Заев и Ковачевски ја договараат владата со коалиционите партнери


Фото: Б. Грданоски
 

Новоизбраниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со премиерот Зоран Заев, денес ќе одржат низа поединечни средби со претставници на коалициските партнери, кои се дел и од парламентарното мнозинство, дознава Фокус.

Според високи партиски извори, средбите се со цел новиот партиски лидер и иден премиер Ковачевски да се консултира со партнерите во пресрет на изготвување на новата владината програма, како и при кадровското екипирање на министерствата и други институции на централно ниво.

 Ковачевски победи на завчерашните непосредни внатрепартиски избори во СДСМ, по што, како што објавивме, до крајот на неделата се очекува Заев да му ја предаде функцијата, а набргу потоа треба да се случи и примопредавање на премиерската функција.