Почина Мик Рок, славниот фотограф на Дејвид Боуви и „Квин“


САД– Фотографот Мик Рок, кој ги фотографираше легендарните портрети на рок ѕвезди како Дејвид Боуви, Лу Рид и Деби Хари , почина на 72-годишна возраст. Во соопштението објавено на официјалните профили на социјалните мрежи на Рок се вели: „Со најтешко срце споделуваме дека нашиот сакан психоделичен отпадник Мик Рок го направи јунгското патување на другата […]

Врачени првите 80 мобилно издадени пасоши во Њу Џерси


Во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД ќе бидат врачени првите 80 мобилно издадени патни исправи, со што се одбележува ефикасниот почеток на новата постапка за издавање на пасоши и за нашите државјани кои живеат во Северна Америка. Над 130 наши државјани сликани во Конзулатот овој месец, по воспоставувањето на базната станица, ги споделуваат своите […]

Дел од улицата „Христо Татарчев“ денеска без вода


 Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ бр.79 во Скопје, кај вила „Христина“, денеска без вода ќе бидат дел од корисниците од улицата. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9.30 часот до завршување на дефектот. 

Ралповски: Наставник во основно образование треба да зема 37.000 плата


Владата и на Министерството за труд и социјална политика не го почитуваат Законот за минимална плата, тврди Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати – ККС. Појаснува дека Законот предвидува, во членот 2, дека на секој работник основната плата мора да биде минимална, а во членот 8 вели дека доколку се покачи минималната плата […]

Симон Трпчевски по САД – со настапи во Швајцарија


Маестро Симон Трпчески продолжува да ја воодушевува публиката ширум светот со својата изведба, а дури и во услови на пандемија неговите концерти се проследени со голем интерес. По настапите во Сан Диего (САД), на 13 и 14 ноември, на кои неговата изведба беше поздравена со стоечки овации, тој до крајот на годината, поточно во декември […]

Авганистански филмови во МСУ


Киното на Музејот на современа уметност ја најавува својата нова програма посветена на авганистански автори и филмови. Програмата започнува на 24-ти ноември (среда), во 19 часот, со проекција на филмот „Забранетата ролна“ на Ариел Наср. Селектор на програмата е Дарко Набаков, одговорен за филмската програма на Кино МСУ. Целосната програма во продолжение: ЗАБРАНЕТАТА РОЛНА Ariel Nasr […]

Ревија на балкански народни носии во Кратово


Во Музеј на град Кратово синоќа свечено беше отворена изложбата на традиционални балкански народни носии во организација на општина Кратово и Ансамбл Македонија од Скопје. На изложбата беа претставени традиционални народни носии од Балканот од крајот XIX и почеток на XX век, класифицирани според социјалниот статус, прикажани на фотографии и тоа од: Конавле – Хрватска, […]

Ирската кинематографија на „Киненова“


Во присуство на амбасадорот на Ирска за Романија, Северна Македонија и Молдавија, Пол МекГери, евроамбасадорот Дејвид Гир, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, амбасадорот на Шведска Матс Стафансон, бројни претставници на дипломатскиот кор и љубители на филмската уметност, синоќа во Кинотека, меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ во рамките на својата редовна програма за прв пат ја претстави современата […]

(Фото) Сообраќајка кај Педагошка


Сообраќајка утрово се случи на булеварот 8 Септември во Скопје, во непосредна близина на Педагошкиот факултет. Од фотографиите кои што ги добивме од местото на настанот, станува збор за возило „ситроен“, кое засега од непознати причини се искачило на поткачениот дел, односно жардинерата што ги разделува коловозните ленти на булеварот. Во непосредна близина е и […]

Филмот на 35-милиметарска лента во фокусот на четвртата сесија од Филмската училница во Кинотека


Во Кинотека на Република Северна Македонија синоќа се одржа четвртата сесија од втората сезона на проектот „Филмска училница“, која беше посветена на филмот на 35-милиметарска лента. Како што се наведува во соопштението од Кинотека, филмската и телевизиска режисерка Марија Џиџева во првиот дел од „Филмската училница“ ги запозна учесниците со процесот на создавање филмска сторија […]

