Почина поранешниот јужноафрикански претседател Фредерик де Клерк


Последниот бел претседател на Јужноафриканската Република (ЈАР), Фредерик Вилем де Клерк, почина денеска во својот дом во Кејп Таун, соопшти фондацијата ФВ де Клерк. – Поранешниот претседател на ФВ, Де Клерк, почина мирно утрово во својот дом во Френеј, по борба со рак на мезотелиом, се вели во соопштението. Тој имаше 85 години. Неговиот говор во […]

Во Хрватска 66 жртви на Ковид-19 и речиси 7.000 новозаразени


  Во изминатите 24 часа во Хрватска се забележани 6.987 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 38.089. Од нив 2.008 пациенти на болничко лекување, од нив на респиратор се 257 пациенти. Починаа уште 66 заболени од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се забележани 521.837 заразени, од кои 9.721 починаа, […]

Бугарија побара помош од ЕУ за справување со Ковид-19


Бугарија- Бугарското Министерство за здравство побарало активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за справување со Ковид-19, изјави за БТВ министерот за здравство Стојчо Кацаров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, согласно овој механизам Бугарија може да добие медицински кислород доколку се зголеми потрошувачката и доколку не може да го обезбеди од […]

Арјанит Хоџа обвинува дека се вршеле закани и уцени


Откако ситуацијата на седницата на Собранието влезе во пат позиција (60 наспроти 60 пратеници) и нема кворум за почнување на работата, генералниот секретар на Беса и актуелен министер за земјоделство, Арјанит Хоџа, преку Фејсбук обвини дека демократијата во Македонија е доведена во опасност преку закани и уцени. Тој не го споменува пратеникот од неговата партија, […]

Атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка со нова поволност – рок на отплата до 120 месеци


Не постои подобар начин да се започне сезоната на празничен шопинг од купување со одложено плаќање на дури 120месеци. До Нова Година имате можност да уживате во купување вредни работи за вас, вашите најблиски или вашиот дом без да го оптоварите вашиот иден месечен буџет доколку го искористите Потрошувачкиот кредит до 30.000 евра на Комерцијална […]

Во септември 318 одобренија за градење, нови 618 станови


Во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, што е за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број од одобренијата се во Полошкиот регион, 66, по што следат Скопскиот регион, 62, Југоисточниот, 53, Вардардскиот 46,… Најмалку дозволи за градба, 17, се издадени во Пелагонискиот регион. […]

Парис Хилтон се мажи. Сите се поканети


САД– Ова е голема недела за свршените американски наследнички: по гламурозната венчавка на Ајви Лав Гети со фотографот Тобијас Александар Енгел, на која претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси ја венчава, време е наследничката на ланецот хотели Парис Хилтон да оди по патеката. Првиот увид во свадбената подготовка на Хилтон ќе го добиеме преку серијата […]

Акција за пошумување со 7.700 садници во Светиниколско


Вработените од „Халкбанк“ и Јавното претпријатие „Национални шуми“ заедно со група ученици од Гимназијата „Kочо Рацин“ во Свети Николе вчера ја почнаа акцијата за пошумување со нови 7.700 садници. Овие дрвца се обезбедени од средствата наменети за HalkEco пошумување од страна на „Халкбанк“, но и од собраните котизации од велосипедската трка Halk Velo Green која […]

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје со добивка од 79.286.643 денари за девет месеци


Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје врз основа на финансиските извештаи за работата на претпријатието бележи добивка за период од првите девет месеци од 2021 година. Добивката од редовното работење од 1 јануари до 30 септември 2021 година изнесува 79.286.643 денари. -Позитивниот финансиски резултат и остварената добивка од 79.286.643 денари за првите девет месеци […]

Softelligence ќе инвестира милион евра во центар за испорака во Скопје


Меѓународната технолошка компанија Софтелиженс (Softelligence) денеска најави дека ќе инвестира милион евра во државава во следните две години преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Компанијата е специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција. Со инвестицијата, според најавата од компанијата, ќе се отворат 100 […]

Семејствата на загинатите во пожарот во Тетово добија еднократна парична помош од Црвениот крст


