Спасовски не сака да коментира дали ќе биде дел од новата Влада


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција не сакаше да коментира дали ќе биде дел од составот на новата Влада. – Ништо нема да коментирам, а за сите идни случувања во овој дел ќе донесам дополнителна одлука, изјави министерот. Собранието денеска ја констатираше оставката на Зоран Заев на премиерската функција, што повлекува и […]

(Видео) Прес-конференција на министрите Бочварски и Нуредини за легализацијата


Министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска на прес-конференција (12.00) ќе го претстават Предлог-законот за регулирање на статусот на бесправно изградени објекти. Со предлог законот се предвидува можност за легализација на дивоградби изградени пред 1 јануари 2021 година. Усвоен е од Владата и е доставен […]

Во Хрватска секојдневно повеќе од 50 починати поради Ковид-19


Во последното деноноќие во Хрватска регистрирани се 3.831 нов случај со корона вирус, а бројот активни изнесува 22.416, објави Кризниот штаб. Меѓу нив, 1.981 пациент се лекува во болница, а 266 се на респиратор. Починаа уште 53 пациенти заболени со корона вирус. Од почетокот на пандемијата досега во хрватска забележани се 686.590 заразени, од кои […]

Ирина Тошева и Никола Ефтимов раскажуваат „модни приказни“


Во услови на недостаток на стручна литература по моден дизајн на македонски јазик ниту понов медиум кој би информирал, едуцирал и би ја доближил модата до сите, модните дизајнери и едукатори Ирина Тошева и Никола Ефтимов, го започнаа проектот „Модни приказни“.   Едукативните авторски текстови и кратките фасцинантни модни факти се интерпретирани од тимот на […]

Македонска литературна вечер во Москва


Во Москва вчера се одржа македонска литературна вечер на која руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина ги продолжи активностите од  проектот „Читај ја Македонија!”. Со цел да ја популаризира македонската литература во Русија, Панкина одржа литературна средба во Центарот за словенски култури при Серуската државна библитека за странска литература и онлајн, согласно […]

Луфтханза откажува летови за време на божиќните празници поради голем број заболени пилоти


Германија – Германскиот авиопревозник Луфтханза мораше да откаже неколку интерконтинетални лекови за време на божиќните празници бидејќи голем број пилоти заболени од Ковид-19. – Тоа посебно влијаеше на летовите кон Бостон, Хјустон и Вашингтон во периодот од 23 до 26 декември, изјави портпаролот на Луфтханза, додавајќи оти летовите можат повторно да бидат резервирани. Тој истакна дека […]

Собранието ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев и на Владата


Собранието на Република Северна Македонија денеска на седницата за пратенички прашања ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Оставката беше констатирана без премиерот Заев усно да ја образложи. Оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада. Оставката на премерската функција Заев ја поднесе вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во доставената оставка Заев […]

„Сертификат за кафе“ – изложба на Башким Меџити во Куманово


Самостојна изложба на ликовниот уметник Башким Меџити, насловена „Сертификат за кафе“, ќе биде отворена вечер во 19 часот во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Организатор и координатор на проектот е Националната галерија. Изложбата била презентирана во Националната галерија, каде што Меџити се претстави по 13 години, со триесетина дела – слики во техника акрил на платно […]

Од утре нови мерки во Грција: Силна препорака посетителите да се тестираат два пати по пристигнувањето


Грција– Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што од утре […]

Деминирање на зборовите


Промените низ кои помина македонското општество во изминатите триесетина години имаат свој одраз и во јазикот. Во говорниот и пишаниот јазик беа внесени многу нови зборови, а многу постоечки зборови беа или редефинирани или пак се промени зачестеноста на нивното користење. Исто така, на една страна, останаа многу зборови за кои веќе немаме стварност – […]

