Германија воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници


Работниците во германските болници, лекарските ординации и домовите за стари лица мора да докажат дека се вакцинирани или се опоравиле од ковид до средината на март, како дел од новата легислатива усвоена од парламентот во петокот. Покрај задолжителните вакцини за одредени професии од средината на март, новата легислатива, исто така, им дозволува на 16-те покраини […]

Шахпаска: Од 1 јануари недела ќе биде ден за неделен одмор


Законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година. Ова со заеднички комисиски амандман го одлучија пратениците на денешната седница на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, каде Предлог законот за работните односи  помина во второ читање. Министерката за труд и социјална […]

Канатларовски повика 25 фудбалери од 2002-2003 за два контролни меча против Косово


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски, заедно со стручниот штаб во младата селекција испратија покана до 25 фудбалери од генерацијата 2002/2003 кои ќе бидат во комбинација за настап на два контролни натпревари против Косово на 16-ти и 18-ти декември во Скопје. – Наша цел е преку ваков тип подготовки и контролни натпревари […]

Филипче: По изборот на новата Влада се враќам на Клиниката за неврохирургија


Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека веднаш по изборот на новата Влада, ќе се врати на својата основна професија, на Клиниката за неврохирургија. -Ова беше едно големо искуство, но доста е од политика. Веднаш по завршување на владината реконструкција, се враќам на мојата основна професија како неврохрируг во Клиничкиот Центар, рече денеска Филипче во […]

Во Аеродром поставени хотели за опрашувачи, односно за пчели


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска оствари неформална средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј и со претставници на граѓанското здружение „Новинари за човекови права“. На средбата беше презентиран проектот „Хотели за опрашувачи“ во реализација на „Новинари за човекови права“, а поддржан од Британската амбасада во Скопје. Во рамките на настанот беа презентирани дрвените куќички […]

Марио Драги – политичар технопопулист што ја води во нов правец Европа


Меѓу аналитичарите на политичките движења,Италија одамна е позната како еден вид лабораторија за експерименти кои подоцна се пренесуваат на остатокот од светот. Оттаму, на пример, фашизмот – поттикнат од Бенито Мусолини – ја зарази не само Германија на Адолф Хитлер, туку и Шпанија на Франко и Португалија на Антонио де Оливеира Салазар. Понов пример е […]

Шеснаесет Срби од Косово на новата „црна листа“ на САД


Меѓу санкционираните се и двајца контроверзни и богати бизнисмени кои се поврзани со Српската листа   Шеснаесет Срби од северно Косово се на новата „црна листа“ на Секретаријатот за финансии на САД, на чие чело се контроверзните бизнисмени Милан Радојчиќ и Звонко Веселиновиќ, за кои се шпекулира дека стојат зад активностите на Српската листа како […]

Петмина офицери од Армијата се вклучуваат во командната структура во НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со четворица од петтемина новоизбрани офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои во следните четири години ќе извршуваат работни задачи во командните структури на НАТО. Заедно со уште еден офицер, кој веќе е во Измир во Турција, тие ќе бидат првата репрезентација на земјава што ќе […]

Регистрирани 361 нов случај со Ковид-19, починаа вкупно 15 пациенти


Во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19, оздравени се 433 пациенти и регистрирани се осум починати лица, информира Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, регистрирани се нови заболени во Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, […]

Регистрирани два случаја на семејно насилство во Источниот регион


Два случаја на семејно насилство регистрирал Секторот за внатрешни работи, првиот се случил синоќа во Карбинци, а вториот денеска во Кочани. – Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 50-годишниот В.С. од село Радање, Општина Карбинци, бидејќи во 19:30 часoт во село Карбинци физички ја нападнал неговата поранешна 37-годишна сопруга. По комплетирање […]

„Рамсторе“ отвори уште еден маркет во Охрид


Денес, 10-ти Декември , компанијата „Рамсторе” – Македонија отвори нов „Рамсторе Експрес“ маркет лоциран на улицата Туристичка бр.42А, Охрид. Модерно дизајнираниот „Рамсторе Експрес“ маркет кој е 30. по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 200м2 и располага со дополнителен магацински простор од 100 м2. За услугата се грижи тим […]

