Маленко се ожени по петти пат и се пресели во Словенија


Поранешниот македонски пливач Александар Маленко (42) кој со години во Македонија е актуелен со приватниот живот отколку со спортските успеси, по петти пат се ожени овој пат за своја колешка, пливачката Метка Спаравец од Словенија.

Веста дека запловиле во брачните води ја објавија двајцата на социјалните мрежи. Од тоа што можеше да се види на социјалните мрежи кај Метка, таа има четири деца, додека пак Маленко вкупно има пет деца од различни жени.

Маленко за естрадниот магазин Бекстејџ ги откри причините поради кои се пресели во Словенија и деталите околу неговиот брак и врска со Метка.