На трансакциските сметки на семејствата на загинатите во пожарот што на 8 септември годинава се случи во модуларната болница во Тетово, се префрлени средствата што ги обезбеди Црвениот крст на Република Северна Македонија. Со тоа, како што соопштија од Црвениот крст, е даден скромен придонес во ублажување на последиците од трагедијата. – Со овој хуман […]

Молк во салата и кулоарите во Собранието, нервоза во опозицијата


„Ќе видиме“, беше краткиот коментар на Горан Милевски, лидер на ЛДП и министер, кој беше единствениот што можеше да се сретне низ кулоарите на Собранието пред почетокот на гласањето за доверба на Владата. Од страв дека седницата ќе почне пред сите да се соберат, пратениците на опозицијата се собраа навреме во салата, а дојдоа и […]

Патрик Мартенс: Северна Македонија троши двојно повеќе струја отколку што произведува


Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК) во својата утринска телеграма порачува дека Северна Македонија влегува во енергетска криза и оти во моментов троши двојно повеќе електрична енергија отколку што произведува поради што црпи струја од европската мрежа за да ги задоволи дневните потреби. -Државниот оператор за пренос на електрична енергија, МЕПСО, досега доби четири предупредувања […]

Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе биде стабилен


Девизните резерви коишто се клучниот фактор од којшто зависи стабилноста на денарот во однос на еврото се одржуваат на историски највисоко ниво од 3,6 милијарди евра. Тие се повеќе од двојно повисоки отколку во текот на глобалната финансиска криза во 2008/2009 година, а Народната банка располага и со дополнителни механизми за поддршка на девизните резерви […]

ЕК: Македонската економија годинава со раст од 4 отсто, а наредната 3,9


Северна Македонија годинава ќе забележи економски раст од 4 отсто, а во 2022 од 3,9 проценти, предвидува Европската комисија во есенската макроекономска прогноза за земјите членки на ЕУ и државите кандидати. ЕК оценува дека економското закрепнување на Северна Македонија бележи добар напредок, а домашната и странската побарувачка се зголемуваат. Напредокот се очекува постепено да продолжи […]

Царовска: Постигнат е значаен напредок во унапредувањето на основното образование


Постигнат е значаен напредок во сите области во кои е активен Проектот за унапредување на основното образование. Ова беше заклучено на денешниот редовен состанок на кој учествуваа министерката за образование и наука Мила Царовска, регионалниот директор на Светска Банка Масимилијано Паолучи, Бојана Нацева – тим лидер на проектот и други лица на Светска Банка вклучени […]

Научници откриле дали повеќе антитела создаваат вакцините или природната инфекција!


Пандемијата во светот се уште е во полн ек, особено поради новите варијанти на вирусот кои постојано се откриваат. Најдобар начин да се заштитиме од инфекција е да се вакцинираме, е официјалниот став на експертите. Секако, заштитата постои и откако ќе се помине круната, а едно нешто што ги интересираше научниците е дали таа е […]

Се јави Кастриот Реџепи: Не доаѓам на седницата за паѓање на владата


Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи кого го нема во собраниската сала и без него коалицијата за уривање на владата нема мнозинство се јави на Фејсбук и порача: Не доаѓам денеска во Собранието за да учествувам во паѓањето на Владата. Реџепи вели дека од висок дипломатски претставник му било порачано дека во декември има одлични можности […]

Акциска контрола во угостителски објекти во Тетовско, приведени шест лица во одвоени случаи


 Шест лица се приведени во одвоени случаи при акциска контрола спроведена ноќеска  од 22.50 часот до 01.00 часот во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделението за прекуграничен криминал и миграции во содејство со […]

Рекордни снежни врнежи во Кина


Силно невреме во некои делови на југоисточна Кина донесе рекордни снежни врнежи. Во градот Шенјанг во провинцијата Лиаонинг просечната висина на снежната покривка достигна 51 сантиметар, што е најголема количина снег забележана во последните 116 години, односно од 1905 година. Во соседна Монголија едно лице загина, а снежните врнежи погодија повеќе од 5.600 луѓе. Метеоролозите […]