Гостиварец обвинет за силување


Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 31-годишен гостиварец за кривично дело – силување.

Обвинетиот на 27 јули со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години. Оштетената, инаку невенчана сопруга на братучед на обвинетиот,  за цело време давала отпор и се обидувала да побегне, но тој со удари со бокс и влечење за коса ја принудил на полови дејствија, соопшти ЈО.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​