Во железничка несреќа во Битола повредени две деца


 Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка се здобила со лесни телесни повреди. Незгодата, како што потврдија за МИА од Железници на РСМ, се случила околу 8.06 часот изутрината во градското подрачје во населба „Карпош“, во непосредна близина на ОУ „Коле Канински“ во овој град, каде од досега […]

Во Србија најпрофитабилните компании се во странска сопственост


Иако српската економија работеше позитивно за време на пандемијата 2020 година, дури 19 компании кои лани беа меѓу 100-те најпрофитабилни, минатата година завршија со загуби. Според тоа, ранг-листата на првите пет по добивка значително се разликува во однос на преткризната 2019 година, додека кај петте со најголеми бизнис приходи имаше помалку изненадувања. Заедничко им е […]

НЛБ банка ќе исплати дивиденда во висина од 24,8 милиони евра


На Собранието на акционери на НЛБ Банка одржано на 19.11.2021 година беа усвоени: одлуката за употреба на акумулирана добивка на Банката од 2019 и 2020 година, како и одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар. НЛБ Банка, од остварените добивки за 2019 и 2020 година кои се во вкупен износ од 57,8 […]

„Адора“ урива рекорди во Србија, на Златибор продаде стан по цена од 4.800 евра за метар квадратен


Во угледниот „Блиц“ и во повеќе српски медиуми денес одекна веста дека најголемиот македонски градежен бренд Adora Business Group по цена од 4.800 евра за метар квадратен, го продаде најскапиот стан во Златибор, на најубавата планина во Србија, во рамките на својот прв проект 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora. Српските медиуми […]

Писмо од Конгресот на САД до бугарскиот амбасадор во Вашингтон


Бугарија треба да постигне „конечно решение“ за спорот со Северна Македонија за да може заедно со Албанија да ги започне преговорите за членство во Европската унија „пред крајот на годината“. Ова е наведено во писмото испратено од двајца членови на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Клаудија Тени (републиканец) и Вилијам Китинг […]

Нови 155 случаи со Ковид-19, починале 13 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по […]

Грозданова: Да се работи на подигање на свеста за потребата од имунизација


Последните недели се соочуваме со намален интерес за вакцинација и следните чекори се во насока на тоа, како да се подигне свеста кај граѓаните за потребата од имунизација, вели проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и национална координаторка за имунизација. На денешниот онлајн разговор на тема „Имунизација во државава“ таа посочи […]

Шпанецот Педри е „златното момче“ на европскиот фудбал


Италија- Фудбалерот на Барселона, Педри е добитник на престижната фудбалска награда „Златно момче“, откако беше соопштено денес. Станува збор за признание кое го доделува италијанскиот весник „Tutto sport“ кое е наменето за најдобриот играч во Европа до 21 година. Благодарам за овој трофеј, што ме прави горд. Им благодарам на сите членови на жирито и […]

Маленко се ожени по петти пат и се пресели во Словенија


Поранешниот македонски пливач Александар Маленко (42) кој со години во Македонија е актуелен со приватниот живот отколку со спортските успеси, по петти пат се ожени овој пат за своја колешка, пливачката Метка Спаравец од Словенија. Веста дека запловиле во брачните води ја објавија двајцата на социјалните мрежи. Од тоа што можеше да се види на […]

Се состана Координативното тело на градоначалници на Град Скопје


Најмалку еднаш месечно, а по потреба и повеќе пати ќе се состанува Координативното тело на градоначалници на Град Скопје со цел да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните, најавува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Координативното тело денеска се состана, а на него десетте градоначалници на скопските општини и градоначалничката на Град Скопје разговараа за […]

Реакција на „Шанса за Центар“ за почетокот на изградба на комплексот „Гранд“


Откако денеска започна изградбата на зградите во центарот на Скопје на паркингот кај „Холидеј ин“, од Шанса за Центар реагираат дека „кучињата лаат, ДУП-от си врви. ОЈО, Владата и општина Центар не преземаат ништо за сопирање на потенцијално нелегалната градба пред „Холидеј ин“. Потсетуваат дека справувањето со урбаниот хаос не е само изборен слоган, ниту […]

