(Видео) Има 453 пирсинга, а еве што најмногу го болело!


Ролф Бухолц го држи светскиот рекорд по бројот на модификации што ги направил на своето тело, погледнете како изгледа!

Ролф Бухолц (61) од Германија е светски рекордер по бројот на модификации кои ги направил на своето тело. За него тетоважите и пирсингот се начинот на кој го изразува својот идентитет, тоа е неговиот начин на живот, а со текот на времето со 516 модификации на телото стана Гинисов светски рекордер.

Овој Германец не секогаш се истакнувал на овој начин со својот изглед. Згора на тоа, првата тетоважа ја направи дури кога наполни 40 години, а потоа набрзо стана „зависник“ од украсувањето на телото, па продолжи да нижи тетоважи и пирсинг.

Нешто повеќе од 20 години откако ја направи својата прва тетоважа, Ролф има 453 пирсови, од кои 158 на усните и 37 на веѓите! Има и два поткожни импланти, кои се наоѓаат на врвот на главата, како рогови.

 

„Многумина мислат дека јас сум ѓаволот, но јас не верувам во ѓаволот“, вели тој.

Бухолц првпат допре до светската јавност во 2010 година, кога Гинис го препозна како човек со најголем број на пирсови. Сега има импланти на зглобовите, а околу 90 отсто од неговото тело е покриено со тетоважи. Не ги поштеди ниту белците кои сега се црни.

“Очите се мастило, тие се црни. Многу се црни, ми се допаѓаат”, коментирал овој необичен маж.

Ролф, кој е телекомуникациски работник, има пирсинг и на гениталиите, не еден, туку 278 пирсинг. Тој тврди дека тоа не влијаело негативно на неговиот сексуален живот.
„Имам пирсинг долго време, да беа проблем во сексот, одамна ќе ги решев“, вели тој.

Од сите модификации низ кои поминал, а ги имаше навистина многу, Бухолц вели дека најболна била тетоважата на дланката.

„Навистина боли. Немам висока толеранција на болка“, вели Ролф, чиишто дланки се покриени со тетоважи.

Во 2012 година го постави вториот рекорд, за најголем број модификации на телото, а оттогаш има многу повеќе и сега има вкупно 516.

Сепак, Ролф истакнува дека „модификациите му ја сменија само надворешноста“, и дека тој „сеуште е истиот човек“.