Астрономски календар


Денеска е среда, 26 јануари 2022 година, 26-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 339 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 53 минути, а ќе зајде во 16 часот и 39 минути. Денов трае 9 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Украина го обвини Зоран Милановиќ дека шири руска пропаганда


  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска се најде на насловните страници на европските медиуми со тврдењата дека настаните околу Украина немаат никаква врска со Москва и Киев, туку се должат на внатрешно-политичките проблеми на претседателот Џо Бајден. Тој вети дека доколку дојде до „ескалација во Украина“, ќе го повлече „и последниот хрватски војник“ и нема […]

Бугарскиот министер за спорт предложи двете влади да одиграат фудбалски натпревар


  Меѓу редицата предлози што денеска се слушнале за време на заедничката седница на македонската и бугарската влада  во Софија бил и тој тие да одиграат пријателски фудбалски меч. Таков предлог дал бугарскиот министерт за спорт, Радостин Василев. Како што јави бугарската телевизија бТВ Василев го дал тој предлог за време на дебатата на претставниците […]

Пронајдени тела на двајца починати мигранти покрај пругата кај кумановско Табановце


Пронајдени две тела на починати лица мигранти покрај пругата во кумановското село Табановце, соопшти денеска полицијата која се уште врши проверки за утврдување на идентитетот. -Денеска во 15.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско биле пронајдени две тела на починати лица-мигранти и се уште се вршат проверки […]

Работите меѓу Бугарија и Македонија тргнаа кон добро, изјави францускиот шеф на дипломатијата


  Шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дријан денес изрази надеж дека за време на француското претседателство со ЕУ, кое завршува на крајот на јуни, може да се одржи меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија и дека преговорите за членство на Скопје и Тирана во ЕУ во ЕУ може да ги започнат тогаш. Пред […]

Америка ќе обезбеди гас за Европа доколку Русија ги прекине испораките


  САД работат на испораките на природен гас од целиот свет во Европа во случај да се прекине протокот од Русија, во обид да се затапи најмоќното економско оружје на Владимир Путин. Како што се зголемија стравувањата од инвазија на Украина, американските власти во вторникот рекоа дека преговарале со светските добавувачи и сега се уверени […]

Рекордни бројки заразени во Шведска – се затвораат училишта


  Во регионот околу Гетеборг, вториот најголем град во Шведска, за една недела регистрирани се 44.791 позитивни на корона висут во последната недела, што е најголем пораст во една недела од почетокот на пандемијата. Во истиот регион се регистрирни и најмногу ПЦР тестирања 133.554 во една недела. Многумина не успеале да закажат термин за тестирање, […]

Две жени приведени во истрага за исчезнување Србин во Франција, кој најверојатно е убиен


Две жени се приведени во истрагата за убиство, откако кон крајот на декември во Безансопн, во истична Франција, мистериозно исчезнал еден Србин, кој живеел во Германија и најверојатно бил убиен, јави дописникот на МИА. Според блиските, кои го пријавиле неговото исчезнување на 26 декември, Србинот го напуштил својот дом во Германија на 22 декември за […]

Изгоре објект полн со сено во беровското село Мачево


 Во пожар изгоре објект полна со сено во беровското село Мачево. Објектот е тврда градба во сопственост на Митко Црнешки кој живеел на горниот кат од куќата, додека во долниот дел од градбата чувал добиток. Од ТППЕ Берово го потврдија случајот и притоа информираа дека пожарот е локализиран во 19:00 часот. -Дојавата ја примивме во […]

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители


Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на службата, Борислав Сарафов, а одговорноста за несреќата е на возачот кој управувал со автобусот. – Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И големата, да речеме, несоодветна, но не и […]

Почина холандската фудбалска легенда Вим Јансен


Во 76. година од животот почина легендарниот фудбалер на Феенорд и на холандската репрезентација, Вим Јансен. Јансен, кој играше на средината на теренот, а по потреба извршуваше и дефанзивни задачи, беше член на холандската репрезентација, која на две последователни светски првенства, 1974 и 1978, играше финале, а во националниот дрес одигра вкупно 65 натпревари. Феенорд […]

„Страница од дневникот“- омилената песна на Аки Рахимовски


Со „Парни ваљак“ освои бројни признанија и награди, меѓу кои и шест Порини за албумот „Будење“, а во 2015 година, по повод четиридецениската работа, бендот ја доби наградата на Град Загреб за заслуги во промовирањето на општествениот живот во градот. . Аки често изјавуваше дека оваа награда, заедно со Порин, му е омилена, а омилена […]

Рекордни новозаразени со корона вирус – 2.341 , починале 26 пациенти


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на Ковид-19. Во Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино […]

Македонија на плоштад ќе се збогува од Аки Рахимовски


Во среда, 26 јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ и најдобриот рок-вокалист во поширокиот регион – Аки Рахимовски. Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на […]

„Барајќи ја Венера“ на фестивалот во Трст


Долгометражниот игран филм „Барајќи ја Венера“ во режија на Норика Сефа, а снимен во косовско-македонска копродукција, е селектиран и ќе се натпреварува во категоријата долгометражен игран филм на Интернационалниот филмски фестивал во Трст во Италија. Филмот е дебитанско остварување на режисерката Норика Сефа, и е поддржан од Агенцијата за филм на Република  Северна Македонија. Сработен […]

Оштета за заглавените возачи на автопатот во Атина


Грција – Возачите кои со часови останаа заглавени со нивните автомобили на автопатот што ги поврзува предградијата во Атина, ќе добијат оштета од 2.000 евра, а 1.000 ќе биде оштетата за патниците кои останаа заглавени во возовите поради прекинот на железничкиот сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина. Снежната бура во Грција од која најпогодена […]

Ковачевски: Брзањето може да значи и избрзување со Софија


На брифинг со новинарите по средбите во Софија премиерот Димитар Ковачевски изјави дека отворените прашања меѓу Македонија и Бугарија треба да се решаваат во целина и треба да се во одредена рамка поврзана со кревање на ветото и одржување на првата меѓувладина конференција. Тоа е ставот што тој му го пренел денеска на бугарскиот колега […]

Обидот за провокација од БНТ за македонската делегација причина за протест


Документарниот филм „Само затоа што беа Бугари“, кој беше најавен на програмата на Бугарската национална телевизија (БНТ)  во ударен термин вчеравечер, а потоа  симнат од програмската шема и заменет со друг филм, е причина за протест вечерва пред седиштето на телевизијата. Однесувањето на БНТ и на владата се третира како „предавничко“, поради што фејсбук-групата „Борба […]

Милановиќ: Предавник е секој во Хрватска кој ќе гласа за санкции кон Додик


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска се спротивстави на потенцијалните европски санкции против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, објаснувајќи дека Додик е соговорник на Хрватска. -Ако некој од Хрватска гласа за тие санкции, тој за мене е предавник. Тогаш јас ќе ја претставувам Хрватска во Европскиот совет“, им изјави Милановиќ на новинарите на […]

Груби: Оптимист сум за резултатите од посетата во Софија


Како дел од официјалната посета на македонската владина делегација во Софија и продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји,  првиот потпретседател на Владата и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска присуствуваше на средбата на Работната група од областа на образование, култура, наука и млади. Придружуван од министерката за култура Бисера […]