Патријархот Вартоломеј има корона вирус


Вселенскиот патријарх Вартоломеј бил позитивен на корона вирусот, соопшти денеска Цариградската патријаршија.

Во соопштението се истакнува дека 81-годишниот патријарх е целосно вакциниран и има само благи симптоми на коронавирус, пренесува Ројтерс. Неговата општа состојба е добра, додава грчки Катимерини.

Откако му била дијагностицирана, патријархот отишол во болница во Истанбул на дополнителни превентивни прегледи.

Патријархот им се заблагодари на сите кои се интересираат за неговото здравје и ги повика сите да ги следат препораките на докторите, а оние кои не се вакцинирани да се вакцинираат за свое, но и за доброто на општеството.