Конгресот едногласно „за“ подигнување обвинение против Медоус


Специјалниот истражен комитет на американскиот Конгрес, кој го истражува смртоносниот напад врз зградата на американскиот Конгрес на Капитол Хил на 6 јануари, едногласно одлучи да го обвини поранешниот шеф на кабинетот на претседателот Доналд Трамп, Марк Медоус, за „непочитување на Конгресот “.

Седум демократи и двајца републикански членови на Претставничкиот дом едногласно го одобрија извештајот со кој се препорачува кривична тужба против Медоуз.

Претставничкиот дом, во кој мнозинството се демократи, денеска би можел да гласа за резолуцијата.