УЕФА го избра Елмас за играч на колото во ЛЕ


Двата гола кои во четвртокот вечер му помогнаа на Наполи да обезбеди пласман во нокаут фазата, на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас му го донесеа денеска признанието играч на колото во Лига Европа (ЛЕ).

Елмас беше двоен стрелец во триумфот на Наполи на домашен терен над Лестер од 3:2 со кој италијанскиот тим заврши второпласиран во групата Ц и се пласираше во шеснаесетфиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Елмас ја заврши групната фаза во ЛЕ со вкупно четири постигнати голови, откако претходно беше стрелец на по еден гол на дуелите на Наполи против московски Спартак, кој заврши првопласиран во грпата.