Научници од Јапонија тврдат дека ковидот се истребил сам себеси: генетичари откриле “грешка“ во мутациите


Бројките во Јапонија се толку задоволителни што научниците почнаа да истражуваат како оваа земја е единствената во светот со незначителен процент на зараза со делта сој. Во Јапонија, пандемијата на коронавирус доживеа неочекуван пресврт. Тамошните научници тврдат дека делта сојот се истребил себеси како производ на грешка при мутација. Во Јапонија, во средината на август оваа […]

Филм и концерт посветен на Фред Бускаљоне, “италијанскиот Клерк Гејбл“


По повод стогодишнината од раѓањето на Фердинандо Фред Бускаљоне (23 ноември 1921 – 3 февруари 1960), италијански музичар, пејач и поли-инструменталист, кој бил популарен во доцните педесетти години од минатиот век, на 23 ноември (вторник), во 20 ч., во Кинотеката ќе биде прикажан италијанскиот документарен филм “Фред“. “Неговиот прв сингл во 1955 година бил продаден […]

Радев ги налути Американците со изјавата за Крим


о вториот круг од претседателските избори, американската амбасада во Бугарија издаде специјално соопштение за пораките на претседателот Румен Радев во дебатата со противкандидатот Атанас Герџиков минатиот четврток. Во соопштението се наведува дека има длабока загриженост во Вашингтон и дека тоа им било изразено на властите во Софија и на бугарската амбасада во САД. На дебатата […]

„Северен пол” се квалификува за Оскар и доби номинација за Европски награди


Краткиот филм „Северен пол”. Филмот на Марија Апчевска-Петровска во продукција на „Кино око” освои Grand Award на 63. издание на ZINEBI – Bilbao International Documentary and Short Film Festival. Овој фестивал е единствениот во Шпанија од А категорија за краток игран и документарен филм кој е препознаен од организацијата FIAFP (International Federation of Film Producers […]

СДСМ и ДУИ денес на средба за парламентарното мнозинство


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници, Артан Груби изјави дека во парламентарното мнозинство се добредојдени сите партии кои се залагаат за европската иднина на државата и отворање на преговорите со Европската унија. „Во моментов разговараме не само со Алтернатива, туку има контакти и со други политички партии што се дел […]

Само 328 гласачи од Македонија на изборите во Бугарија


Само 328 гласачи од Македонија учествувале на изборите во Бугарија што се одржаа викендов. Најголем дел од нив гласале за актуелниот претседател Румен Радев. Претседателот Румен Радев победи на гласањето во Македонија, како и во речиси сите други земји. Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија во време кога Радев се обидува да ја […]

Врачена наградата „22 Ноември“ на политикологот Илбер Села и писателот Фејзи Бојко


Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ денеска во Собранието ја додели наградата „22 Ноември“ за 2021 година на политикологот Илбер Села и писателот Фејзи Бојко. Станува збор за признание што се доделува на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање на припадниците […]

Првата дама Ѓоргиевска: Неопходно е подигнување на пошироката јавна свест за цистична фиброза


Сопругата на претседателот, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, денеска учествуваше на панел дискусијата по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигање на свеста за цистична фиброза насловена:„Цистична фиброза – надвор од нашата битка“. На панелот се дискутираше за предизвиците при третманот и лекувањето на лицата со цистичната фиброза, за функционирањето на Центарот за цистична фиброза и […]

„Тиквеш“ со атмосфера како на концерт: Нина Бадриќ ги погоди гостинките во срце


Хрватската поп-ѕвезда Нина Бадриќ, со своите балади, рефрени и досетки ги погоди во срце убавите и дотерани гостинки викендов на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ каде три дена, на ветар и на сонце, се славеше првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба. На нејзините хитови „Такви као ти“, преку „Чаробно јутро“ до […]