Присутни 60 пратеници од новото мнозинство, го нема Реџепи од Беса


Седницата за изгласување недоверба на владата почна и веднаш беше прекината откако службите изброаја 60 пратеници од новото паралментарно мнозинство, плус спикерот Талат Џафери. За да може да се освои дневниот ред на седницата мора да има кворум од 61 пратеник, т.е. мнозинството од вкупниот број пратеници. Пратениците од сегашната владина коалиција не се присутни […]

Новото тајно оружје на жените се вика Кико Милано- нов бренд за шминка на македонскиот пазар


Шминката не прави разлика меѓу славни и анонимни жени, прави разлика меѓу убаво нашминкани и нападно нашминкани жени, која ви ги истакнува убавите црти, а ви ги покрива маните, која ве прави помлада, а не постара од она што се. Шминката е тајното оружје  на секоја жена во младоста, во средното доба и во фазата […]

Црна Гора сака да влезе во ЕУ во 2025


Црногорските министри одат во Брисел во таканаречената „шарм дипломатија“ да го претставата протфолиот на економски реформи наречено „Европа сега“ со кои сакаат да ги забрзаат преговорите за пристапување кон ЕУ. Црна Гора е најнапредната во нејзините пристапни преговори со ЕУ – таа е единствената што ги отвори сите поглавја, а веќе затвори три. Министерот за […]

ССМ: Без оглед на политичката состојба во државата не отстапуваме од барањата за работниците


Сојузот на синдикати на Македонија одржа седница на Претседателството на која се дискутираше актуелната состојба поврзана со работничките права и процесите за донесување на одредени важни закони за работниците и колективните договори. ССМ едногласно донесе Одлука врз основа на која најдоцна во рок од 30 дена бара итно усвојување на законското решение со кое се прогласува недела […]

Намален водостојот на Преспанското Езеро


За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро,а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера. Со тоа, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,59 метри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е девет сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). […]

Пазар


Купи-продај. Поевтино – поскапо. На ти-дај ми. На тезга, под тезга, здраво или скапано. Секој сака да ќари, највеќе да се ценка, кога може да ве прејде, и никој неќе да е во загуба. Така е на македонскиот пазар. За овошје и зеленчук, економскиот, политичкиот и во парламентот. Најгужва е за пазарните денови. Тогаш е […]

Фински научници одгледаа кафе во лабораторија


Љубителите на кафето во иднина можеби ќе ја пијат својата омилена напивка произведена во ткн. Петриева шолја, а не на плантажа, велат финските научници кои се надеваат дека во лабораторијата успеале да одгледаат одржливо кафе. „Тоа навистина е вистинско кафе, бидејќи во овој производ нема ништо освен кафе“, вели Хеико Ришер, покажувајќи сад полн со […]

Изложба на фотографии „За прв пат“ на Матео де Мајда во КИЦ – Скопје


Изложба на фотографии од италијанскиот фотограф Матео де Мајда насловена „За прв пат“ ќе биде отворена утревечер во Културно-информативниот центар во Скопје. Имено, фудбалската репрезентација на Северна Македонија, минатото лето, по прв пат учествуваше на Европското фудбалско првенство. Неколку недели претходно, италијанскиот фотограф Де Мајда и новинарот Козимо Бизари ја пропатуваа земјата и ги претставија […]

ИДУЕП иницира јавна дигитална апликација за комуникација на граѓаните со локалните власти


Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) предлага да се креира јавно достапна дигитална апликација која ќе им овозможи на граѓаните непосредна и брза комуникација со локалните власти, како и мониторинг на дадените ветувања и нивната реализација од секој заинтересиран граѓанин, од медиумите, граѓанските организации, бизнис заедницата итн. Бојан Кордалов, раководител на Програмата за […]

Словенечкото трио „Широм“ и Бразилците Динучи и Марсал вечер на ОФФест


На јубилејниот ОФФест вечер ќе настапат словенечкото трио „Широм“ и бразилскиот гитарист и композитор Кико Динучи и неговата специјална гостинка, пејачката Јусара Марсал. Тие пред скопската публика, ќе ги претстават своите актуелни музички проекти на кои работеа последниве неколку години.   Словенечката инструментална тројка ШИРОМ, наведуваат организаторите Скопје Џез Фестивал (СЈФ), отсекогаш трагала по својот […]