Бектеши – Ризваноли: Почнуваат преговори за можноста за набавка на јаглен од Косово во Северна Македонија


Можноста за набавка на јаглен од Република Косово за потребите на Северна Македонија за зголемување на домашното производство на електрична енергија била тема на разговор на состанокот на министерот за економија Крешник Бектеши, придружуван од заменик- директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Имер Зенку со министерката за економија на Република Косово, Артане Ризваноли […]

Санкции за возила кои вршат јавен превоз на патници на територија на СВР Тетово


Полициски службеници на СВР Тетово денеска (10 декември) од 8 до 13 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, во најголем број автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и законски санкционирани 10 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-5). Седум од возилата (ТЕ-5 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) […]

Борбата за демократија е клучна за ова време


Здраво на сите и добредојдовте на првиот Самит за демократија. Овој собир е во моите мисли долго време од едноставна причина: Соочени со постојани и алармантни предизвици за демократијата, универзалните човекови права и — насекаде низ светот, на демократијата ѝ требаат шампиони. И сакав да бидам домаќин на овој самит затоа што тука – овде […]

ЕП следната недела ќе расправа за организираниот криминал на Западен Балкан


Европскиот парламент следната недела ќе ги повика земјите од Западен Балкан на поголема соработка во борбата против организираниот криминал. Известувачот за организиран криминал на Европскиот парламент, Лукас Мандл и известувачот Андреас Шидер поднесоа извештај за кој ќе се расправа во вторник и среда. Извештајот ќе ги повика земјите од Западен Балкан да ја засилат соработката […]

Веројатно ќе треба да се вакцинираме против Ковид и во наредните години


Директорот на фармацевтската компанија „Фајзер“, Бен Осборн рече дека веројатно ќе ни требаат засилувачки дози на вакцината против Ковид-19 во наредните години, но сè уште не е познато дали тие ќе се администрираат на секои шест месеци или еднаш годишно. Кога станува збор за омикрон сојот на коронавирусот, Озборн вели дека се уште се чекаат […]

Германија ќе прими 25.000 Авганистанци


Германија ветува дека ќе прими 25.000 Авганистанци од вкупно 40.000 прифатени од земјите-членки на ЕУ, кои се сметаат за најранливи по преземањето на Кабул од страна на талибанците, се вели во писмото на висок претставник на ЕУ. Германија во 2015 година прими рекорден број бегалци, речиси 900.000, повеќето од нив дојдоа од Сирија, Авганистан и […]

Дипломатите го отпишаа декември, Македонија сѐ уште се надева на позитивен сигнал


Може ли Емануел Макрон да изврши влијание да се крене бугарското вето, откако тој пред две години ефективно го запре проширувањето   Слободанка Јовановска Наспроти НАТО, за кое важеше дека секоја среда може да ни даде членство (на состанок на Северноатлантскиот совет), за ЕУ и натаму важи правилото – не оваа среда, туку идниот петок. […]

Турската централна банка по третпат овој месец интервенира на пазарите за да ублажи пад на лирата


 Турската централна банка денеска објави дека директно интервенирала на пазарите, продавајќи девизи поради „нездравото“ формирање на девизните курсеви, јави турската приватна телевизија НТВ. Вредноста на турската лира нагло падна и покрај третата последователна девизна интервенција на централната банка овој месец, јави Блумберг.  Во соопштението на банката се наведува дека интервенцијата се должи на „нездравите“ цени. […]

Бугарија ќе ја добие новата влада в понеделник


Министерка за надворешни работи треба да биде Теодор Генчовска предложена од Има таков народ, откако во последен момент отпадна Димитар Гардев поради фалсификување на дел од неговата биографија   Ден пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, кога треба да се расправа за почетокот на преговорите со Македонија и Албанија, Бугарија ќе ја […]