Во Собранието закажани шест пленарни седници


Во Собранието за денеска е закажана седница за пратенички прашања, како и продолжение на уште пет други собраниски заседанија. За во 11 часот во Големата сала е закажана 55-та собраниска седница, на чиј дневен ред е само точката за Поставување на пратенички прашања. Според најавите, пред оваа седница се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери […]

Таблетата на Фајзер е прво одобрено лекарство против Ковид-19


САД–  Американската агенција за лекови (ФДА) го одобри итна употреба против Ковид-19 првото лекарство што е важна фаза во борбата против пандемијата, и може да им овозможи на милиони пациенти да добијат третман. „Ова одобрување обезбедува ново средство за борба против Ковид-19 во важен момент за пандемијата, кога се појавуваат нови соеви“, наведе Патриша Кавазони, […]

Промоција на романот „Анатомија на бумбарот” од Стефан Марковски


Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовиран романот „Анатомија на бумбарот” од Стефан Марковски. Романот беше објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон” каде, како што соопшти авторот, годинава достигна и рекордно прво место во категоријата Источноевропска литература за Киндл-изданијата. […]

Виртуелна промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“


Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денеска ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ – зборник од преводите на учесниците од напреднато ниво на познавање на македонскиот јазик на Првата зимска школа и на 54. Летна школа. МСМЈЛК при УКИМ ја отвори […]

Изложба „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ во Музеј на Македонија


„Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ е насловена изложбата која од 19 часот ќе биде отворена во Музејот на Северна Македонија во организација на Здружението за поддршка и промоција на културата „Континео 2020“ – Скопје. Изложбата е резултат на истоимениот едногодишен проект од областа на културата и архитектурата кој Здружението „Континео 2020“ го спроведе […]

Британски студии: Заразените со Омикрон поретко хоспитализирани


Англија– Две студии во Велика Британија покажуваат дека инфекциите со варијантата на коронавирусот Омикрон имаат помала веројатност да „испратат“ лице во болница отколку со варијантата Делта. Тие прелиминарни студии – едната во Шкотска, другата во Англија – беа поздравени од експерти, кои сепак предупредија дека поголемата зараза на тој сој на крајот може да доведе […]

Над 100 милиони случаи на заразени со Ковид-19 на американскиот континент од почетокот на пандемијата


САД– Бројот на случаи на заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 100 милиони во Северна и Јужна Америка, соопшти Панамериканската здравствена организација. Повеќе од половина од случаите се пријавени во САД (51 милион), а 22 милиона се откриени во Бразил. „Државите мора да ги задржат мерките за јавно здравје за да го ограничат преносот […]

Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, се затвораат дел од ковид-центрите


Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, а дел од ковид центрите се затвораат и целата интерна клиника се враќа во нормала, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче. Според него, сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа, што, како што рече, такви собири на јавни места има насекаде и пред Нова година. Практично, […]

Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево со мала локална облачност


Времето утре изутрина ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 9 степени. Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. Утре и за време на […]

Европската комисија предложи закон за минимален данок за сите компании


Европската комисија денеска предложи закон со кој ќе се овозможи имплементација на глобалниот договор за минималната стапка на корпоративниот данок во Европа, што го постигна Групата 20 најголеми светски економии (Г20). Предлогот на Комисијата вклучува збир правила за тоа како да се пресмета глобално договорената ефективна даночна стапка од 15 отсто, за таа доследно да […]

ЕУ и Велика Британија се договорија за квоти за улов во заедничките рибни фондови во 2022 година


ЕУ и Велика Британија се договорија како во наредната година ќе ги поделат рибните фондови со кои заеднички управуваат на одредени морски локации. По два месеци тешки преговори, Лондон и Брисел денеска објавија дека постигнале договор за 2022 година за вкупниот дозволен улов од рибниот фонд што го делат во Атлантскиот Океан и Северното Море. […]

Во Русија е регистриран МИР-19, нов лек против Ковид-19


 Министерството за здравство на Русија регистрираше нов лек против Ковид-19, МИР-19, кој го изработи Медицинско-биолошката агенција, соопштија денеска претставници на институцијата. – На 22 декември 2021 година, руското Министерство за здравство го регистрираше лекот МИР-19 против инфекција со коронавирус, се вели во соопштението на агенцијата.

Се запали автомобил во движење на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот беше во прекин еден час


 Автомобил во движење се запалил на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, поради што сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин еден час При инцидентот нема жртви. Портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова за МИА информира дека автомобилот се запалил во 19:16 часот, поради што сообраќајот на овој пат беше во […]

Њујорк ќе забрани употреба на гас во новите згради


  Властите во Њујорк планираат да забранат користење на гас во новите згради. Место овој енергент за греење ќе мора да се користи исклучиво струја. Се очекува на овој начин до 2040 година да биде намалена емисијата на јаглерод диоксид за 2,1 милиони тони. Тоа е еднакво на количината емисии од 450.000 автомобили. Одлуката ќе […]

Бугарија: Теодора Генчовска го наполнила кабинетот со агенти на тајната служба


  Новата владина коалиција во Бугарија е под силен стрес не само поради изјавата на министерот за одбрана околу отфрлањето на идејата за војски на НАТО во државата, туку и поради екипата што министерката за надворешни работи ја прими да службува со неа. Теодора Генчовска избра повеќе поранешни агенти на тајната служба да бидат дел […]

Вархеи и Додик се договориле за трансферот на безбедносните надлежности


  Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи и лидерот на босанските Срби, Милорад Додик „се договориле“ за датумот на специјалната седница на Народното собрание на Република Српска, како и за динамиката на „стапување во сила“ на заклучоците. поврзани со трансферот на надлежностите во областа на безбедноста и одбраната, индиректните даноци и правдата. Босанскиот медиум […]

Македонските ракометари ги почнаа подготовките за јануарското Европско првенство


Под водство на селекторот и капитен Кирил Лазаров, македонската машка ракометна репрезентација денеска во Скопје стартуваше со завршните подготовки за настап на Европското првенство, чиј домаќин во јануари ќе биде Унгарија, а „црвено – жолтите“ своите натпревари во групната фаза против Словенија, Црна Гора и Данска ќе ги играат во Дебрецин. – Секогаш велиме немаме […]

Експресно одлучено Мијалков да остане во притвор


Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организирал криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го […]

СЗО: Ни една земја нема да излезе од пандемијата поради бустер доза


  Доректорот на Светската здравствена огранизација СЗО денеска предупреди дека не треба да се се прават илузии оти вакцинирањето со бустер доза вакцина ќе биде доволно за светот да се ослободи од корона пандемијата. „Ни една земја нема да може да излезе од пандемијата со помош на довакцинирање и тоа не е „зелено светло“ за […]

Сообраќајот прекинат кај Мокрински Извори, по една коловозна лента кај Миладиновци поради одрон


Поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот на 10 километри пред Миладиновци е пренасочен само на една коловозна лента, во должина од 150 метри, соопшти вечерва АМСМ. Автомотосојузот информира дека на самото место на одронот, на патниот правец А2, Свети Николе – Миладиновци, е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и препорачува учесниците во сообраќајот да возат внимателно. […]