Ограбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје


Фото: Б. Грданоски

 Непознати сторители ноќеска ја ограбиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Во моментот полициски службеници вршат увид. Засега нема инфорамација што е украдено.

Министерството за внатрешни работи најави дека по извршениот увид ќе бидат соопштени повеќе детали за грабежот.

Кражбата е пријавена утрово околу 6.30 часот.