Мадагаскар: Министер пливал 12 часа до брегот по пад на хеликоптер

Серж Геле е еден од двајцата преживеани кои испливале маратон откако се исфрлиле од хеликоптерот што паѓал


Серж Геле во лежалка окако стигна до брегот пливајќи во неговата униформа

 

Министер на Мадагаскар е еден од двајцата преживеани кои пливаа околу 12 часа до брегот откако нивниот хеликоптер се урнал кај североисточниот брег на островот, соопштија властите.

Продолжува потрагата по двајца други патници по несреќата во понеделникот, чија причина не е веднаш јасна, соопштија полицијата и пристанишните власти.

Серж Гел, државниот секретар за полиција на земјата, и неговиот колега полицаец, во вторникот наутро посебно стигнале на копното во приморскиот град Махамбо, очигледно откако се исфрлиле од авионот, изјави началникот на пристаништето, Жан-Едмонд Рандријанантенаина.

Во видеото споделено на социјалните мрежи, 57-годишниот Геле се појавува како лежи исцрпен на лежалка, сè уште во својата маскирна униформа.

„Моето време да умрам сè уште не е дојдено“, вели генералот, додавајќи дека му е ладно, но не е повреден.

Хеликоптерот го превезуваше него и другите за да го прегледаат местото на бродоломот во близина на североисточниот брег во понеделник наутро.

Најмалку 39 луѓе загинаа во таа катастрофа, изјави во вторникот началникот на полицијата Зафисамбатра Равоави, што е зголемување од претходниот биланс откако спасувачките екипи извлекоа уште 18 тела.

Равоави претходно изјави за АФП дека Геле користел едно од седиштата на хеликоптерот како уред за флотација.

„Тој отсекогаш имал голема издржливост во спортот и го одржувал овој ритам како министер, исто како 30-годишник“, рече тој.

„Тој има челични нерви“. (АФП)