„Фајненшел тајмс“: Петков дава сигнали за крај на опструкциите за Македонија


„Фајненшел тајмс“ објави дека новиот бугарски премиер Кирил Петков дава сигнали дека Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, ​​откако неговата влада ќе стапи на должност.

– Ние сме сто проценти за политиката на НАТО и ЕУ. Ќе предложиме нов пристап за Северна Македонија и тоа треба да се направи брзо, за краток временски период, не повеќе од шест месеци, изјави Петков во интервју за „Фајненшел тајмс“ дадено пред гласањето во бугарскиот Парламент во понеделникот.

„Фајненшел тајмс“ коментира дека пресвртот доаѓа откако Бугарија стави вето на преговорите за пристапување на нејзиниот сосед во ЕУ минатата година, поради спор околу историјата и идентитетот. Критичарите тогаш го обвинија Бојко Борисов дека прибегнува кон национализам за да го одвлече вниманието од повеќемесечните протести против организираниот криминал и корупцијата во земјата.

Петков, наречен „новиот Бугарин“ од „Фајненшел Тајмс“, дополни дека новата влада ќе постави нова основа за разговори со Северна Македонија.

– Ќе користиме работни групи со цел да се најдат решенија за прашања како што се заедничката економска активност, инфраструктурата, културата и историјата, рече Петков.

Тој повеќепати го презентираше овој план во Бугарија, но планот не гарантира
дека ќе се решат билатералните прашања. Македонија досега одбиваше да се придржува до бугарските барања, а сепак македонските власти не престануваат да
демонстрираат оптимизам дека се очекува пробив во првата половина од следната
година. Петков по разговорот со премиерот Зоран Заев им изјавил на бугарските новинари дека идејата за работни групи треба да се структурира веќе во јануари следната година, а ќе се разговара и за конкретен оперативен план.

„Надградбата е многу јасна, објективна и структурирана, ќе биде вистинска работа, а
не пароли“, рече Петков.

Тој не даде сигнали дека е можно Бугарија да го смени ставот без Македонија
да започне да ги исполнува бугарските барања. „Фајненшл тајмс“, исто така, забележува дека Петков се соочува со предизвик да ја формулира политиката на неговата влада околу спорот за Македонија бидејќи лидерот на ИТН, Слави Трифонов, негува слика вкоренета во романтичниот национализам,кој во Бугарија го вклучува тврдењето дека Северна Македонија е етнички и културно бугарска. Неговата партија номинираше и министер за надворешни работи.

Петков посочи дека ИТН е конструктивен партнер во коалициските преговори, а 
областите за кои се преговарало последните месеци ќе останат на маса.

„На пример, во македонските учебници Бугарија не треба да се нарекува фашистичка“, рече тој тој, алудирајќи на македонските описи на бугарските трупи кои окупирале  или, според Бугарија, ослободувале.

Во моментов се работи на потпишување билатерален протокол со 5 + 1 точки, што треба да помогне да се укине бугарската блокада. Според бугарските барања, мора да има заложба во протоколот македонските Бугари да бидат рамноправно регистрирани
со останатите националности во Уставот на Македонија, да престане фалсификувањето на историската вистина, да се запре прогонот на луѓето кои се идентификуваат како Бугари и слично.

На самитот неделава Бугарија ќе ја претставува претседателот Румен Радев, не од Кирил Петков.