Во Кина пронајден редок фосил на диносаурус склупчен во јајце


Во Кина пронајден е фосил на диносаурус стар 70 милиони години. Специфичен е по тоа што е склупчен во јајце.

Откритието на фосил диносаурус склупчен во јајце може да помогне во сфаќањето на поврзаноста меѓу диносаурусите и птиците.

„Коските на бебето диносаурус се многу мали и кревки, а такво нешто ретко се фосилизира – ова навистина е ретко. Тоа е неверојатен примерок. Работам на ова веќе 25 години и уште не сум видела нешто слично“, вели дарла Зеленицки, вонредна професорка на Одделот за геонаука на Универзитетот во Калгари.

Додава дека малку се знае за тоа што се случувало во јајцата на диносаурусите пред да се излегнат, токму затоа што постојат малку ембрионални костури, особено оние кои се потполно сочувани.

Јајцето е долго околу1 7 см, а должибната на диносаурусот кој бил склупчен во јајцето е проценета на 27 см. Научниците мислат дека неговата големина како возрасен диносаурус би била 2 до 3 метри.

Научници од Кина, Обединетото Кралство и Канада ја проучувале положбата на бебето Јинглианг, како пшто е наречен фосилот, и други претходно пронајдени ембриони на овираптори. Заклучиле дека диносаурусите се движеле и менувале пози пред да се излегнат на начин на кој тоа го прават пилињата.