Корисниците на интернет банка на Комерцијална банка сами може да ја блокираат и деблокираат картичката


Уште една привилегија плус за корисниците на Интернет банка на Комерцијална банка. Од удобноста на својот дом, од канцеларија или од кое било друго место можат он-лајн да ја блокираат или деблокираат својата картичка. Блокирање на картичка преку оваа апликација ќе може да извршат сите клиенти кои имаат увид во своите сметки преку Интернет банка. […]

Пресуда: Бугарија мора да издаде пасош на дете со две мајки


Европскиот суд на правдата пресуди дека бугарските власти се обврзани да му издадат лична карта или пасош на дете со извод од матична книга во кој е запишано дека е родено од две мајки, кој го издава друга земја-членка и покрај тоа што Бугарија нема издадено извод од матична книга на родените на детето. Овој […]

„Фајненшел тајмс“: Петков дава сигнали за крај на опструкциите за Македонија


„Фајненшел тајмс“ објави дека новиот бугарски премиер Кирил Петков дава сигнали дека Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, ​​откако неговата влада ќе стапи на должност. – Ние сме сто проценти за политиката на НАТО и ЕУ. Ќе предложиме нов пристап за Северна Македонија и тоа треба […]

(Видео) Емотивна кампања на „Фешн Груп“ – потсетува на важноста на малите нешта


Овие празници, малку треба за најубавиот подарок! -Што е најважно во животот…? Овие празници, ја славиме убавината на тоа да се биде заедно со семејството, со најблиските, со сите оние кои на овој или оној начин нѝ го прават животот поубав…Овие празници целосно се насочуваме кон убавината на споделувањето, кон она што значи да се […]

Конгресот едногласно „за“ подигнување обвинение против Медоус


Специјалниот истражен комитет на американскиот Конгрес, кој го истражува смртоносниот напад врз зградата на американскиот Конгрес на Капитол Хил на 6 јануари, едногласно одлучи да го обвини поранешниот шеф на кабинетот на претседателот Доналд Трамп, Марк Медоус, за „непочитување на Конгресот “. Седум демократи и двајца републикански членови на Претставничкиот дом едногласно го одобрија извештајот […]

Иселениците испратиле 541 милиони евра во Албанија, најмногу од 2009 година


Парите што иселениците им ги испраќаат на своите семејства во Албанија (дознаки) во периодот јануари-септември бележат значителен раст, од 71 милион евра, споредено со истот период минатата година, кога биле испратени 470 милиони евра. Според статистиката на Централна банка на Албанија, во тоj период приливите на средства изнесуваат 541 милиони евра, што претставува највисоко ниво […]

ВМРО-ДПМНЕ го нарече Груби функционер со „скромен капацитет“


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на интервјуто  на вицепремиерот Артан Груби во ТВ21 во кое рече дека лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски се согласил да има Албанец премиер последните 100 дена пред следните избори. Од опозициската партија го повикаа Груби да излезе и  да каже дека ДУИ прифатиле предвремени парламентарни избори следната година. -За разлика од […]

Во Словенија потврден првиот случај на Омикрон варијантата на коронавирус


Словенија– Во Словенија е потврден првиот случај на Омикрон варијантата на коронавирус, а трендот на смирување на епидемијата е забавен минатата недела. „Секвенционирањето го откри првото лице заразено со Омикрон, варијанта на вирусот што се шири побрзо и е веќе присутен во многу земји од ЕУ, потврди денеска премиерот Јанез Јанша за време на говорот […]

Заев и Ковачевски ја договараат владата со коалиционите партнери


  Новоизбраниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со премиерот Зоран Заев, денес ќе одржат низа поединечни средби со претставници на коалициските партнери, кои се дел и од парламентарното мнозинство, дознава Фокус. Според високи партиски извори, средбите се со цел новиот партиски лидер и иден премиер Ковачевски да се консултира со партнерите во пресрет на […]

Демократски сојуз поддржува зголемување на минималната плата и пензија


Демократскиот сојуз го поддржува барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и ја охрабрува Владата што побрзо да донесе измени на Законот за минимална плата. -Потсетуваме дека уште во јануари 2016 година, пратеникот и претседател на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов, предложи зголемување на минималната плата на 300 […]

