Украина го обвини Зоран Милановиќ дека шири руска пропаганда

Хрватскиот претседател изјави дека за Украина нема место во НАТО, бидејќи таму имало државен удар


 

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска се најде на насловните страници на европските медиуми со тврдењата дека настаните околу Украина немаат никаква врска со Москва и Киев, туку се должат на внатрешно-политичките проблеми на претседателот Џо Бајден. Тој вети дека доколку дојде до „ескалација во Украина“, ќе го повлече „и последниот хрватски војник“ и нема да учествува во мисијата на алијансата, бидејќи на „Украина нема место во НАТО“, бидејќи таму имало државен удар.

Зборовите на Милановиќ предизвикаа остра реакција на Министерството за надворешни работи во Киев. Неговите зборови беа оценети како неприфатливи, дека шири „руска пропаганда“ што не е во согласност со официјалната позиција на Хрватска за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и од него беше побарано да ги повлече.

Бриселски „Политико“ вака ја окарактеризира изјавата на Милановиќ: „Среде украинската криза доаѓа ненадеен воен маневар – хрватска операција за конфузија“. Причината за тоа е што хрватските војници од Полска веќе биле вратени дома и се наоѓале во градот Бјеловар веќе некое време и намело ни кој да се повлекува од силите на НАТО.

Борбената група на НАТО во Полска пред неколку дена твитна дека „наскоро“ ќе го пречека новиот хрватски контингент. Но хрватскиот весник „Јутарњи лист“ тогаш објави дека земјата не планира да испрати нова единица оваа година – така што нема да има сили за повлекување доколку има руска инвазија на Украина во следните недели или месеци.

Во долгата тирада пред новинарите, Милановиќ зборуваше за односите Украина-Русија-ЕУ на следниов начин: „Украина оди на запад без да се консултира со Русија, како во ЕУ да ја чека мед и млеко. Украина сè уште останува една од најкорумпираните. земјите, ЕУ не ѝ даде ништо на Украина“, рече тој.