МНР го објави списокот на седумтемина преживеани патници во несреќата во Бугарија


Министерството за надворешни работи доби официјална потврда од надлежните институции на Бугарија за седум повредени патници во автобуската несреќа на автопатот „Струма“, близу Софија. МНР го споделува списокот на повредените патници, кои, како што наведуваат оттаму, се наоѓаат во добра здравствена состојба и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница „Пирогов“: Ебип Пајазитовски (24.09.1972), […]

Јовески: Човечки фактор или техничката неисправност на возилото можни причини за несреќата


Во овој момент не може да се каже која е причината за незгодата. Можни се два фактори, човечкиот фактор или, пак, техничката неисправност на возилото, изјави јавниот обвинител на Република Северна  Македонија Љубомир Јовески пред болницата „Пирогов“ во Софија, каде се сместени седуммина од преживеаните патници од денешната автобуската несреќа. – За причините во овој момент не […]

Доколку го приметите ова откако ќе го скршите јајцето, веднаш фрлете го


Како да препознаете дали јајцето е свежо и безбедно за јадење? Покрај специфичниот мирис на сулфур, кој недвосмислено покажува дека храната е расипана, постојат и некои други знаци кои укажуваат дека јајцето содржи штетни бактерии и не треба да се јаде. „Иако повеќето луѓе брзо ќе се опорават од труење со расипана храна, некој сепак […]

Одложени состаноците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ


СДСМ ги одложи за вечерва закажаните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор поради деновите на жалост и несреќата што се случи во Бугарија кога во македонски автобус изгореа 46 патници, а неколкумина се повредени. -СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци […]

Каде е Македонија со јавниот долг – во ЕУ е 92 отсто, во Србија 58, во Хрватска 82, а во Бугарија само 26 отсто од БДП


Која земја има највисок, а која најнизок јавен долг и буџетски дефицит? Пандемијата доведе до значајни трошења на јавните пари и до дополнителни расходи, кои влијаеа и врз јавните финансии. За помалите економии, како што е македонската, е особено важно задржување на умерено ниво на јавен долг и на буџетски дефицит со цел да не […]

Округот Лос Анџелес бара Ванеса Брајант да се откаже од тужбата за оштета


САД- Адвокатите на округот Лос Анџелес побараа од судот да донесе скратена пресуда во тужбата на Ванеса Брајант, што ќе доведе до отфрлање на нејзиното барање за штета поради фотографиите направени на местото на хеликоптерската несреќа во која загина нејзиниот сопруг, славниот кошаркар Коби Брајант. Сослушувањето беше закажано за крајот на следниот месец. Адвокатот на […]

Бугарски стручњаци објаснуваат: Знакот е превисоко и погрешно поставен?


Според зборовите на бугарски стручњаци, еден од знаците на патот каде се случи автобуската несрежа во која загинаа 46 македонски државјани, е погрешно и превисоко поставен, па можеби и тоа е причина за несреќата. Оваа автобуска несреќа е една од најтешките во Европа во последните десет години. Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортна политика […]

Црвениот крст организира донации за поддршка на семејствата на настраданите


 Црвениот крст на Република Северна Македонија со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции ќе даде придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите граѓани во стравичната автобуска несреќа која се случи во Бугарија. – Од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш сакаме да изразиме длабоко сочувство […]

Одложена премиерата и репризите на „Нема да биде крај на светот“ во МНТ


Поради прогласената тридневна жалост по тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава, од Македонски народен театар (МНТ) соопштија дека премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември се откажуваат.   Новиот термин на премиерната изведба се закажува […]

Одложен концертот за Фреди Меркјури во Филхармонија


Заради ужасната трагедија која се случи утрово во Република Бугарија и во која животот трагично го загубија наши сонародници, ве известуваме дека концертот “Freddie Mercury Tribute” кој требаше да се одржи утре (24.11.2021) во Македонската Филхармонија, се одложува за вторник (30.11.2021) во 20:00 часот. Билетите ќе важат за концертот. Сите што не се во можност […]

