Њујорк ќе забрани употреба на гас во новите згради


 

Властите во Њујорк планираат да забранат користење на гас во новите згради. Место овој енергент за греење ќе мора да се користи исклучиво струја.

Се очекува на овој начин до 2040 година да биде намалена емисијата на јаглерод диоксид за 2,1 милиони тони. Тоа е еднакво на количината емисии од 450.000 автомобили.

Одлуката ќе се применува од 2024 година во градбите кои имаат помалку од осум ката. Во оние кои имаат повеќе од оусм ката ќе се применува од 2027 година. Од ова правило ќе бидат изземени болниците, перилниците за гардетоба и рестораните.

Во зградите во Њујорк настанува 70 отсто од вкупната количина емисии стакленички гасови. Повеќето струја во овој американски град се произведува од гас. Од нуклеарна енергија и хидроелектрани се произведуваат 40 отсто струја.

Надлежните тврдат дека до 2030 година 70 отсто од струјата ќе настанува од обновливи извори на енергија и дека нулта стапка на емисии ќе биде постигната по 2040 година, укажаа на Светскиот економски форум (WEF).