Собранието на Република Српска усвои заклучоци за враќање на надлежностите


Народното собрание на Република Српска денеска ги усвои денеска Заклучоците во врска со трансферот на надлежностите, со што законите и другите прописи со кои се пренесуваат надлежностите од РС на институциите на БиХ нема да се применуваат на територијата на ентитетот од денот на стапувањето во сила на законите и другите прописи од точка 2 од овие заклучоци.

Инаку, на денешната седница беа разгледани четири информации, по што беа усвоени заклучоци кои се однесуваат на правосудните институции, одбраната и безбедноста и индиректните даноци.

Опозицијата не присуствуваше на гласањето. Гласаа 52 пратеника, од кои 49 од владејачката коалиција ги поддржаа заклучоците.

Собранието претходно ја усвои информацијата за трансфер на надлежностите од РС на ниво на БиХ.

Собранието и наложува на Владата на РС во рок од шест месеци да испрати на разгледување и усвојување до Народното собрание закони и други прописи кои ќе овозможат непречено функционирање на Република Српска. 

Новинските агенции посочуваат дека парламентот на Република Српска ги поддржа предлозите за повлекување на согласноста на ентитетот за низа важечки закони во БиХ, кои опозицијата ги бојкотираше, предупредувајќи дека тоа доведува до нови конфликти и евентуално војна. Заклучоците се однесуваат на повлекување на одобрувањето на законите што ја регулираат одбраната и безбедноста, системот на индиректно оданочување и формирањето на Високиот судски и обвинителски совет.

Хина пренесува дека заклучоците кои всушност немаат директно правно дејство беа предложени и осмислени од членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Една од опциите за кои се залага Додик е формирањето на армијата на РС по распуштањето на Вооружените сили на БиХ, кои постојат од 2005 година врз основа на закон донесен во Парламентот на БиХ. Системот на индиректно оданочување, како и Високиот судски и обвинителски совет на БиХ, исто така, беа воспоставени со закони усвоени во парламентот на БиХ, но толкувањето на Додик е дека таквите закони не важат доколку Националното собрание на РС еднострано одлучи повеќе да не ги признава.