Сто години од раѓањето на Блаже Конески


На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Блаже […]

Облачно со сончеви периоди, утринските температури ниски


Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 1 до 8 степени. Во Скопје слично време со минимална температура до -2 и максимална до 6 […]

Алтернатива одлучи: Сали на местото на Филипче, Исмаили за потпретседател на Собранието


За нов министер за здравство во идната коалициска влада во која ќе учествува и Алтернатива, ќе биде предложен генералниот секретар на партијата и кандидат за градоначалник на Чаир на последните локални избори, Баким Сали. Хусни Исмаили, пак, ќе биде предложен за потпретседател на Собранието, беше одлучено вечерва на седница на централното претседателство на Алтернатива на […]

Поради одрон, сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци по една коловозна лента


Сообраќајот на патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци се одвива само по една коловозна лента во должина од 150 метри. Причина за изменетиот режим на сообраќај е голем одрон на патот. Од Авто мото сојузот на Македонија вечерва соопштија дека на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и апелираат […]

СЗО: Случаите на Омикрон се удвојуваат за 1,5 до 3 дена


Варијантата Омикрон на корона вирусот е пријавена во 89 земји, а бројот на случаи се удвојува за 1,5 до три дена во областите на пренесување на вирросот во заедницата, објави во саботата Светската здравствена организација (СЗО). Омикрон брзо се шири во земјите со високо ниво на имунитет кај населението, но не е јасно дали тоа […]

„Тесла“ се соочува со тужба од инвеститори поради твитовите на Маск


Компанијата „Тесла“ (Tesla Inc) е тужена поради објавите на социјалните мрежи на извршниот директор Илон Маск, вклучително и неговата анкета на Твитер за продажба на дел од неговиот удел, што ги намали цените на акциите на производителот на електрични автомобили. Инвеститорот во „Тесла“, Дејвид Вагнер, побара пристап до внатрешните документи за да се испита дали […]

Сијарто: ЕУ продолжува да се противи на проширувањето со Западен Балкан


Земјите од западниот и северниот дел на Европската унија продолжуваат да се противат на проширувањето на Унијата со Западен Балкан, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, нарекувајќи ги неодамнешните разговори во Европскиот совет „отрезнувачки“, пренесува МТИ. ЕУ повторно не обезбеди датуми за пристапување на кандидатите од Западен Балкан, а пристапните преговори допрва […]

Баша: Интересите на Бериша ги ставав над интересите на претседателот и демократите, тоа заврши денеска


По завршувањето на Народното собрание на Демократската партија што се одржа во Палатата на конгресите, лидерот Љуљзим Баша рече дека има само едно Собрание и тоа се одржало денеска. Тој уште еднаш кажа дека нема да се повторат грешките од минатото, јави дописничката на МИА од Тирана. – Денеска се одржа Собранието на демократите, ’96 […]

Холандија воведува строго затворање поради омикрон


Холандија воведува божиќно затворање поради загриженоста од омикрон варијанатата на корона вирусот. Сите продавници, освен оние со потребни намирници, како и училиштата, баровите, рестораните и другите јавни простори ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. Премиерот Марк Руте рече дека овие ограничувања се неизбежни. Ова се најстрогите мерки која една земја ги воведе поради […]

НАТО праќа трупи во Бугарија и во Романија?


  Врховниот командант на НАТО во Европа генералот Тод Волтерс предложи НАТО да воспостави воено присуство во Бугарија и во Романија, објави германскиот весник „Шпигел“. Како што наведува, Волтерс тоа го предложил откако Русија, како што се тврди, натрупала војници во близина на границата со Украина, пренесе Ројтерс. „Шпигел“ не го цитира директно Волтерс, туку […]

