Холандија воведува строго затворање поради омикрон


Холандија воведува божиќно затворање поради загриженоста од омикрон варијанатата на корона вирусот.

Сите продавници, освен оние со потребни намирници, како и училиштата, баровите, рестораните и другите јавни простори ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. Премиерот Марк Руте рече дека овие ограничувања се неизбежни.

Ова се најстрогите мерки која една земја ги воведе поради омикрон.

И другите земји ширум Евроа ги заоструваат мерките поради брзото ширење на омикрон. Новите правила во Холандија, кои стапуваат на сила утре, објавени се по состанокот на владата и здравствените стручњаци.

Холандскиот национален институт за јавно здравство извести дека повеќе од 2,9 милиони биле заразени од почетокот на пандемијата и има повеќе од 20.000 починати.