Спорот со Бугарија денес беше тема на министерскиот совет во ЕУ


Словенечкиот државен секретар за европски прашања, Гашпер Довжан, изјави дека министрите за европски прашања разговарале за проширувањето и посебно за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Министрите денеска во Брисел се состанаа во рамките на Советот за општи работи, а проширувањето беше една од темите. Словенечкиот државен секретар порача дека […]

Речиси половина од загинатите во Бугарија се од Студеничани


Градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садику изјави дека од вкупниот број на загинатите сообраќајна несреќа во Бугарија, околу 20 лица се од населените места од оваа општина. Тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се најдат причините, посочувајќи дека владите на двете држави треба да работат на пронаоѓањето […]

Ќе ѝ се одземе лиценцата на „Беса транс“


Министерството за транспорт почна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Беса Транс“ по сообраќајката на нивниот автобус во Бугарија во кој загинаа 45 патници бидејќи од досега добиените сознанија превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, информираше вечерва на прес-конференција ресорниот министер Благој Бочварски. -Опожареното возило не било […]

(Во живо) Заедничка прес-конференција на министрите Османи, Спасовски и Бочварски


Проследете ја заедничката прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски:

Двајца мртви, 16 повредени во експлозија во фабрика во Србија


Двајца работници загинале, а 16 се повредени во експлозија во фабриката „ЕдеПро“, која произведува противградни ракети во близина на предградието Бубањ Поток. Како што јави јавниот сервис РТС, нешто по 14 часот се слушнале посилни и неколку послаби експлозии. Експлозиите се случиле во складиште за ракетно гориво од 260 метри квадратни, во кое имало 500 […]

Радев: Бугарија прави сè што е возможно за откривање на причините за трагедијата на автопатот „Струма“


Искажувам најискрено сочувство до блиските на загинатите во несреќата на автопатот „Струма“ и во домот за стари лица во селото Ројак во североисточна Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, јави дописникот на МИА во Софија. -Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија, заедно тагуваме со нив за трагедијата. Бугарската држава прави се […]

За Македонија 1,14 милиони евра од Програмата Креативна Европа


Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за завршени преговори и за склучување на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во Креативна Европа (2021- 2027) и определи амбасадорката на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел, Агнеза Руси – Поповска да го потпише Договорот. […]

Донесена одлука за изградба на соларен парк од 350 мегавати


На денешната седница Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „Остро солар“ – Скопје. Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од […]

Бугарска новинарка: Горивото било купено поевтино во Турција, втор возач немало


Сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата- објаснува новинарката Патриција Кирова од Бугарија за ТВ21 и за неофицијалните причините според тамошните власти за несреќата со автобусот на „Беса Транс“. Според нејзините сознанија, огнот започнал да гори од предната страна. каде според бугарската полиција имало туби […]

СДСМ: Максим направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Куманово


Општинската организација на СДСМ од Куманово извести дека денес бил изгласан претседавач на Советот на Општината, а тоа е  Ивана Ѓорѓиевска, која била избрана со гласовите на Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива. „За Наше Куманово воопшто  не комуницираа со советничката листа на СДСМ за било какво коалицирање, […]

Исплатата на пензиите ќе се врши од петок 26 ноември


 Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии заноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 ноември, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските […]

Дојче Веле: Автобусот на „Беса Транс“ не бил пријавен во Министерството за транспорт


Според извори на Дојче веле во Министерството за транспорт и врски, автобусот кој изгоре на автопатот во Бугарија и со себе во смрт однесе 45 патници, воопшто не е пријавен кај надлежните во земјава.   Автобусот на „Беса Транс“ во кој во вторникот загинаа 45 луѓе на автопатот во Бугарија, не бил пријавен кај надлежните институции во […]

За предлог мерките за невакцинираните ќе се одлучува на наредната владина седница


Мерките кои се однесуваат на вакцинација против Ковид19, предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница, соопшти попладнево МЗ. Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат […]

Експлозија во фабрика за противградобијни ракети во Белград, има повредени


Неколку експлозии се случиле во фабриката „ЕдеПро“, која произведува противградобијни ракети кај Бубањ Поток, дознава РТС. Во експлозијата што се случи денеска во фабриката за противградни ракети недалеку од Бубањ Поток, повредени се 16 лица, изјави за Танјуг шефот на смената на Брзата помош, д-р Марија Радуловиќ. Од повредените, едно лице е на интензивна нега […]

Блинкен изрази сочувство до Македонија и Бугарија


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази сочувство на граѓаните на Македонија и на Бугарија за двете големи несреќи што се случија во едно денонокие. -Стејт Департментот во име на американскиот народ изразува  длабоко сочувство до народите на Северна Македонија и на Бугарија за трагичната загуба на животи во денешната автобуска несреќа и во пожарот во […]

Владата на Бугарија го прогласи 24 ноември за ден на жалост


Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 24 ноември 2021 година е прогласен за Ден на национална жалост во спомен на жртвите од пожарот што на 22 ноември избувна во Домот за стари лица во селото Ројак во Општина Дулгопол и за настраданите во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“ на 23 ноември. – […]

Починаа 15 лица од Ковид-19, од кои деветмина во последните 24 часа, регистрирани и нови 490 позитивни


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 484 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 490-те нови случаи од Скопје се 209, Битола – 42, Прилеп – 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – […]

Сопственикот на „Беса Транс“ тврди дека ги почитувал сите правила


Во опожарениот автобус имало и втор возач бидејќи компанијата ги почитува сите правила, изјавил сопственикот на компанијата „Беса Транс“ за бугарски „Дневник“.  Повеќето автобуси во возниот парк на компанијата, според него,  датираат од 2008-2009 година, изјави за Дневник сопственикот на Беса транс, Беким Хаџиу. -Немам што да коментирам, не знам како дојде до ова , […]

Сочувство од Руската амбасада за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија


Руската амбасада во Скопје изрази сочувство по повод жртвите во автобуската сообраќајна несреќа во Бугарија. – Изразуваме најискрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, стои во соопштението од Руската амбасада. Во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 46 лица, а […]

Против „Беса Транс“ годинава четири кривични пријави за непочитување на ковид протоколите


Против превозникот „Беса Транс“, чијшто автобус ноќеска имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, Државниот инспекторат за транспорт годинава поднел четири кривични пријави за непочитување на протоколите за Ковид-19 за јавен превоз на патници, потврди за МИА директорот на ДТИ Руфат Хусеини. Министерството за транспорт и врски претходно соопшти дека „Беса Транс […]