Се јави Софија: Во кампањата имаше омраза кон граѓаните со бугарски идентитет


Во кампањата пред вториот круг на локалните избори, според официјална Софија, се создала непријатна атмосфера за луѓето со бугарска самосвест   Еден ден по завршувањето на локалните избори се јави бугарското Mинистерство за надворешни работи со официјално соопштение во кое индиректно потврдува, без да споменува, дека новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство […]

Ангеловски меѓу кандидатите за нов тренер на Хајдук


Хрватска – Поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски е во потесниот круг кандидати за нов тренер на хрватскиот прволигаш Хајдук, јавија денеска локалните медиуми. Ангеловски (45), според весникот „Слободна Далмација“ со својата возраст и ентузијазам се вклопува во плановите на раководството на сплитскиот клуб за нов шеф на стручниот штаб, кој треба да го наследи Јенс Густафсон, кому денеска му […]

Во Словенија половина од тестираните на корона се позитивни


Во Словенија во последните 24 аса се потврдени 1.257 новозаразени со корона вирус со намален број на тестови, а починале уште десет пациенти, но особено загрижува високата стапка на позитивни тестови. Од 2.632 тестови, 1.257 се новозаразени, што значи дека 47 отсто биле позитивни тестови, речиси секој втор, потврди денеска Националниот институт за јавно здравје, […]

Владата го изгласа буџетот за 2022, поради изборниот молк ќе биде објавен денеска


Владата во саботата, за време на изборниот молк го изгласа буџетот за 2022 година. Како што се вели во владиното соопштение, информацијата за одобрениот буџет е објавена денеска бидејќи во саботата беше изборен молк. Владата на Република Северна Македонија на 116-тата редовна седница, којашто се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го […]

Пристигнаа 4.000 вакцини против сезонски грип


Во Центарот за јавно здравје пристигнале 4.000 вакцини против сезонски грип, но за да почнат да им се даваат на заинтересираните граѓани, се чека на одобрување од Министерството за здравство.  Експерти очекуваат шпицот според бројот на заразени од сезонски грип да се случи во декември или почетокот на јануари. За да се крене имунитетот и […]

Претседателот Пендаровски официјално не е информиран за оставката на премиерот Заев


Претседателот Стево Пендаровски, како што информираат за МИА од неговиот кабинет, официјално не е информиран за оставката на премиерот Зоран Заев, што повлекува оставка на цела Влада. Оттаму посочуваат дека кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, претседателот, во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за […]

Во светот од Ковид-19 починале над пет милиони луѓе


Бројот на луѓе кои починале од Ковид-19 ширум светот надмина пет милиони, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс, кој ги сумира податоците од државните и локалните власти, како и од медиумите и други сигурни извори. Бројот на починати од Ковид-19 во светот денеска се искачи на 5.000.425 луѓе, додека бројот на заразени е над 246,7 милиони. Најголем […]

Заев ја откажа посетата на Белград


Зоран Заев ја откажал планираната посета на Белград, планирана за 3 и 4 ноември. Како што информираат срските медиуми, а се повикуваат на информацијата лиферувана од агенцијата Танјуг, од кабинетот на Заев е потврдено дека тој нема да патува на закажаниот состанок, на кој заедно со лидерите на Србија и Албанија беше планирано тој да разговара […]

Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, деветмина загинаа


  Во Бразил за време на вежба на пожарникари се урна карпа, при што деветмина загинаа, а еден се здобил со тешки повреди. За време на вежбата која се одвивала во неделата наутро во пештерата Дуас Бокус паднал еден нејзин дел и десетимина останале заробени. Бразилското министерство за безбедност соопшти дека во тој момент на […]

Почна Божик за Мараја Кери: Хитот „All I Want For Christmas Is You“ во ново руво


САД– Ова нема да им се допадне на празничните пуристи – Мараја Кери, кралицата на Божикните празници, веќе објави дека „е време “ да влезе во празничниот дух со нејзиниот легендарен хит „ All I Want For Christmas Is You“. Кери сега означува дека Ноќта на вештерките заврши и дека е време да се започне […]

