Стевкова-Штериева : Пандемијата го зголеми штедењето


Банките се стабилни, резистентни на шокови, со профитабилност која може да послужи како дополнителна брана во случај на непредвидени настани кои би можеле да имаат негативни ефекти на нивната стабилност, порачува претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова Штериева во интервју за МИА. Вели дека и во услови на пандемија не дошло до драматично влошување […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесува 85 сантиметри, додека во Маврово и Лазарополе се наврнати 26 сантиметри. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране се наврнати 17 сантиметри снег, а во Претор четири сантиметри. Најстудено утринава е во Попова Шапка каде се измерени -6 […]

Маж во Нов Зеланд примил 10 вакцини во еден ден, отворена истрага


Нов Зеланд – Здравствените власти на Нов Зеланд отворија истрага откако еден маж наводно 10 пати се вакцинирал против Ковид-19 во само еден ден, јавија локалните медиуми, пренесува ДПА. Се смета дека човекот бил платен да ги добие вакцините во име на други луѓе, јави денеска интернет сајтот „Stuff“. Министерството за здравство сериозно го сфати ова […]

Ла Долче Вита – Ориент Експрес лансира 6 нови луксузни возови низ Италија и пошироко


Италија- Сите на бродот! Има половина дузина луксузни нови возови за спиење подготвени за пругите низ Италија. Познатиот, век стар железнички сервис Ориент Експрес, управуван од француската угостителска група Акор, штотуку објави дека во 2023 година лансира шест раскошни локомотиви кои ќе ги водат патниците низ земјата во форма на чизма и пошироко. Соодветно именуваните […]

Бегалците Рохинџи го тужат Фејсбук за 150 милијарди долари поради говор на омраза во Мјанмар


Десетици бегалци Рохинџи во Велика Британија и САД го тужат Фејсбук, обвинувајќи го гигантот на социјалните мрежи дека дозволува ширење на говор на омраза против нив. Тие бараат повеќе од 150 милијарди долари (113 милијарди фунти) компензација, тврдејќи дека платформите на Фејсбук промовираат насилство врз прогонуваното малцинство. Се проценува дека 10.000 муслимани Рохинџа се убиени […]

Повеќето од заразените со омикрон сојот во САД се двојно вакцинирани


САД– Повеќето од 43 случаи заразени со сојот омикрон на коронавирусот во САД се целосно вакцинирани, а третина дури добиле и дополнителна доза, соопштија Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). ЦДЦ соопшти дека меѓу 43-те инфекции со омикрон сојот 34 лица биле целосно вакцинирани, а 14 добиле дополнителна,таканаречена засилувачка доза, пренесоа британските медиуми. […]

Столтенберг го одби ветото на Русија за евентуалното членство на Украина во НАТО


Белгија – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се спротивстави на секакво вмешување на Русија во врските меѓу Алијансата и Украина, не сакајќи да го одбие евентуалното членство на Киев во нејзините редови, што јасно го побара Москва. -Само триесетте членки на Алијансата и самата Украина и никој друг можат да одлучуваат за односите меѓу НАТО […]

Бајден и Шолц во телефонски разговор го нагласија трансатлантското пријателство


Германија – Новиот германски канцелар, Олаф Шолц, вчера телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, кој му честиташе за назначувањето на  функцијата, јави ДПА. Портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, изјави дека двајцата лидери ги потврдиле блиските врски меѓу Берлин и Вашингтон, истовремено изразувајќи намера дополнително да ја зајакнат врската на сојузниците. -Тие се согласија дека […]

Активни 5.620 случаи со Ковид-19, делта сојот и натаму доминантен во земјава


Надлежните и натаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава не е регистриран случај со омикрон сојот на Ковид-19. Се уште доминантен е делта сојот, како кај нас, така и во дел од […]

Нови најави за поголема минимална плата, синдикатот „за“, бизнисот поделен во оценките


Зголемување на минималната плата по Нова Година најавуваат од Владата. Синдикатите сметаат дека ова зголемување на минималната плата е неопходно, но и дека потоа треба да следи спирално зголемување и на останатите плати. Нивниот став е дека минималната плата треба да изнесува најмалку 60 проценти од просечната плата. Работодавачите пак се на став дека секое, […]

