Со мотор излетал од патот во Радовишко


Илустрација

Во саботата наутро, поточно во 4.50 часот било пријавено дека на локалниот пат од село Горни Липовиќ кон село Долни Липовиќ, мотоцикл „јингијанк 125 цм“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(57) од село Горни Липовиќ излетал од патот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.