Над 256 милиони случаи на Ковид-19 во светот, повеќе од пет милиони смртни случаи од почетокот на пандемијата


Повеќе од 256.540 милиони случаи на коронавирус се пријавени ширум светот од почетокот на пандемијата. Повеќе од 5.144 милиони заразени луѓе починаа. Сепак, според Светската здравствена организација (СЗО), реалниот број на смртни случаи може да биде два до трипати поголем. Регистрираниот број на случаи на коронавирус во светот е само дел од реалноста, јавија западни […]

Алармантно расте бројот новозаразени во Франција


  Бројот новозаразени со корона вирус во текот на петтиот бран во Франција, расте со алармантна брзина, соопшти денеска француската влада. Бројот на нови случаи со Ковид-19 на дневно ниво речиси двојно се зголеми во текот на претходната недела, пренесе „Гардијан“. Седмодневниот проск на нвои случаи вчера достигна 17.153, во однос на 9.458 една недела […]

Во Словенија 2.245 новозаразени, починаа уште 19 пациенти


Во Словенија во последните 24 часа забележани се 2.245 нови случаи со корона вирсу, што е благ пад во однос на претходната недела, а почина ауште 19 пациенти, покажаа денешните податоци од Националниот инситут за јавно здравје. Се наведува дека ситуацијата во болниците и понатаму е критична, при што стапката на позитивност е 47,4 отсто. […]

Наскоро ќе почне полагањето за сертификати на возачи преку електронскиот систем, вели Бочварски


Полагањето за сертификати на возачи преку електронскиот систем ќе почне многу наскоро, би рекол во текот на наредните денови. Се подготвуваат сите последни детали во фирмата која е одбрана да го спроведува преку електронски систем, во делот на просторните услови и можностите кои треба да бидат предвидени согласно законот, најави денеска министерот за транспорт и […]

Борисов: Радев се скара со сите соседи и се замрази со Северна Македонија и Албанија


Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов го обвини претседателот и кандидат за втор мандат Румен Радев, дека само за една недела успеал да ја скара Бугарија со нејзините соседи. Од најомилената земја на Балканот, според Борисов, Бугарија сега е скарана со сите соседи и се мрази со Северна Македонија и со Албанија, се мрази Турција […]

Со мотор излетал од патот во Радовишко


Во саботата наутро, поточно во 4.50 часот било пријавено дека на локалниот пат од село Горни Липовиќ кон село Долни Липовиќ, мотоцикл „јингијанк 125 цм“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(57) од село Горни Липовиќ излетал од патот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Извршен […]

Коронавирусот повторно ги затвора стадионите, Лајпциг без публика во Лигата на шампиони


Германија – Соочена со ескалација на бројот заразени со коронавирус, германската сојузна покраина Саксонија забрани присуство на навивачи на спортските терени до 12 декември, како дел од широк спектар на претпазливи мерки. Саксонија во германски рамки е на дното според процентот на вакцинација на локалното население со приближно 60 отсто вакцинирани, а во оваа покраина инциденцијата на коронавирус […]

Маричиќ во Брисел на средби со Вархеи и Рејндерс


Министерот за правда Бојан Маричиќ од утре ќе претставува во неколкудневна работна посета на Брисел. Предвидено е да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј и еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс. Тема на разговорите ќе биде евроинтеграциите на земјата, реформите во судството и владеењето на правото. Во Брисел министерот за правда ќе има средби […]

Ѓоковиќ: Допрва ќе видиме дали ќе играм на Австралија Опен


Италија– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со пораз во полуфиналето на АТП турнирот во Торино ја заврши календарската година, а на синоќешната прес-конференција по дуелот со Александер Зверев остана таинствен дали во февруари ќе настапи на Австралија Опен. Неизвесноста околу настапот на српскиот тенисер на првиот грен-слем турнир во 2022 година порасна, откако организаторите во Мелбурн објавија вчера […]

