Присутни 60 пратеници од новото мнозинство, го нема Реџепи од Беса


Двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се болни од ковид влегуваат во Собранието облечени во скафандери

Седницата за изгласување недоверба на владата почна и веднаш беше прекината откако службите изброаја 60 пратеници од новото паралментарно мнозинство, плус спикерот Талат Џафери. За да може да се освои дневниот ред на седницата мора да има кворум од 61 пратеник, т.е. мнозинството од вкупниот број пратеници. Пратениците од сегашната владина коалиција не се присутни во салата. Недостига пратеникот од Беса Кастриот Реџепи.

Џафери даде пауза од 10 минути и го повика потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели, после тоа да траководи со седницата, велејќи дека нема да им прави кворум затоа што е против инизијативата. Доколку не дојде уште еден пратеник не ќе може да има услови за работа и седницата ќе биде прекината.

Пред самиот почеток на седницата во Собранието дојдоа двајцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се заболени од Ковид-19 и се во изолација облечени во скафандери.

Броењето на пристутните пратеници во салата (Фото: Б. Грданоски)