Божикна честитка со маски-искрена фотографија на принцот Чарлс и Камила


Англија- Принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол избраа искрена фотографија што ги одразува мерките на претпазливост што луѓето ги презедоа во услови на тековната пандемија на Ковид за нивната Божиќна честитка оваа година. На фотографијата се гледа како Чарлс носи маска додека и помага на сопругата да го покрие лицето за време на кралските […]

Холандија ќе почне вакцинирање против Ковид-19 на деца меѓу пет и 11 години


Холандија– Децата на возраст од пет до 11 години во Холандија ќе почнат да добиваат покана за примање вакцина против Ковид-19 од втората половина на јануари 2022 година, изјави денеска министерот за здравство Хуго де Јонге. Децата со претходно постоечка хронична болест или други зголемени ризици веќе можат да се вакцинираат со Фајзер, јави ДПА. […]

Како првите дами не прават модни гафови-откри шефицата на кабинет на Лора Буш


САД- Од костимите на Шанел на Џеки Кенеди до ремените на Џил Бајден, облеката на првите дами долго време беше извор на фасцинација и фокус на јавноста. Нивните вработени работат напорно за да спречат модни погрешни чекори и да се погрижат првите дами да бидат соодветно облечени за секоја пригода. Анита Мекбрајд, која беше шеф […]

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени


Австралија – Австралијката Ешли Барти и Јапонката Наоми Осака по подолга пауза ќе се вратат на тениските турнири кои во јануари ќе се играат во Австралија, објавија организаторите во Аделаида и Мелбурн. Најдобрата светска тенисерка Барти паузира од елиминацијата во третото коло на Ју Ес Опен во септември, но иако предвреме ја заврши годината, Австралијката освои пет турнири, меѓу кои […]

Потврдени три случаи на варијантата Омикрон на Кипар


Кипар– Три случаи на варијантата Омикрон се потврдени на Кипар, а од Министерството за здравство соопштуваат дека сите се поврзани со претходно патување и не е потребна хоспитализација на заразените лица, јави дописничката на МИА од Атина. Ова се први случаи на Омикрон на островот, со што Кипар веќе е на листата земји во кои […]

Роденден без мама-принцот Жак и принцезата Габриела од Монако ќе полнат 7 години


Монако- Принцот Жак и принцезата Габриела од Монако во петок полнат седум години. И додека близнаците се подготвуваат за нивната роденденска забава во сабота, тато принцот Алберт има подготвено неколку изненадувања. Роденденските забави на близнаците отсекогаш ги организирала мама принцезата Шарлин. Претходните родендени вклучуваа забава со тема сафари, музејска забава со механички поларни мечки, посети […]

Шолц: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ


Белгија – Новиот германски канцелар Олаф Шолц по Париз го посети седиштето на Европската Унија каде одржа прес конференција со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Брисел. – Главен приоритет на новата германска Влада е здравството и борбата против климатските промени. Прво и пред сѐ го отворивме прашањето за пандемијата […]

Божиќна честитка од Кејт и Вилијам- снимена е на приватен одмор во Јордан


Англија– Среќни празници од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам! Во согласност со традицијата, кралската двојка сподели нов портрет на своето семејство – вклучувајќи ги нивните три деца, принцот Џорџ (8), принцезата Шарлот (6) и принцот Луис (3) – што е прикажан на нивната Божиќна честитка за 2021 година. „Среќен што споделувам нова слика на семејството, […]

Италија – Македонија ќе се игра во Палермо


Италијанската фудбалска федерација објави дека градот Палермо е избран за домаќин на полуфиналниот дуел од мундијалскиот бараж против македонската фудбалска репрезентација во договор со селекторот Роберто Манчини. Македонските фудбалери на 24 март ќе му гостуваат на европскиот првак на стадионот „Барбера“ со капацитет од 36.000 гледачи. – Одлуката да се игра во Палермо ја донесовме […]

Ноемвриската инфлација во САД изнесувала 6,8 отсто, највисока во изминатите 39 години


Инфлацијата во САД, мерена преку растот на потрошувачките цени, во ноември се зголеми за 6,8 отсто на годишно ниво, што е највисоко во изминатите 39 години, објави денеска американското Министерство за труд. На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 0,8 отсто во ноември, што е значително зголемување, иако нешто побавно од октомври, кога месечната […]

