Во Хрватска 73 починаа поради Ковид-19 за 24 часа


  Во последните 24 часа, во Хрватска забележани се 1.327 нови случаи со корона виурс, а бројот на активни изнесува 29.725. Од нив 2.583 пациенти се на болничко лекување, а 324 пациенти. Во последното деноноќие од последиците на Ковид-19 починале 73 пациенти. Досега во Хрватска заразени биле 570.380, а од Ковид-19 починаа 10.303.

Од Ново Маало се закануваат дека ќе ги спречат сите опструкции за зградата кај „Холидеј Ин“


Жителите од Ново Маало го поздравија отпочнувањето на изградбата на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“ спроти „Холидеј Ин“. -Среќни сме што се гледа почетокот на крајот на нашиот повеќедецениски проблем и што конечно и ние ќе добиеме достојни услови за живот, како што доликува на едно централно градско подрачје.Повеќе од 50 години живеевме во услови како […]

КСС со писмо до пратениците бара правична распределба на буџетските средства во делот на платите


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара од пратениците во текот на расправата за Предлог-буџетот да интервенираат со цел да се овозможи правична распределба на буџетските средства во делот на платите. Од КСС бараат платите да се усогласуваат согласно Законот за минимална плата со цел да нема ситуација во која двајца вработени со различна сложеност на […]

„Младите размислуваат“ – нов петгодишен проект за медиумска писменост


Со новата концепција, медиумската писменост се изучува како посебна тема во наставните програми по мајчин јазик, македонски, албански, турски, српски и босански. Секогаш кога е можно наставникот исто така има обврска да ја интегрира медиумската писменост со останатите теми и подрачја со цел да им овозможи на учениците да ги поврзат знаењата од различните области […]

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, цената на бензините иста


Од полноќ за денар и половина се намалува цената на дизелот, а за денар на Екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе биде 66,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 66 денари. […]

МОН: До 30 ноември повторно пријавување за субвенциониран студентски оброк


 Министерството за образование и наука (МОН) информира дека до 30 ноември повторно може да се аплицира за субвенциониран студентски оброк. Може  да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. […]

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи


Државниот пазарен инспекторат досега има извршено 1.280 инспекциски надзори и вкупно се затворени 20 угостителски објекти, од моментот на носење на одлуката за задолжително поседување на сертификати во угостителските објекти, изјави на денеска на прес-конференција во Влада директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска. Затворањето, посочи Симеска-Димоска, е врз основа на тоа дека дел […]

Хороскоп: Пет знаци кои во 2022 ги очекува голема промена во животот


Во 2022 година секој има шанса да постигне голем успех, ќе биде година на просперитет, напредок и развој, како и применети лекции од минатото. Сепак, само некои знаци ќе бидат вистинските среќници кои ќе помогнат да се промени нивната судбина на подобро. Астролозите истакнуваат дека 2022 година ќе биде поенергична од претходната, но тоа не […]

Промоција на Проектот „Бенефиции за деца на вработени“ во „Алкалоид“ АД Скопје


Човечките ресурси се еден од најцврстите столбови на 85-годишниот раст и развој на алкалоидовата успешна приказна, а грижата за вработените е еден од врвните приоритети на компанијата. Во базата на „Алкалоид“ во Скопје има над 2.000 вработени, па посебен предизвик, како и во секоја успешна и амбициозна компанија, е да се одржи високото ниво на […]

Патогените од вселенските патувања може да бидат опасни за Земјата


Трката во комерцијалните вселенски летови веќе оди напред и денес повеќе од 85 компании и организации бараат свој удел. Така, некои научници се загрижени и веруваат дека можеби се избрзува, пишува порталот „Сајенс алерт“. Пред вонземските патувања да станат секојдневие, светот мора да спроведе основни мерки за биобезбедност. Во спротивно, би можеле да почнеме да […]

Нема значителен отпор кај наставниците за вакцинација


Состојбата со Ковид-19 во училиштата е апсолутно стабилна. Процентот на позитивни нови случаи на дневно ниво се движи помеѓу 0,01 и 0,03, а вкупниот број активни случаи е околу 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици  кои следат настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека поради стабилната ситуација […]

Отворена сензорна соба во „Дане Крапчев“


Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски,  беше во посета на општинското основно училиште Дане Крапчев каде што присуствуваше на отворање на сензорна соба.   „Секое дете е важно, за таа цел денес имав посебна чест и задоволство да присуствувам на отворањето на сензорната соба во Основното училиште „Дане Крапчев“, која ја отвораме во рамки […]

ФИТР за прв пат инвестира во иновациска инфраструктура


Фондот за иновации и технолошки развој за прв пат инвестира во развој на иновациската инфраструктура преку три проекти на ЦИРКО, ФЕИТ и ИНО ТЕХ КЛУБ Штип, кои се избрани за кофинансирање во рамките на „Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, со кој ќе се обезбеди пристап до современи технологии […]

Опожарено „ауди“ во Куманово


 Автомобил „ауди“ бил опожарен вчера во кумановската населба Карпош, соопштија денеска од СВР Куманово. – Вчера во 21: 45 часот било пријавено дека на улица „100“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на триесет и петгодишниот Д.М., соопштија од СВР Куманово. Екипа на територијалната противпожарна единица Куманово […]

Николовски не се гледа себеси како кандидат за премиер


Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција на која беше презентиран Е-инспекторот, рече дека не се гледа себеси како кандидат за премиерската функција. – Утрешните закажани состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание. Се работи за најголемата политичка партија и организација што е демократска, модерна, во којашто […]

Царовска: Значајно е во Собранието да се обезбеди соодветно мнозинство за да се задржи курсот на државата


Потпретседателката на СДСМ и министер за образование и наука Мила Царовска на новинарско прашање кој ќе биде нов претседател на партијата и дали очекува Алтернатива да влезе во владината коалиција, одговори дека ниту е нејзина надлежност ниту смета, рече, дека треба да се шпекулира. -Сите ние заеднички треба да ги следиме овие процеси затоа што […]

Почнува системот е-инспектор – софтвер ќе одредува во која фирма ќе има надзор


Целокупниот процес од распределба на контрола, генерирање на записници од инспекциската контрола и самото издавање на решение ќе бидат електронски   Имплементацијата на електронскиот систем е-инспектор започнува со примена во трите клучни инспекторати – Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Државниот управен инспекторат. Останатите инспекциски служби под надлежност на Инспекцискиот совет етапно ќе се […]

Петковски: Бугарија игра крајно деструктивно таа делува како галениче во ЕУ


Бугарија игра крајно деструктивно и ја довeдува до прашање самата смисла на постоењето на ЕУ,делува како некое галениче во ЕУ, и мислам дека таа е и брука за Европската Унија, вели Тито Петковски, поранешен претседател на Собрание во „Студио 10“. Според него ЕУ има механизми да ги дисциплинира своите членови, а најдобар пример за тоа […]

Словенија неделава го очекува пикот – 50 отсто уделот на заболени од тестирани


Во Словенија бројот на пациенти кои се лекуваат во болница од Ковид-19 и понатаму се зголемува, иако бројот на новозаразени сепак успорува на неделно и дневно ниво, а во последните 24 часа потврдени се 1.389 нови случаи, а починаа 17 пациенти. Од 2.730 тестирани потврдени се 1.389 зарази, што е 50,9 отсто позитивни наоди меѓу […]

Повремен дожд попладне и утре, температурата до 15 степени


Повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови се очекуваат попладнево во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 14 степени. Според УХМР, утре ќе се задржи претежно облачно време со слаб локален дожд и со умерен до засилен северен ветер. Утринската […]