виулица.   Изграден да биде најмодерен и најпопуларен во целиот свет,  угледот на аеродромот гордост на Турција доживеа голем удар. По повеќе од 24 часови поминати на аеродромот […]

„Фајзер“ почна испитување на вакцина против омикрон


САД– Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ почнаа клиничко испитување на вакцина против сојот омикрон на коронавирусот. Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а во испитувањето се вклучени повеќе од 1.400 луѓе. – Иако постоечките истражувања и податоци покажуваат дека засилувачките дози на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од […]

Муцунски со анкета на куќните совети ќе бара дозвола за зонско паркирање во Аеродром и Ново Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска заедно со директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски направија обиколка низ нашата општината и ја разгледаа можноста за воведување зонско паркирање на нови локации. Муцунски и Христовски ги поминаа сите критични точки за паркирање во нашата општина и се обврзаа дека ќе излезат во пресрет на барањата […]