Чешката влада си поднесе оставка


Чешката влада денеска се согласи да поднесе оставка откако владејачкото мнозинство загуби на изборите одржани на 8 и 9 октомври, соопшти денеска премиерот Андреј Бабиш. Бабиш рече дека оставката со писмо, ја испратил до претседателот Милош Земан, кој е во болница од 10 октомври, наместо лично да му ја врачи, што е вообичаена практика. Еве […]

Агенцијата за азил на ЕУ предупредува дека многу Авганистанци се изложени на зголемен ризик


Канцеларијата за поддршка на азил на ЕУ, ЕАСО, утврди зголемен ризик од прогон на одредени баратели на азил од Авганистан откако исламистичките талибанци ја презедоа власта во земјата. Меѓу нив се поранешни припадници на авганистанската армија и безбедносните сили, вработени во странски влади, медиумски работници и активисти за човекови права, покажа анализата објавена денеска од агенцијата со […]

Се работи за голем коруптивен случај, велат од Финансиска полиција за претресите во повеќе домови


  Управата за финансиска полиција соопшти дека дека претресот не е извршен во домот на пратеникот Јован Јаулески пд ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак  кај некој друг претставник на политичка партија, туку се однесува на вработени ЕВН Електрани Mакедонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје и бара Управата да не се злоупотребува за политички цели. „Целосно […]

Зендаја ја прими наградата „Модна икона“ од американските дизајнери


САД- Актерката Зендаја (25) синоќа на гала свечаност во култниот ресторан „Грил“ во Њујорк ја прими наградата „Модна икона“ што ја доделува Советот на американските дизајнери на чело со том Форд . Воедно, таа е најмладата ѕвезда што некогаш ја примила наградата. Наградата ја прими во дводелна тоалета од високата мода на Вера Ванг, горен […]

Тачи: Јас сум добро информиран, нема да падне Владата


Кога преговорите се одвиваат во пет до 12, разговорите се тајни. А, разговорите ги води Зоран Заев. Мислам дека денеска нема да падне владата. Според информациите што ги имам, владата ќе остане и ние и ќе добиеме датум за преговори, вели за Утрински брифинг пратеникот на ДПА, Мендух Тачи. ВМРО-ДПМНЕ се имаат гледано со лидерот […]

Двајца мртви во нов пожар во романска ковид-болница


  Двајца пациенти со Ковид-19 починаа денеска во пожар што избувна во романска болница, а една медицинска сестра е повредена. Пожарот избувнал во болница во романскиот град Плоиеста, а ова е четврт пожар што зафаќа некоја болница во Романија за една година. „Двајца пациенти го изгубија животот, а 16 се преместени во друга болница во […]

„Боинг“ ја призна одговорноста за несреќата на „737 Макс“ на „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година


САД – Компанијата „Боинг“ ја призна одговорноста и ќе ја надомести штетата по тужбата на семејствата на 157 лица кои загинаа во падот на авионот „737 MAX“ на авиокомпанијата „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година. Како резултат на договорот меѓу американската компанија и семејствата, адвокатите на жртвите нема да бараат казнена отштета, а „Боинг“ нема да ги […]

Никол Кидман блескаше на најважната ноќ на кантри музиката во Нешвил


САД- Оскаровката Никол Кидман (54) блескаше со совршената фигура и белиот тен на црвениот килим на доделувањето на CMA Awards во Нешвил. Се појави со сопругот, кантри-ѕвездата Кит Урбан  на најважната ноќ на кантри музиката кој настапи со новиот сингл „Wild Hearts“ за време на наградното шоу со ѕвезди. Актерката, актуелна со филмот Nine Perfect […]

Финансиската полиција влегла во домот на пратеникот Јаулески


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на Фејсбук објави дека во домот на неговото семејство рано утрово упаднала финасиска полиција. „Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5.30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес финансиска полиција!“ , напиша Јаулески на Фејсбук. Имено, како што појаснува тој за неколку медиуми, […]

Без вода денеска дел од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Сејфула“


Поради уличен дефект ф-250 мм на улица „Џон Кенеди“ бб (во близина на Имобилиа Гипс Дизајн), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од таа улица и дел од улицата „Ќемал Сејфула“, додека во дел од населбата Топанско Поле водоснабдувањето ќе биде со намален притисок. Како што информира од ЈП Водовод и Канализација – […]