Сарафов: Резултатите од ДНК анализата се очекува да бидат готови за неколку дена


За неколку дена се очекува да бидат готови резултатите од ДНК анализата, за со сигурност да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, нагласувајќи дека заедно со македонските колеги го прецизирале начинот на кој ќе се работи истрагата за несреќата. На местото на […]

Божикната елка пристигна во Белата куќа- првата дама Бајден ја продолжи традицијата


САД- Првата дама д-р Џил Бајден ја дочека новогодишната елка во Белата куќа , продолжувајќи ја долгогодишната празнична традиција и создавајќи нови спомени – додека ѝ се придружи нејзиниот најмлад внук, Бо, кој во близина гледаше како елката од 18 метри беше однесен до вратата од пар коњи од Клајдсдејл. Облечена во капут во боја […]

Минута молк во Владата за жртвите од автобуската несреќа


Пред почетокот на денешната владина седница, премиерот и министерите станаа и оддадоа почит со минута молк на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија. Во несреќата што се случи ноќеска, на автопат во блзина на Соефија во Бугарија, загинаа најмалку 46 луѓе, кои се враќале од екскурзија во Истанбул Турција.  Поради несреќата, Владата прогласи тридневна жалост, […]

Холандски ковид-пациенти се носат во болница во Германија


Холандија почна да превезува ковид-пациенти преку границата во Германија за да го олесни притисокот на своите болници, кои се борат со пораст на бројот случаи со корона вирус. Пациентот во вторникот наутро пренесен е во болничко возило од Ротердам во болницата во Бохум, околу 240 километри источно, а во текот на денот ќе биде пренесен […]

Меѓу преживеаните од изгорениот автобус се српскиот државјанин и неговата свршеница од Куманово


Српскиот државјанин од Прешево и неговата свршеница од Куманово кои беа меѓу патниците во автобусот на „Беса транс“ кој ноќеска изгоре во Бугарија и во кој загинаа 46 лица, се живи, пренесува белградски „Блиц“. Иако македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека меѓу жртвите има и српски државјанин, тој подоцна негираше и рече дека е повреден […]

Принцезата Шарлин од Монако закрепнува надвор од кнежеството


Монако – Принцезата Шарлин од Монако, која се врати кај своето семејство на почетокот на ноември, откако мина неколку месеци во родната Јужна Африка, закрепнува „од тешка исцрпеност во здравствена установа“, надвор од кнежеството, изјави извор близок до кралската палата. – Принцезата Шарлин отсуствуваше некое време. По враќањето од Јужна Африка, таа беше примена во медицинска […]

Кантри-ѕвездата Брет Елдриџ го има најубавиот украсен божикен дом во Нешвил


САД- Брет Елдриџ (35) е познат како господин Божиќ (само погледнете го неговиот најнов наслов на албумот!), а сега, неговиот дом конечно го исполнува неговиот прекар. Најпродаваниот кантри пејач неодамна се здружи со стручните празнични декоратори на Балзам Хил за да му помогне да вдиши малку божиќен дух во неговиот новоизграден дом во Нешвил – […]

Слави Трифонов: Од двете страни на границата зборот „болка“ е ист


@Оваа трагедија денес е неопислива. Сите ние сме луѓе – не е важно од која националност или вера сме. Знам дека сите сочувствувате и сочувствувате затоа што сме луѓе. Од двете страни на границата зборот „болка“ звучи и се пишува на ист начин“, напиша лидерот на „Има таков народ#,  Слави Трифонов на Фејсбук.

Роднините на загинатите ќе влегуваат приоритетно на бугарската граница


Од надлежните бугарски институции од страна на македонските власти е побарано приоритетно и непречено влегување во Бугарија на роднините на загинатите и повредените, како и на претставници на медиумите од Северна Македонија, со оглед на хуманитарниот аспект на случајот со сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса Транс“. Во рамките на своите надлежности, бугарското МНР овозможи […]

Францускиот премиер позитивен на корона вирус


Францускиот премиер е позитивен на корона вирус и ги повика белгиските министри да бидат во излоација, поради состанокот на кој во понеделникот присуствуваа сите заедно. Жан Кастекс (56) по само неколку часа од состанокот беше тестиран позитивно на корона вирус. На фотографиите од состанокот се гледа како двајца мажи стојат покрај него без маски на […]