СБ на ОН усвои резолуција за помош на Авганистан


САД– Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои резолуција предложена од САД за олеснување на хуманитарната помош за Авганистан за една година, со надеж дека талибанците нема да ги искористат средствата за себе. Резолуцијата овластува исплата на средства за обезбедување на потребните добра и услуги со цел да се одговори на основните хуманитарни потреби […]

Џинобили номиниран за член на Куќата на славни


САД– Аргентинскиот кошаркар Ману Џинобили (44) е меѓу номинираните играчи за влез во кошаркарската Куќа на славните во 2022 година. Џинобили настапуваше за Сан Антонио од 2002 до 2018 година и со „Спарси“ освои четири НБА титули (2003, 2005, 2007, 2014). Исто така, беше клучен играч во аргентинската репрезентација, која на Игрите 2004 во Атина го освои олимпиското злато. […]

Украина се жалела на ЕУ поради злоупотреба на Гаспром


Украина – Украина денеска објави дека се пожалила до Европската комисија против Гаспром, обвинувајќи ја руската гасна компанија за создавање „вештачки недостиг на гас“ во Европа, што доведе до историски скок на цените. – Постапките на Гаспром се антиконкурентни и предизвикаа значителни негативни последици за европските потрошувачи, рече во соопштението Јуриј Витренко, генерален директор на украинската јавна компанија „Нафтогас“. Според […]

АстраЗенека развива вакцина која ќе нуди заштита од новата омикрон варијанта


Англија— Британско-шведскиот производител на лекови АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд соопштија дека развиваат нова верзија на нејзината вакцина со две дози која ќе обезбеди заштита конкретно од новата омикрон варијанта на коронавирусот. Вакцината е базирана на аденовирус, која, според клиниката Мајо, е изменета така што не може да се интегрира во ДНК-то на една личност и […]

Владата во оставка – Силјановска бара пратенички прашања


Пратеничката Гордана Силјановска укажа на тоа дека утре, по констатирање на оставката на премиерот Зоран Заев во Собранието, нема зошто да не се одржи седница за пратенички прашања, како што претходно најави спикерот Талат Џафери. – Во членот 93 во ставот 5 јасно стои дека Владата на која е изгласана недоверба или која поднела оставка […]

„Сајберкултура“ – уметнички мозаик на средношколци за влијание на социјалните медиуми


По повод Меѓународниот ден на лица со попреченост, ученици од осум скопски гимназии креираа уметнички инклузивен мозаик на тема за социјална инклузија „Сајберкултура“. Целта на проектот е да се увиде како сајбер културата или социјалните медиуми влијаат врз младите и начинот на кој што тие размислуваат. Изложбата е отворена во националната галерија „Мала станица“, а […]

ЈО сега предлага притвор за Мијалков за случајот „Плацовите на Водно“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека до Основниот кривичен суд – Скопје поднело предлог за определување на мерка притвор за Сашо Мијалков, по обвинение за „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот познат во јавноста како „Плацовите на Водно“. – По денешната одлука на Апелацискиот суд […]

Мицкоски го нападна Петков: Овој харвардовец не е храбар


  Ако ја анализираме оваа последна изјава на Кирил Петков за „Политико“, доаѓам до заклучок дека станува збор за политичар кој не е храбар. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако неговата политичка кариера е пред интересот да има добрососедски односи со неговиот западен сосед кој што многу одамна требаше да ги започне преговорите со […]

Има ли превозници со валидни документи во Македонија?