Во Лондон прогласена вонредна состојба поради преполните болници


Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска објави вонредна состојба за да им помогне на болниците во градот да се справат со зголемениот број пациенти со Ковид-19 поради варијантата Омикрон, која брзо се шири. Како што пренесуваат локалните медиуми, преземањето на овој чекор ќе овозможи поблиска координација меѓу различните владини служби, бидејќи Велика Британија вчера го […]

Приведен криминалец баран за „убиство“


Полицијата попладнево соопшти дека е приведен 21-годишниот Муса Џавид од Батинци, баран за „убиство“. Тој пред месец дена избодел момче во Студеничани. – По преземени опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, лицето е лоцирано и во координирана акција со повеќе тимови од Интервентната полиција буквално направиле опсада на Батинци […]

Еколошкото востание одржа протест пред српската Влада


Организацијата Еколошко востание одржа протести против плановите на Рио Тинто да отвори рудник за литиум во областа Јадар кај Лозница, а најголемиот собир оваа сабота беше пред Владата на Србија, од каде беше порачано доколку до Божик не се избрише проектот „Јадар“ дека следуваат блокади и „општа мобилизација“, јави дописникот на МИА од Белград. Протести […]

Трагедија во Торино – се урна кран и усмрти најмалку тројца (фото, видео)


Најмалку три лица загинаа при уривање на кран во италијанскиот град Торино, јавија локалните медиуми. Crolla gru a Torino, morti tre operai. Feriti tre passantihttps://t.co/csWnB5Gjsa pic.twitter.com/z7jWgFbwt9 — Vivere Italia (@vivereitalia) December 18, 2021 Кранот бил потпрен на шесткатница и оштетил автомобили паркирани во близина. На местото на несреќата брзо пристигнале сите служби за итна помош.  […]

Седум лица починаа од Ковид – 19, најмладиот на 35 години, регистрирани и 301 позитивни


Од направени 3.814 тестирања, регистрирани се 301 новозаразен со Ковид-19 во изминатите 24 часа. Починати се седум лица, а оздравени 192 лица. Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во Скопје се регистрирани 147 нови случаи, во Прилеп – 21, Кавадарци – 14, Ресен – 13, Охрид – 11, […]

Дванаесет пациенти хоспитализирани во ковид- центарот во кичевската Општа болница


Последните неколку дена забележливо е како бројот на новозаболени од Ковид-19 е во пораст и како резултат на зголемениот број инфицирани е и бројот на хоспитализирани во ковид- центарот, кој до пред една недела редовно беше едноцифрен, додека неделава бројот се зголемува и денес се изнесува 12 пациенти. -Деновиве и во нашата општина почна да […]

Белорусија е подготвена да распореди нуклеарно оружје во случај на закана од НАТО


Белорусија е подготвена да распореди нуклеарно оружје во случај на закана од НАТО, изјави денеска белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј, пренесе белоруската новинска агенција Белта. „Она што го рече претседателот Александар Лукашенко е дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на идните акции на […]

Берзата во Истанбул го прекина тргувањето поради новиот пад на лирата


Турската берза го прекина тргувањето откако националната валута во петокот падна под 17 лири за американски долар. Лирата изгуби повеќе од половина од својата вредност во однос на американскиот долар од почетокот на 2021 година. – Од 16.24 часот (време во Истанбул) на пазарот на сите акции на нашата берза привремено се прекинати трансакциите – […]

По 32 години, за 18 месеци треба да заврши изградбата на новата кичевска болница


Новата зграда на кичевската Општа болница, што почна да се гради пред 32 години сè уште не е целосно завршена и како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, овој објект во наредните 18 месеци ќе биде целосно завршен и ќе им биде ставен на располагање на жителите од општините Кичево, Македонски Брод и Пласница. […]

Нема потврден случај на омикрон во земјава, доминантен се уште е делта сојот


Иако во државите низ светот забрзано се шири омикрон сојот на коронавирусот, кај нас засега не е регистриран ниту еден случај. Се уште доминантен останува делта сојот, како кај нас, така и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата. Новиот сој омикрон вчера за […]