Рекордни новозаразени со корона вирус – 2.341 , починале 26 пациенти

Рекордни 2.341 новозаболени со Ковид-19 регистрирани се денеска во Македонија, а воедно починаа уште 26 пациенти, од кои осуммина целосно вакцинирани


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на Ковид-19.

Во Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга – по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија – по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.

Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од: Скопје – 768, Битола – 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2, Охрид и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 10 починати лица од Скопје (51, 68, 73, 76, 78, 78, 78, 86, 91 и 95), по 2 починати од Тетово (66 и 79), Велес (74 и 83) и по едно починато лице од Гевгелија (82), Кавадарци (52), Крива Паланка (74), Куманово (81), Македоснка Каменица (88), Охрид (74) и Струмица (57). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавено е едно починато лице, од Штип (83), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови.

Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати се во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 117.574, Активни 11.390

Куманово 14.425, Активни 736

Прилеп 12.455, Активни 754

Битола 12.222, Активни 1613

Тетово 12.089, Активни 492

Гостивар 8.596, Активни 323

Кавадарци 8.508, Активни 627

Велес 8.218, Активни 409

Охрид 7.753, Активни 682

Штип 7.363, Активни 311

Струмица 6.967, Активни 448

Кичево 4.827, Активни 297

Кочани 4.500, Активни 217

Струга 4.278, Активни 268

Гевгелија 3.587, Активни 404

Неготино 3.014, Активни 228

Свети Николе 2.353, Активни 112

Ресен 2.260, Активни 231

Радовиш 2.148, Активни 179

Крива Паланка 2.142, Активни 107

Делчево 1.704, Активни 159

Берово 1.614, Активни 95

Дебар 1.492, Активни 22

Валандово 1.302, Активни 164

Виница 1.259, Активни 49

Пробиштип 1.238, Активни 39

Кратово 865, Активни 59

Богданци 823, Активни 83

Крушево 806, Активни 130

Демир Хисар 754, Активни 72

Македонски Брод 616, Активни 37

Македонска Каменица 486, Активни 45

Демир Капија 476, Активни 29

Пехчево 410, Активни 31

Дојран 204, Активни 14.