„Сонот на Ташковски“ – кураторски едукативни разгледувања


Во рамки на „Најново нормално декември“ – проект на Институтот за култура и уметност „Арс акта“ – Скопје во соработка со Националната Галерија од денеска до 15 декември ќе биде отворена изложбата „Сонот на Ташковски“ – кураторски едукативни разгледувања. Од Институт Арс акта Скопје информираат дека турите „Сонот на Ташковски“ се наменети за децата од […]

Радев денеска го врачува мандатот за состав на новата бугарска Влада


Бугарија– Бугарскиот претседател Румен Радев утринава ќе му го врачи мандатот за формирање нова влада на мандатарот предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание – „Промените продолжуваат“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, церемонијата ќе се изврши во 10 часот во бугарското Претседателство. Коалицискиот договор вечра го потпишаа победниците од „Промените […]

Жељко Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да го гони Милорад Додик


Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да го гони Милорад Додик, кого го нарече поттикнувач и водач на група „обединета во уништувањето на уставниот поредок на БиХ и поткопувањето на државните институции“, откако парламентот на Република Српска усвои заклучоци денеска со кои на владата и се наложува да подготви […]

Собранието на Република Српска усвои заклучоци за враќање на надлежностите


Народното собрание на Република Српска денеска ги усвои денеска Заклучоците во врска со трансферот на надлежностите, со што законите и другите прописи со кои се пренесуваат надлежностите од РС на институциите на БиХ нема да се применуваат на територијата на ентитетот од денот на стапувањето во сила на законите и другите прописи од точка 2 […]

Кетрин Расел е новата директорка на УНИЦЕФ


Кетрин Расел, висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, е назначена за шеф на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), соопштија официјално од ОН. Расел (60) моментно е шеф на кабинетот на претседателот на Белата куќа и негов помошник. Назначена од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Расел ќе ја замени Американката Хенриета […]

Димитров прв гостин кај германската министерка Лирман


Два дена по преземањето на должноста германската министерка за Европа, Ана Лирман го прими македонскиот вицепремиер  за европски прашања Никола Димитров и му кажала дека решително ќе се насочи кон почнување на преговорите на Македонија со ЕУ. Како што информира кабинетот на Димитров, на средбата Лирман посочила дека Македонија ги исполни сите услови за почеток […]

Анкета: Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за агресор


Седумдесет и два отсто од Украинците ја сметаат Русија за „непријателска земја“. Ова го покажуваат податоците од новата студија спроведена по распоредувањето на руски војници во близина на украинската граница. Само 12 отсто од Украинците ја сметаат Русија за сојузник. Анкетата ја спроведе социолошката агенција „Рејтинг“. Во изминатите две години, процентот на Украинци кои бараат […]

Османи: Во интерес на Скопје и Тирана е да одат заедно на патот кон ЕУ


Шефот на дипломатијата Бујар Османи не очекува да се случи раздвојување на Албанија и Северна Македонија на европскиот самит во декември на кој повторно ќе се разгледува дали двете земји ќе почнат преговори со Европската Унија. – Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, од ова неефектуирање на сопствените одлуки од […]

Собраниската седница на која се разгледува Предлог-буџетот за 2022 продолжува в понеделник


Попладневното продолжение на расправата за Предлог-буџетот за 2022 година помина во меѓусебни препирки меѓу пратениците од владеачкото мнозинство и опозициските пратеници. Според првите, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и ќе има историско највисоко учество на капиталните инвестиции во вкупните буџетски расходи, а според вторите, во буџетот не се мислело за граѓаните за да излезат од […]

Ѓоргиев: Рамковната позиција од 2019 го предизвика застојот во историската комисија


Историчарите не можат да излезат од ќор-сокакот за цар Самоил. Бугарија инсистира само на нејзиниот поглед на историјата   Застојот во работата на Заедничката експертска македонско-бугарска историска комисија датира од октомври 2019 година со донесувањето на Рамковната позиција на Бугарија за старт на преговорите со Северна Македонија, вели копретседателот од македонска страна на Заедничката историска […]