Денеска на граничниот премин Табановце, при излез од државата, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово. Притоа, едниот возач В.Д.(39) од Тетово приложил фалсификувано лекарско уверение, а другиот возач Ш.О.(49) од Гостивар не поседувал лекарско уверение. За настанот бил известен јавен обвинител и по […]

Грција по празниците ќе воведе рестриктивни мерки


Јасна е позицијата на Владата дека по празниците ќе постои рамка на рестриктивни мерки, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, говорејќи во грчкиот Парламент и објасни дека во тек е состанокот на надлежната комисија на епидемиолози и се очекуваат нивните препораки, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис додаде дека по препораките, Владата […]

Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за поскапените градежни материјали, бараат градежниците


Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто при увоз на градежни материјали за кои ќе докажат дека се поскапени и доследно спроведување на Законот за облигациони односи во членот 656 за материјали чие поскапување битно влијае на компаниите или на граѓаните, побараа од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската […]

Мадагаскар: Министер пливал 12 часа до брегот по пад на хеликоптер


  Министер на Мадагаскар е еден од двајцата преживеани кои пливаа околу 12 часа до брегот откако нивниот хеликоптер се урнал кај североисточниот брег на островот, соопштија властите. Продолжува потрагата по двајца други патници по несреќата во понеделникот, чија причина не е веднаш јасна, соопштија полицијата и пристанишните власти. Серж Гел, државниот секретар за полиција […]

Скандал во Албанија: Објавени лични податоци и износи на плати на 637.138 граѓани


 По објавувањето на личните податоци на албанските граѓани со право на глас пред априлските парламентари избори, денеска медиумите информираат за „нов скандал, кој е спротивен на Законот за заштита на личните податоци“. Албанскиот претседател Илир Мета напиша на Фејсбук дека објавувањето на платите на Албанците е направено со флагрантно кршење на слободите, човековите права и […]

Заев ја испрати оставката во Собранието


  Премиерот Зоран Заев денеска попладне ја испрати оставката до Собранието, како и што се очекуваше. Во неа тој наведува дека одлуката е логичен чекор по исходот на локалните избори и израз на преземената одговорност за изборните резултати. „Резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој се наоѓа земјата имаа и […]

За СДСМ скандалозна е одлуката да се прекине притворот на Мијалков


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, ја нарече скандалозна одлуката на Апелацискиот  суд  да се укине мерката притвор за Сашо Мијалков.    -Денеска целата македонска јавност е сведок на силен удар врз правдата од страна на судиите во Апелацискиот суд во Скопје.Скандалозна е одлуката на судот да ја прифатил гаранцијата со што на лицето Сашо Мијалков […]

Градежниците се надеваат дека ќе можат да работат и во неделите


Се надевам дека ќе се примени исклучокот во Законот за недела неработен ден со кој министерот може да даде препорака дека градежништвото може да работи и во недела, порача денеска Андреја Серафимовски, претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија. -Градежништвото е изоставено од законското решение […]

Бочварски не открива дали ќе биде дел од новата влада, вели мандатарот ќе одлучи


Не е мое да дискутирам кој би бил одговорен на кој ресор во идниот период. Тоа е прашање кое ќе го одговори идниот мандатар што ќе го добие мандатот да составува влада. Сметам дека сега е време да работиме, а не да лицитираме со имиња, посочи денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. -Сметам […]

Вишото јавно обвинителство било против укинување на притворот на Мијалков


Вишото јавно обвинителство Скопје дало негативно мислење за жалбата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, против одлуката за притвор и понудената гаранција односно барало тој да остане во притвор. Сепак, советот во скопска Апелација одлучи жалбата да се прифати и го преиначи решението за притвор. Притоа, прифати гаранција од 11 106 501 евро дека нема да избега […]

Бочварски: Реализацијата на капиталните инвестиции во делот на транспорт и врски ќе биде околу 91 процент


Реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот транспорт и врски очекувам да биде над 90 проценти, односно околу 91 процент, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. -Согласно анализите кои ги правиме и она што треба да го исплатиме до крајот на тековнава година очекувам капиталните инвестиции да бидат околу 91 процент. Наредната 2022 […]

Одобрена употребата на турската вакцина против Ковид-19


Турската вакцина против Ковид-19, Турковак, е одобрена од турските власти за итна употреба и ќе почне да се користи од следниот викенд, изјави денеска министерот за здравство Фахретин Коџа. Турција почна да ја развива вакцината Турковак оваа година, но нејзиното пуштање во употреба беше одложeно неколку пати. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција ќе […]