Бајден, најстариот американски претседател, го прослави својот 79-ти роденден


Џо Бајден, најстариот американски претседател на должност, го прослави 79-тиот роденден во саботата, еден ден по медицинскиот извештај во кој се наведува дека е способен да ги води Соединетите Американски Држави. Демократскиот претседател овој славенички викенд, заедно со семејството, престојува во Вилмингтон, неговата изборна единица, на 170 километри од главниот град Вашингтон, јавуваат американските медиуми. […]

Во Чиле се одржуваат претседателски и парламентарни избори


Во Чиле денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори, на кои нема да учествува актуелниот претседател Себастијан Пинера, бидејќи Уставот на земјата не му дозволува на претседателот да ја извршува таа функција во два последователни мандата. Покрај претседател, Чилеанците денеска избираат 155 пратеници, како и 27 сенатори. Седум кандидати, меѓу кои две жени, се натпреваруваат […]

Вакцинација или ПЦР тест на трошок на работникот, синдикатите и работодавачите со аргументи „за“ и „против“


Новите мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести се очекува утре да бидат разгледани на Главниот координативен штаб, по што за нив ќе треба да расправа и Владата. Комисијата бара вработените на работното место да приложат сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа и ќе биде на трошокот […]

Купчан: ЕУ да ѝ даде до знаење на Софија дека политички игри со Скопје се недобредојдени


ЕУ треба да изврши притисок врз Софија во однос на приговорите  за влез на Северна Македонија, а со тоа и на Албанија, во Унијата, заради некакви историски прашања. Администрацијата на Бајден ја охрабрувам да продолжи да го истакнува ова, и ја охрабрувам ЕУ, која е најодговорна страна во случајот, да ѝ даде до знаење на […]

Што ќе донесе поголемата конкуренција во мобилната телефонија и новите 5Г услуги


Со тендерот за одобренија за 5Г што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) треба да го објави наскоро се предвидени два блока за влез на мрежен оператор во мобилната телефонија. Евентуален влез на нов мрежен оператор во државава ќе ја зајакне конкуренцијата на пазарот каде сега доминираат Македонски Телеком и А1 Македонија, а работат и три […]

Балетска претстава „Гранд хотел“ на Есенски музички свечености


Во Салонот на Националната опера и балет, во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021, со почеток од 20 часот ќе биде изведена современата балетска претстава насловена „Гранд хотел“. Претставата е во кореографија на Александар Илиќ, а во режија на Александар Николиќ. Композитор е Ана Крстајиќ, костимограф Александра Каровиќ, сценограф е Жорж […]

„Граници“ на Старова Ќерими и Мехмети во Галерија „Gentinetta“ во Цирих


Од денеска до 4 декември 2021 во Галеријата „Gentinetta“ во Цирих, Швајцарија ќе биде поставена изложбата на уметничките Дита Старова Ќерими и Шќипе Мехмети. – Ние исцртуваме граници на земјата и градиме ѕидови. Опкружени сме со ѕидови. Ова е свет на граници и ограничувања, а нашата култура е култура на разлики (поимот разлика мислен како […]

Локдауни и протести низ Европа, СЗО загрижена поради ширењето на Ковид-19


Светската здравствена организација (СЗО) е „многу загрижена“ поради ширењето на Ковид-19 во Европа додека континентот се бори со нов бран инфекции, изјави за Би-Би-Си шефот на канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Клуге предупреди дека до март може да се регистрираат околу 500.000 смртни случаи, доколку не се преземат итни мерки веднаш. Тој рече […]

Сончево со студено утро


Времето денеска изутрина ќе биде постудено и по одделни котлини ќе има слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје утрово ќе биде студено […]

Нешто мистериозно се случува – најавија катаклизма од корона вирусот во Африка, а до тоа не дојде


Научниците најавија катаклизма во Африка од корона вирусот, но до тоа не дојде. Од друга страна, Европа која има на располагање многу вакцини против Ковид-19, доволно дезинфекциски средства, далеку подобри услови во болниците и поразвиен здравствен систем, оваа недела е во „црвено“, односно, високи бројки заразени. Во Африка пак, вакцинирани се многу малку луѓе, а […]