Бугарскиот министер за спорт предложи двете влади да одиграат фудбалски натпревар
Меѓу редицата предлози што денеска се слушнале за време на заедничката седница на македонската и бугарската влада во Софија бил и тој тие да одиграат пријателски фудбалски меч. Таков предлог дал бугарскиот министерт за спорт, Радостин Василев. Како што јави бугарската телевизија бТВ Василев го дал тој предлог за време на дебатата на претставниците на двете влади во вилата „Бојана“.
Според Василев (тој е претставник на партијата Има таков народ) важно било двете земји да го разменат своето искуство во однос на спортските школи и спортската инфраструктура. Се разговарало и за заеднички спортски кампови на бугарски и македонски спортисти за поддршка на олимписките тренинзи на спортистите.