Во Кина пронајден редок фосил на диносаурус склупчен во јајце


Во Кина пронајден е фосил на диносаурус стар 70 милиони години. Специфичен е по тоа што е склупчен во јајце. Откритието на фосил диносаурус склупчен во јајце може да помогне во сфаќањето на поврзаноста меѓу диносаурусите и птиците. „Коските на бебето диносаурус се многу мали и кревки, а такво нешто ретко се фосилизира – ова […]

Опозицијата се сомнева дека пожарот во ЈП „Улици и патишта“ е подметнат


ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека синоќешниот пожар во бараките на јавното комунално претпријатие Улици и патишта – Скопје е намерно подметнат. „Утринава се случи четврт пожар во државна институција. Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, Министерството за правда. Во сите четири институции запалени […]

Почна сезонското намалување во „Фешн груп“: Сите шик модели до -50%!


Покрај тоа што месец декември е омилен поради најубавата празнична атмосфера, постои уште една причина поради која многумина го обожуваат – сезонските намалувања! Токму од денеска, истите започнаа во сите продавници на секогаш омилените Fashion Group, но и онлајн https://bit.ly/3mqdwya за сите оние кои уживаат во домашни услови во супер искуството наречено шопинг! Почнувајќи од […]

Данела Арсовска избрана за претседател на ЗЕЛС


Градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска е нов претседател на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). За потпретседатели се избрани градоначалниците на Чаир и на Валандово, Висар Ганиу и Перо Костадинов.   -Управниот одбор денеска едногласно ми ја даде својата доверба во следниот четиригодишен мандат да го водам ЗЕЛС како негов претседател. […]

Нови 320 заразени со корона вирус, вкупно 15 починати


Во последните 24 часа регистрирани се 320 нови случаи на Ковид-19, од направени 3.366 тестирања. Во истиот временски период регистрирани се и осум починати лица, но и 214 оздравени пациенти.   -Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на Ковид-19. Од […]

Нови 42,2 милиони евра од Развојната банка – поддршка за 132 проекти на мали и средни компании


Развојната банка денес ја повлече втората транша во износ од 42,2 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка. Со оваа транша, е предвидена поддршка на 132 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 373 лица. Од траншата, најголем дел на средствата се […]

Маричиќ: Одлуката да се пушти Мијалков од притвор ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите


Одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите, напиша на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ.   Потсетувам, пишува министерот за правда, дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска […]

Минималната плата од 18.000 денари има за цел подигање на работничките права, велат од Владата


Aнгажманите на Владата се минималната плата да биде 18.000 денари што има за цел подигање, проширување на работничките права, истакна денеска портпаролот на Владата Мухамед Хоџа на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Сојузот на стопански комори дека мерката е популистичка и дека ќе влијае на дестабилзиација на пазарот на труд. – Оваа […]

Петков застана против министерот за одбрана околу војските на НАТО


  Само десетина дена по стапувањето на должност на новата влада во Бугарија се појавија првите пукнатини во нејзините редови. Меѓу премиерот Кирил Петков и министерот за одбрана, Стефан Јанев. Откако вчера Јанев на својот Фејсбук профил објави дека нема потреба од разместување на војки на НАТО во Бугарија, премиерот Петков денеска соопшти дека тој […]

Аваз: Додик првоосомничен за уривање на БиХ


Обвинителството на Босна и Херцеговина води истрага против 13 лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело напад врз уставниот поредок на БиХ, а првоосомничен за уривањето на државата е лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Босанскиот весник Аваз повикувајќи се на неименувани извори […]

Осум нови даватели годинава на поштенскиот пазар, најавени измени на Правилникот за нотификација


Осум нови даватели на поштенски услуги почнале со работа на поштенскиот пазар во државава од почетокот на годинава, а пет го изгубиле статусот.  Заради променетите навики на граѓаните и фирмите, а особено со растот на е-трговијата, од Агенцијата за пошти очекуваат трендот на интерес за лиценцирање да ја одржи нагорната линија во текот на следната […]

Србија купи удел од Северна Македонија над зградата на Амбасадата во Берн


Српскиот амбасадор во Швајцарија Горан Брадиќ, по овластување и наредба на министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, потпиша купопродажен договор со амбасадорот на Северна Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани, за купување на косопственичкиот удел на Северна Македонија над зградата на Амбасадата на поранешна СФРЈ во Берн, јави дописникот на МИА од Белград. Во следните 30 […]

Рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во Полска


  Полска регистрира 775 смртни случаи од корона вирус. Ове а нависок број починати во еден ден во четвртиот бран од пандемијата во оваа европска држава, покажаа податоците од министерството за здравство на таа земја. Како што пренесеува Ројтерс, Полска се соочува со упорно високи дневни бројки на случаи во четвриот бран кој ги принуди […]

Мијалков излегува од притвор, Маричиќ остро против


  Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата вредна 11.106.501 евра (во движен и недвижен имот), па поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалов, излегува од притвор, јави „360 степени“. Била прифатена жалбата на Мијалков и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелацискиот суд сега му одредил на Мијалков мерка на претпазливост, односно […]

„Плацови на Водно”: Вештакот Костов не може фирмата да ја поврзе со Никола Груевски


 Со изведување материјални докази од одбраната – стручен наод и мислење од вешто лице Кире Костов, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно”. Предмет на анализа била документацијата прибавена од Јавното обвинителство по пат на меѓународна правна помош – договори за трансфер на сопственост и банкарски сметки и […]

Војската на САД пред револуционерно откритие: развиле вакцина против сите варијанти на короната


Во следните неколку недели, научниците од Институтот за истражување „Волтер Рид“ очекуваат да објават дека развиле вакцина која е ефикасна против коронавирусот и сите негови варијанти, вклучително и омикрон, но и против претходните вируси САРС кои убиле милиони ширум светот. Достигнувањето на научниците е резултат на речиси двегодишна работа. Воената лабораторија ја доби првата ДНК […]

Филипче не го познава но сака да му го пренесе искуството на Сали


Министерот за здравство Венко Филипче кој од декември 2017 година е на чело на здравството, а според новиот коалициски партнер СДСМ треба да биде заменет со Беким Сали од Алтернатива, рече дека не го познава лично но и дека сака да се сретне со него да му го пренесе искуството. Филипче денеска при посетата на […]

ССК се противи на „вештачко“ зголемување на минималната плата


Зголемувањето на минималната плата како резултат на политички популизам, а не на функционални пазарни механизми, на зголемена продуктивност на работната сила и зголемена економска активност, ќе доведе до намалување на работните места, раст на цените на производите и раст на сивата економија, порачуваат од Сојузот на стопански комори (ССК). Алармираат дека ваквата одлука ќе ги […]

Планета Ѕвездалија – тридневна новогодишна креативна бајка во Паркот на Франкофонијата


Неколку дена пред почетокот на новата година, Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се претвори во Планета Ѕвездалија – место полно со креативност, магија, забава и детски насмевки. На Планета Ѕвездалија ќе се раскажат најубавите приказни за другарството, прифаќањето, инклузијата и здравата животна средина и ќе се изработат најоригиналните новогодишни честитки, лампиони, писма до Дедо […]

Доаѓањето и останувањето на власт не може да биде единствена кауза


На крајот од годишното обраќање претседателот Стево Пендаровски го прокоментира повлекувањето од политиката на досегашниот премиер Зоран Заев, со кого, како што рече, во изминативе десет години „заедно биевме битки во широкото граѓанско движење за човекови слободи и права“. – Независно од индивидуалните ставови на граѓаните за политиките на премиерот во заминување, на јавноста ѝ […]