„Епл“ блиску до 3.000 милијарди долари, вреди повеќе од целиот германски пазар на капитал


Американската компанија „Епл“ Apple е на чекор да биде првата во светот која достигна пазарна вредност од 3.000 милијарди американски долари, што би го направило овој технолошки гигант повреден од германскиот пазар на капитал или од целата британска економија. Овој развој се случува само една година откако „Епл“ достигна пазарна капитализација од два блиони долари, […]

МРТ го распиша конкурсот за песна за Евросонг во Торино


Македонската Радио Телевизија (МРТ) објавува конкурс за прием на нови, оригинални, необјавени, современи авторски композиции, од кои по пат на натпревар, ќе биде избран претставникот и композицијата со која нашата држава ќе се претстави на изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино, Италија, во организација на Националниот сервис на Италија (RAI) и Европската Rадиодифузна […]

Популарноста на Борис Џонсон на најниско ниво


Англија – Според истражувањето на јавното мислење објавено денеска, популарноста на британскиот премиер Борис Џонсон паднала на најниско ниво откако тој ја презеде функцијата лидер на земјата. Агенцијата ЈуГов наведе дека рејтингот на наклонетост кон Џонсон е 42, што е пад од 11 поени од средината на ноември. Наклонетоста кон лидерот на опозициската Лабуристичка партија Кир […]

Франција ќе инвестира осум милијарди евра во заеднички европски проекти


Франција – Франција планира да инвестира осум милијарди евра во заеднички европски инвестициски проекти во секторите на полупроводници, батерии, водород и здравство, изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер. Европската комисија ги олесни инаку строгите регулативи за државна помош за проекти од заеднички европски интерес во кои се вклучени повеќе земји-членки и ја поддржуваат […]

Хрватска ќе донесе закон за воведување на еврото во април следната година


Хрватска– Вицепремиерот и министер за финансии на Хрватска, Здравко Мариќ изјави дека во фаза на изработка е законот за воведување на еврото, чиј нацрт треба да биде објавен кон средината на јануари, а неговото усвојување се очекува во април следната година. – Со овој закон ќе биде неопходно да се сменат 46 закони и повеќе […]

Нобеловците за мир: На светот му треба независно известување


Норвешка– Двајцата новинари, кои ја делеа овогодинешната Нобелова награда за мир, ги добија своите признанија денеска на церемонија во Норвешка, каде што изјавија дека на светот му е потребно независно известување за да се спротивстави на моќта на авторитарните влади. Марија Реса од Филипини и нејзиниот колега Дмитриј Муратов од Русија ги одржаа своите нобелови […]

Акционерите дадоа зелено светло – Шел се сели од Холандија, го менува името


Акционерите на нафтениот гигант Royal Dutch Shell денеска гласаа за одобрување на плановите на компанијата да ја ревидира својата правна и даночна структура и да го премести своето седиште во Обединетото Кралство од Холандија. Англо-холандската фирма соопшти дека поедноставувањето на нејзината двојна даночна структура е дизајнирано да ја зајакне конкурентноста, да ги забрза плановите за […]

Трпе Деаноски избран за претседател на Синдикатот на УПОЗ на местото на Пеце Грујоски


Трпе Деаноски со акламација е избран за претседател на Синдикатот на УПОЗ на осмиот конгрес што денеска се одржа во Скопје. Деаноски доаѓа на местото на досегашниот претседател Пеце Грујоски. – На седницата на Претседателството одржана на 30.11.2021 година врз основа на доставените записници, Претседателството го утврди Трпе Деаноски како можен кандидат за претседател на Синдикатот […]

УЕФА го избра Елмас за играч на колото во ЛЕ


Двата гола кои во четвртокот вечер му помогнаа на Наполи да обезбеди пласман во нокаут фазата, на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас му го донесеа денеска признанието играч на колото во Лига Европа (ЛЕ). Елмас беше двоен стрелец во триумфот на Наполи на домашен терен над Лестер од 3:2 со кој италијанскиот тим заврши второпласиран […]

Без резултат и денешната средба на историчарите на Македонија и Бугарија


Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања вчера и денес  одржа онлајн средба на која беа дискутирани неколку прашањ.Во текот на два дена членовите на Комисијата повторно дискутираа по забелешките за учебниците по историја. Остануваат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи […]