Меѓу преживеаните од изгорениот автобус се српскиот државјанин и неговата свршеница од Куманово


Фото: Б. Грданоски

Српскиот државјанин од Прешево и неговата свршеница од Куманово кои беа меѓу патниците во автобусот на „Беса транс“ кој ноќеска изгоре во Бугарија и во кој загинаа 46 лица, се живи, пренесува белградски „Блиц“.

Иако македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека меѓу жртвите има и српски државјанин, тој подоцна негираше и рече дека е повреден и дека е во болница.
– Единствениот државјанин на Србија кој бил во автобусот што изгоре во Бугарија е Љуљзим Сулејмани од Прешево и тој е меѓу седумте преживеани патници. Како неговата свршеница од Куманово, со која замина на патување во Истанбул – изјави Заев за „Курир“, пренесе „Блиц“.

Жељко Јовиќ, амбасадорот на Србија во Бугарија, за „Блиц“ потврди дека државјанинот на Србија е жив и дека е во болница. Амбасадорот рече дека отишол во болница да го посети повредениот Сулејмани.

Сулејмани и неговата свршеница пред два дена на социјалните мрежи споделиле заедничка фотографија од Истанбул .

Според информациите седумте преживеани патници спиеле во задниот дел од автобусот, а кога се случила несреќата го пробиле прозорецот, скокнале од автобусот и така се спасиле.