„Дали мислите дека премиерот на Австралија ве излажа“; „Не мислам, знам“: Макрон за потегот на Морисон околу подморниците


Францускиот претседател Емануел Макрон го обвини австралискиот премиер Скот Морисон дека го лажел додека тајно преговарал за договор за подморници со САД и Велика Британија и дека треба многу да се направи за да се обезбеди взаемна доверба во иднина јави Си-Ен-Ен. На прашањето на австралиски новинар дали мисли дека Морисон го излажал, Макрон одговори […]

Како ДУИ не испорача гласови за СДСМ


Каде исчезнаа гласовите на ДУИ во вториот круг во Ресен, а уште повеќе во Скопје, каде што требаше да влезат во контото на Петре Шилегов   Овие локални избори како ретко досега се извонреден показател за нестабилноста на гласачкото тело. На многу циклуси наназад на локално или парламентарно гласање се покажувало дека партиите може да […]

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна


Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажуваат резултатите од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, секторот за санитарна контрола во периодот од 25 до 29 минатиот месец зел 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за […]

Хаварија на гасоводот во Бугарија, прекината испораката на гас за Србија


Бугарскиот оператор за гасна мрежа „Булгартрансгаз“ соопшти дека го прекинал транспортот на природен гас за Србија и Унгарија по пукањето на гасоводот во близина на североисточното село Ветрино, објави Ројтерс. Британската агенција потсетува дека Бугарија преку својата гасоводна мрежа транспортира руски гас до Србија и Унгарија. Несреќата, која е пријавена во 3 часот по локално […]

Државјани на Македонија и Турција фатени во шверц на злато и сребро на бугарска граница


Окружното обвинителство во Хасково поднесе обвинение против државјанин на Турција и на Република Северна Македонија за шверц на златен и сребрен накит вреден 226.902 лева преку граничниот премин Капитан Андреево, соопшти прес-службата на државното обвинителство. Случајот е од 29 октомври со автобус што сообраќал од Турција преку Бугарија до Република Северна Македонија. Во автобусот цариниците […]

МЗ: Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, 30.852 примиле трета доза


Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 5.556 дози вакцини, од кои 950 се аплицирани како прва доза, 1.124 се ревакцинирани, а 3.482 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, ревакцинирани се 775.825, а трета доза примиле 30.852 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Педесет и четири отсто […]

Тони Коњановски во Битола наследува полна каса со 5 милиони евра


„Сите што излегоа во вториот круг гласаа да ја казнат власта, ама не локалната, туку централната“, велат познавачите на битолската политика   Анета Блажевска БИТОЛА – Убедлива е победата на Тони Коњановски на вчерашниот втор круг од локалните избори во Битола, со што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола ја презема општината со убедливо победа од […]

ДКСК: Директор на јавно претпријатие, самиот си се вработил во истото претпријатие


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница разгледуваше прв случај – предмет пристигнат кај нив, на вработување кога едно лице директор во јавно претпријатие се вработува самиот себе, во истото јавно претпријатие. Антикорупција ќе покрене иницијатива за кривична одговорност пред Јавното обвинителство за повреда на член 353 од Кривичниот законик, односно иницијатива за […]

Поскапување и поевтинување за половина денар на горивата


Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толку поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари, литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се […]

Момче од Ниш по 42 дена во болница на кислород со Ковид-19 замина дома


„Белите дробови ми работеа 16 отсто, а црниот дроб почна да ми откажува“, вели Никола, кој не бил вакциниран затоа што не верувал на вакцините   Фотографијата на Никола Николиќ (26) од Ниш, Србија, кој по 42 дена лекување од Ковид-19 во болница беше пуштен дома, ја заинтригира јавноста кај нашиот северен сосед, но и […]