„Бенефиции за деца на вработени“, проект на „Алкалоид“ АД Скопје


Бенефиции за децата на вработените, преку финансиска партиципација на компанијата во износ од 1.000 денари од дете на вработен на месечно ниво, наменети за доедукација од областа на странските јазици, курсевите за компјутери, спортските и рекреативните активности, како и на активностите од областа на науката и на културата, во текот на целата учебна година вклучува […]

Град Скопје да размисли за одлуката за БРТ, вели Бочварски


Верувам дека Градот Скопје и новата локална власт ќе ја променат одлуката за запирање на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) после сознанијата кои ќе ги добијат за бенефитите од воведувањето на ваквиот превоз во Скопје, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. -Ова е проект кој е планиран неколку години и согласно одлуките […]

Невакцинирани контра вакцинирани


Дали во една иста просторија (во јавните установи, болниците, но и во фабричка хала, магацин, канцеларија…) може заедно да работат вакцинирани и невакцинирани против Ковид-19, без оглед дали се почитуваат другите мерки за заштита од зараза, како што е носењето маски или држењето физичка дистанца? Или, за да се овозможи ова, невакцинираните ќе мора да […]

Бочварски: За капитални инвестиции се 91,7 отсто од буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2022 година


Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2022 година е позициониран на ниво од 11,865 милијарди денари, од кои 10,885 милијарди денари се наменети за реализација на капитални проекти. Со него предвидуваме да оствариме високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на патната мрежа, железницата, гасификацијата и комуналната инфраструктура. Дури 91,7  отсто […]

Преку 50.000 посетители го виделе павилјонот на Северна Македонија на Дубаи Експо 2020


Од 1 октомври до сега павилјонот на Северна Македонија на Дубаи Експо 2020 го посетиле преку 50.000 посетители. На најголемиот светскиот настан за оваа година земјата се претставува со слоганот „Дом на секој чекор“, а под мотото „Нови можности”. Деновиве на Дубаи Експо е мошне раздвижено, и покрај ковид пандемијата и строгите мерки за влез […]

Вицегувернерката Митреска: Нов глобален предизвик е дигиталната финансиска инклузија


Дигиталната финансиска вклученост е еден од новите глобални предизвици. Новите времиња и дигитализацијата носат нови можности за поголема финансиска инклузија, како и нови предизвици за повисок степен на финансиска едукација. Во услови на потреба од натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението во нашата земја, годинава, заедно со другите финансиски регулатори, ја усвоивме првата национална Стратегија за […]

(Видео) Тројца повредени кога патник започнал да пука на аеродромот во Атланта


Патник кој чекал да го помине контролниот пункт на главната безбедносна точка на аеродромот во Атланта од чантата посегнал по огненото оружје, а потоа пукал. Ова предизвика хаос меѓу патниците и привремен прекин на летовите, пренесуваат американските медиуми Мажот, кој подоцна беше идентификуван како осуден криминалец Кени Велс (42), побегнал со пиштол од контролен пункт, […]

За пациентите со прележан Ковид-19 неопходна е физикална рехабилитација


Значителен број од пациентите по прележан Ковид19 имаат потреба од физикална рехабилитација поради намалена физичка кондиција, отежнато дишење, продолжена болка, депресија, вознемиреност и намален  квалитет на живот, истакна асс. д-р Билјана Калчовска од Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во неделната онлајн дискусија која ја организираше Лекарската комора на тема „Рехабилитација на пациенти по […]

Роботи ќе се справуваат со коронавирусот на ЗОИ


Роботи ќе се користат во спречување и справување со можни корона-зарази во спортскиот центар „Вукесунг“ во Пекинг, Кина, каде што ќе се одржат натпреварите во хокеј на мраз за претстојните Зимски олимписки игри, јавува Кинеската медиумска групација (КМГ). Со прскање атомизирана магла на земјата, роботот за дезинфекција може да дезинфицира дури 36 квадратни метри за […]

Во Бугарија втор круг од претседателските избори


  Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.Бугарите денеска во вториот круг гласаат за претседател на државата и се очекува уште еднаш да му дадат доверба на актуелниот претседател Румен Радев, кој стана клучна фигура во антикорупциското движење во земјата, пренесуваат медиумите во регионот. Вториот круг од претседателските избори се одржува во […]