Белгија ќе ги затвори сите седум свои нуклеарни реактори до 2025 година


Белгија– Белгија ќе ги затвори сите седум свои нуклеарни реактори до 2025 година, но нема да ја затвори вратата за нуклеарна технологија од новата генерација, според договорот постигнат од страна на коалициската влада, јавија локалните медиуми. Во преговорите што се одржале речиси цела ноќ,  е вклучен договор за „инвестиции од околу 100 милиони евра за мали […]

Британија: Наскоро четврта доза вакцина против Ковид-19, четири месеци по третата


Велика Британија разгледува предлог да даде четврта доза од вакцина против Ковид-19, која би можела да се прими четири месеци по третата засилувачка доза, со цел да се запре ширењето на сојот омикрон. Германија и Израел веќе ја разгледуваат таа опција. Давањето на вториот сет засилувачки дози го разгледуваат британските експерти од Мешовитиот комитет за […]

Џафери: Штом владата е во оставка, нема ни пратенички прашања


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги отфрли тврдењата на опозиџцијата дека без оглед на заминувањето на Зоран Заев од премиерската функција и владата во оставка, пратенички прашања треба да има. Според него, нецелисходно е да има пратенички прашања кога владата е во оставка. Џафери на брифинг со медиумите денеска најави дека на почетокот на денешната […]

Почна снимањето на краткиот филм „Сценариото“ во режија на Александра Кардалевска


„Сценариото“ е насловен краткометражниот игран филм кој почна да се снима денеска по сценарио и режија на Александра Кардалевска, во продукција на Лајт продакшн во соработка со Круг филм од Скопје, Алка филмс, Кубе студиос од Албанија и Иконе студио од Косово. -„Сценариото” раскажува фантастична приказна за неколку познати ликови од литературата кои излегле од […]

Новинарите на годишниот прес на Путин ќе бидат дезинфицирани со сребрени честички


Новинарите кои денеска ќе присуствуваат на годишната прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат испрскани со сребрени честички на влезот за дезинфекција. – Подготвувајќи се за конференцијата за новинари нашите експерти посебно внимание посветија на санитарните барања, наведе портпаролката на одделението за претседателски имот Елена Крилова. Путин денеска ќе ја одржи традиционалната годишна прес-конференција. […]

(Видео) Има 453 пирсинга, а еве што најмногу го болело!


Ролф Бухолц го држи светскиот рекорд по бројот на модификации што ги направил на своето тело, погледнете како изгледа! Ролф Бухолц (61) од Германија е светски рекордер по бројот на модификации кои ги направил на своето тело. За него тетоважите и пирсингот се начинот на кој го изразува својот идентитет, тоа е неговиот начин на […]

Гостиварец обвинет за силување


Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 31-годишен гостиварец за кривично дело – силување. Обвинетиот на 27 јули со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години. Оштетената, инаку невенчана сопруга на братучед на обвинетиот,  за цело време давала отпор и се обидувала […]

ТОП 10 компании што исплаќаат највисоки плати во Струмица


Во време на глобални надолни поместувања во скоро секое поле од националните економии и предизвиците со кои сè уште се соочува реалниот сектор, од круцијално значење беше да се има здрава компаниска основа, како и делување во сектори кои може да бидат катализатори на иден глобален раст. Во Струмица изгледа на време неколку компании ги […]

Бугарија: Пензионерите ќе добијат по 40 евра ако се вакцинираат


  И Бугарија прибегна кон мерката за финансиски стимули за вакцинирање откако бројките на имунизираните никако да се зголемат. Премиерот Кирил Петков денеска изјави дека владата ќе додели додаток од 75 лева (околу 40 евра) на пензиите на сите вакцинирани лица над 65 години. Износот ќе се дава без оглед која доза е примена, но […]

Месечен финансиски хороскоп за јануари 2022 година


Истовремениот престој во ретро фазата на Меркур и Венера во втората половина на јануари 2022 година ќе влијае на сите хороскопски знаци. Тоа ќе резултира со намалување на деловните активности во сите области, ќе го намали обемот на купување и продажба и ќе го забави прометот на пари. Ова е добро време за штедење или […]