Финансиската полиција влегла во домот на пратеникот Јаулески


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, на Фејсбук објави дека во домот на неговото семејство рано утрово упаднала финасиска полиција.

„Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5.30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес финансиска полиција!“ , напиша Јаулески на Фејсбук.

Имено, како што појаснува тој за неколку медиуми, утрово во домот каде што живеат неговите родители во 5.20 часот дошла финансиска полиција со налог да изврши претрес за истражна постапка за фирмата каде што работи неговиот татко.

„Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово упадна финанасова полиција и МВР на Оливер Спасовски на денот на гласање за доверба на влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците. Таквите методи својствени за Чаушеску ќе бидат жестоко поразени“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.