Жена во Загреб падна од 12 метри, местејќи сијалички на балконот


 

Во загрепската населба Дубрава, една жена е тешко повредена, откако паднала од 12 метри височина, додека местела силајички на балконот.

Полицијата во Загреб соопшти дека жена на возраст од 58 години е тешко повредена, јави Index.hr.

Лекарска помош ѝ била пружена во Клиничката болница Дубрава, пренесуваат медиумите.