Најголемата фрустрација за Борел оваа година е што нема санкции за Етиопија


Врвниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, во понеделникот (13 декември) ги критикуваше земјите-членки на ЕУ за неуспехот да се договорат за санкциите против лицата осомничени за воени злосторства во граѓанската војна во Етиопија, изразувајќи фрустрација поради неуспехот на Европа да даде ефикасен политички одговор на „големите кршења на човековите права“ таму. Одговорот на ЕУ на […]

Приведена жена од Битола барана по потерница


Полициски службеници од Полициска станица Радовиш вчера во 12.00 часот во Радовиш, ја лишиле од слобода М.Е.(42) од Битола. Од МВР денеска информриаа дека за неа била распишана потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето било спроведено во Казнено – поправна установа „Затвор Идризово“. 

Лоазо: Северна Македонија вложи напори и треба брзо да ги почне преговорите


Не може да се откажеме од земји кои вложиле напори и да им кажеме „имавте проблем со Грција, а сега и со Бугарија“. На Скопје треба да му се даде сигнал и да ги почне преговорите со ЕУ, смета поранешната француска министерка за европски прашања Натали Лоазо. Лоазо, која е од партијата на францускиот претседател […]

Од Ковид-19 почина грчкиот новинар Трагас


Грција– На 72- годишна возраст од Ковид-19 утрово почина познатиот грчки новинар Јоргос Трагас, кој не беше вакциниран и десет дена водеше битка со коронавирусот на одделот за интензивна нега во атинска болница, јави дописничката на МИА од Атина. Со долгогодишна кариера и како новинар и како издавач на весници, со низа емисии на ТВ […]

Ансамблот „Танец“ со традиционален новогодишен концерт и нова кореографија во МНТ


Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт со кој ќе ја заокружи 2021 година. Концертот ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 21 декември. Програмата содржи раскошна музичко-сценска програма во која ќе настапи целиот ансамбл и ќе бидат исполнети познатите сценски постановки и кореографски творби како орото „Копачка“, „Шопска […]

Музичкиот каталог на Џејмс Браун продаден за 90 милиони долари


САД– Музичкиот каталог на легендарниот пејач е продаден на компанијата Primary Wave, објави во понеделникот компанијата за издаваштво и менаџмент, со што го означи најновиот блокбастер договор на растечкиот пазар за стекнување песни. Primary Wave не ги коментираше финансиските детали од договорот или колкав дел од уделот купил, но извор запознаен со договорот вели Primary […]

Ограбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје


 Непознати сторители ноќеска ја ограбиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во моментот полициски службеници вршат увид. Засега нема инфорамација што е украдено. Министерството за внатрешни работи најави дека по извршениот увид ќе бидат соопштени повеќе детали за грабежот. Кражбата е пријавена утрово околу 6.30 часот. 

Шведската амбасада ја прослави Света Луција во Скопје


Шведската амбасада во Скопје, почитувајќи ги сите протоколи за ковид, вчера во Македонската опера и балет ја организираше традиционалната прослава за Света Луција (шведска Нова Година). Ова е еден од најважните и најромантични настани на шведскиот календар поради поворката на млади облечени во бели наметки и црвени појаси, кои носат свеќи и пејат традиционални песни. […]

Шпанската Ла Лига ги продаде ТВ-правата за близу пет милијарди евра


Шпанската фудбалска Ла Лига постигна договор за продажба на своите телевизиски права за емитување на „Movistar“ и „DAZN“ за сума од 4.95 милијарди евра во следните пет години, објави раководството на натпреварувањето. Станува збор за рекорден договор за елитната лига во шпанскиот фудбал. Претходниот тригодишен договор потпишан во 2018 година со „Telefonica“ изнесуваше 2.9 милијарди евра. Правата […]

Наградата „Јасмин“ за Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски


Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски се годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.   Филиповски, кој во изминатите години објави неколку капитални дела за македонската рок музика и новинарот Кежаровски ја добиваат наградата за остварување во областа на публицистиката, а Марку и Николовски во областа на новинарството. Наградата „Јасмин“ не се […]