Тревога во Британија: 122.000 заболени во еден ден


  Водачите на здравствените власти во Велика Британија изразија тревога за голем пораст на бројот на хоспитализации поради Ковид-19, откако 1.171 лице со оваа болест беа примени во последните 24 часа што постави уште еден рекорд на дневни случаи. Најновите владини бројки покажаа дека се регистрирани 122.186 случаи на корона вирус до 9 часот наутро […]

Папата одржа миса на Бадник


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска одржа миса на Бадник пред околу 1.500 верници во црквата Свети Петар, држејќи богослужба и покрај новиот скок на бројот на случаи на Ковид-19 во Италија. Папата со маска на лицето прошета низ централниот премин на црквата со пеење на хорот на Сикстинската капела, која ги започна богослужбите […]

Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ без публика


Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во скијачки скокови втора година по ред ќе се одржи без присуство на гледачи, потврдија во четвртокот организаторите на австрискиот дел од ова натпреварување, кое ќе го доживее своето 70. издание од 29 декември до 6 јануари. Организаторите на германскиот дел од турнејата, во Оберстдорф (29 декември) и Гармиш-Партенкирхен (1 јануари), […]

„Детска градинка Волково“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година


„Детска градинка Волково“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година Претседателот Стево Пендаровски ја врачи Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година „Детска градинка Волково“, Скопје на авторите Филип Конески и Даница Спасевска. Големата годишна награда е во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а претседателот Пендаровски […]

Еден месец по автобуската несреќа обновен сообраќајот на автопатот Струма


Еден месец по страшната автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 45 лица, сообраќајот на 32-от километар е повторно целосно воспоставен. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на несреќата веќе се заменети старите заштитни огради со нови, обновени се ознаките, а максималната дозволена брзина останува 120 км/ч. Целосно е заменета, […]

Жена во Загреб падна од 12 метри, местејќи сијалички на балконот


  Во загрепската населба Дубрава, една жена е тешко повредена, откако паднала од 12 метри височина, додека местела силајички на балконот. Полицијата во Загреб соопшти дека жена на возраст од 58 години е тешко повредена, јави Index.hr. Лекарска помош ѝ била пружена во Клиничката болница Дубрава, пренесуваат медиумите.

(Фото) Место знамиња, во дворот на косовската влада се веат ќебиња


  Активисти на Социјалдемократската партија на Косово ги симнаа знамињата од дворот на Владата, и ги заменија со ќебиња. Батанија (ќебе), како што се наведува, стана вирален збор на Косово, откако премиерот Албин Курти рече дека така се грее во текот на овие студени денови без струја Социјалдемократската партија соопшти дека владата на Курти може […]

Почнува ноќното скијање во Ски – центарот „Попова Шапка“


Од вечерва, првпат оваа сезона започнува ноќното скијање во Ски – центарот „Попова Шапка“.   Ноќното скијање се организира во петок и сабота, од 19 до 22 часот. Цената на билетот е 700 денари.   Зимската скијачка сезона на Попова Шапка почна на 15 декември со промотивниот настан „Шарска белина – Шарска убавина“, првпат во […]

Патријархот Вартоломеј има корона вирус


Вселенскиот патријарх Вартоломеј бил позитивен на корона вирусот, соопшти денеска Цариградската патријаршија. Во соопштението се истакнува дека 81-годишниот патријарх е целосно вакциниран и има само благи симптоми на коронавирус, пренесува Ројтерс. Неговата општа состојба е добра, додава грчки Катимерини. Откако му била дијагностицирана, патријархот отишол во болница во Истанбул на дополнителни превентивни прегледи. Патријархот им […]

Нико Розберг бара промени во Формула 1


 Поранешниот светски првак во Формула 1, Нико Розберг, се заложи за промени во натпреварувањето, по бројните контроверзи за време на трките сезонава во борбата за шампионската титула. Шампионот во Формула 1 сезонава беше одлучен во последната трка во Абу Даби, кога возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја освои титулата, откако во последниот круг го мина Луис Хамилтон по контроверзна одлука на […]

И утре нема да работат семафорите кај Народна банка


ЈП Улици и патишта ја повика полицијата да не дозволи утре да се направи метеж низ Скопје во периодот кога семафорите во централното градско подрачје нема да работат, односно од 8 до 15:30 часот. -Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, […]

Општина Битола ќе ја поддржи реконстуркцијата на планинарскиот дом „Копанки“


Општина Битола со пари од буџетот ќе  ја помогне реконструкцијата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.  Според нив, тоа е место  „за чаенки на нашите сограѓани, но и атракција за гостите на Пелистер“. „После повеќе состаноци со вљубениците во планината и планинарските спортови, првпат после 9 години, како претставници на локалната самоуправа се наоѓаме пред […]

Прв случај на Омикрон во земјава. Вирусот го има маж кој допатувал од Велика Британија


  Првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2 денеска е детектиран во  Македонија, информираат од Министерството за здравство. Ова беше очекувано, затоа што Омикрон варијантата е присутна речиси насекаде во Европа.  Здравствените власти информираат дека секвенционирањето е направено во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. […]

Словенечката Влада забрани дочек на Нова година на отворено


Словенија денеска забрани масовни дочеци на Нова година на отворено, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на ковид-статусот. Владата најави епидемиолошка рамка која ќе биде во сила за време на божиќните и новогодишните празници и која е многу […]

Спласна оптимизмот за нафта во црногорското подморје 


Црногорскиот министер за капитални инвестиции Младен Бојаниќ изјави дека во последно време се намалил оптимизмот за откривањето нафта во црногорското подморје, но дека ќе се сочека конечниот извештај. Тој во утринската програма на ТВЦГ рече дека во првите месеци од дупчењето имало оптимизам во конзорциумот Ени и Новатек кои се задолжени за целата работа. „Во […]

Во Србија 1.193 новозаразени, починаа 26 пациенти


Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 1.193 новозаразени со корона вирусот. Починале 26 пациенти од последиците на Ковид-19. Според статистиката 100 пациенти се на респиранот. Направнеа е анализа на 14.656 примероци, а 2.149 пациенти се на болничко лекување.

Жичницата до Водно почнува со работа следната недела – по четворица во кабина, со маски


Жичницата која пренесува патници од Средно Водно до Милениумскиот крст ќе почне да функционира во текот на наредната недела, информираат од ЈСП „Скопје“. Од ЈСП – Скопје информираат дека се завршени сите неопходни процедури за пуштање на објектот во функција од технички и безбедносен аспект, а одобрен е и Протоколот за работа на ќичницата во […]

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната година 2021/2022 година


Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2021/2022 година. – Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период […]

Ќе се спасува иконостас стар преку 180 години, дело на мијачките мајстори


Почна конзервацијата и реставрацијата на исклучителниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Конзерваторите од прилепскиот и од битолскиот Завод и музеј ја почнаа првата од фазите на заштитата и зачувувањето на ова ремек дело, едно од трите во земјава. Според Оливера Макриевска, овластен конзерватор од Завод и музеј- Битола, направени се обемните истражувања и процени. […]

Едногодишно сираче од домот во Битола починало од Ковид-19


Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021. Како што наведуваат од ИЈЗ, според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола. […]