Македонски телеком ги зголеми приходите од продажба за 5,7 проценти


Приходите од продажба на Македонски телеком се зголемени за 5,7 проценти во првите девет месеци од годинава во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 8.378 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 8,6 проценти, во споредба со истиот период претходната година, соопшти денеска телекомуникациската компанија. Оттаму […]

Оставката на Заев одекна во регионот: Виновна е и ЕУ, велат аналитичарите


Веста за оставката на премиерот на Македонија Зоран Заев синоќа одекна во регионот. Многу аналитичари се прашуваат како тоа ќе се одрази на понатамошниот пат на земјата кон Европската унија, но посочуваат и дека нестабилноста во земјата никому не би му одговарала. Зоран Заев ја презеде одговорноста за резултатите од локалните избори и поднесе оставка […]

Димитров: Политиката на проширувањето е со наведната глава


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со Тајс Ројтен, пратеник во Европскиот парламент и член на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, во рамки на неговата работна посета на земјава. На средбата беше дискутирано за трансформативната моќ на ЕУ во регионот во контекст на политиката на проширување […]

Франкофонскиот печат со реакции за оставката на премиерот Заев


Франција– Францускиот и франкофонскиот печат ја пренесоа веднаш агенциската вест за оставката на премиерот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев по поразот на локалните избори, јави дописникот на МИА. За париски „Ле Монд“, оставката следува откако левичарската партија СДСМ го загуби главниот град Скопје и повеќето поголеми градови во земјата. Но, притоа парискиот угледен весник […]

Во Мексико од 2000 година убиени се над 130 новинари


Во Мексико во изминатите четири дена убиени се двајца новинари, изјави претставникот на  Комитетот за заштита на новинари, Алберт Хутсен. Тој додаде дека фоторепортерот Алфредо Кардосо, кој беше хоспитализиран откако беше застрелан во Акапулко, починал. Во соопштението на Обвинителството се наведува дека Кардосо, кој работел на информативен портал, бил префрлен во болница откако бил пронајден […]

Мицевски: Не е време за славење, состојбата е сериозна


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски денеска од Собранието порача дека пред Македонија е голема работа, а се надева дека ќе има и нови предвремени парламентарни избори. „Состојбата во државата е сериозна. Не е време за славење. Македонија во наредниот период ќе ја зафати енергетска криза, како што се случува во […]

Конте официјално нов тренер на Тотенхем


Англија – Италијанскиот фудбалски стратег Антонио Конте попладнево е назначен за нов тренер на Тотенхем, соопшти премиерлигашот од Лондон. Конте се обврза да го предводи Тотенхем до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката. Конте, како што соопшти клубот, веќе попладнево ќе го одржи првиот тренинг со новата екипа. Тренерската смена во Тотенхем дојде по серијата слаби резултати, која доведе до отказ за Португалецот […]

Интензивно се чисти низ Аеродром


Денеска, на социјалните мрежи Општина Аеродром се пофали дека интензивно се чисти на неколку локации низ општината. – Се интензивира работата на сезонските работници. Утрово засилено се работи на три локации во општината, поточно во Мичурин, Стар Аеродром и во Реонски центар. Се чистат патеките покрај булеварот „Видео Смилевски–Бато“, се собираат лисјата покрај улицата „Симеон […]

Нестварна квартална добивка на „Сауди Арамко“


„Сауди Арамко“, најголемата светска нафтена компанија, во неделата соопшти дека нејзиниот профит во третиот квартал речиси тројно се зголемил во споредба со истиот период претходната година, бидејќи побарувачката за гориво закрепна од пандемијата и поради порастот на цените на енергенсите. „Арамко“, националната нафтена компанија на Саудиска Арабија, изјави дека нето приходот за периодот од јули […]

Ѓоковиќ ја почна 345 недела на врвот на АТП листата


Англија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да го зголемува сопствениот рекорд според бројот недели минати на врвот на светскиот тенис, започнувајќи ја денеска 345 недела едноподруго на чело на АТП листата. Ѓоковиќ сега има 10.340 бодови, што е 1.080 помалку во однос на минатата недела, но сè уште е во предност од 800 бодови пред второрангираниот Дмитри Медведев од Русија. […]

Најдобри туристички дестинации за 2022 година-„ Лонли планет“ ја објави својата листа


САД– Светски познатиот портал за туристички препораки, „Лонли планет“ (Lonely Planet), ја објави својата листа најдобри дестинации за 2022 година. Во 1973 година, една млада британска двојка – Тони и Морин Вилер, објави водич за евтини патувања во Азија. Тоа, по случаност, се претвори во глобален туристички бренд наречен „Лонли планет“. Речиси 50 години подоцна, нивната […]

Елтон Џон дизајнираше колекција на очила: Лично патување низ мојата кариера и стил на сцената


Англија- Очилата се заштитен знак на поп-легендата Елтон Џон (74) кои во текот на кариерата раскажуваат стилска приказна заедно со неговата облека.И сега, поп-рок иконата го става својот потпис на нова линијата во Sam’s Club и Walmart. Колекцијата на очила на добитникот на Греми, соодветно именувана, Elton John Eyewear, беше инспирирана од неговата легендарна облека […]

Во Собранието не е стигната оставката на Заев


Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе свика седница за верификација на мандатите на новите пратениците кои треба да ги заменат досегашните парламентарци кои беа избрани за градоначалници, откако ќе се добијат официјалните резултати од Државната изборна комисија. Местата на избраните градоначалници во Собранието треба да ги заземат следните кандидати на листата на политичките партии. Тоа […]

Скопјанец под истрага за две разбојништва


Против 21-годишен скопјанец ќе се спроведе истражна постапка поради основано сомнение дека сторил две кривични дела разбојништва. Тој на 17 септември, заканувајќи се со пиштол, одзел 101.000 денари од обложувалница на улицата „Финска“ во Скопје, а на 27 октомври влегол во продавницата „М-Кеш“ на улицата „Методија Андонов Ченто“ и одзел метална каса во која имало […]

Облачно и посвежо со дожд утре, во следните денови стабилно време


Времето утре ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/м2) и проследени со засилен јужен ветер. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 9 до 16 […]

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и […]

Во Хрватска уште 31 жртва на Ковид-19


Во Хрватска, во последните 24 часа забележани се 1.126 нови случаи на зараза со корона вирус, а 31 лице починаа од последиците од болеста, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни денеска во хрватска изнесува 22.884. Од нив 1.496 пациенти се лекуваат во болница, а 183 се на респиратор. Во самоизолација има 29.240 […]

Вашингтон Пост: ФБИ не реагирал на дојавите за насилство во Капитол


Федералното истражно биро (ФБИ) и други клучни американски агенции за спроведување на законот не одговорија на плејадата совети и други информации пред 6 јануари, што сигнализираа дека тој ден може да се случи потенцијално насилен настан во Капитол, покажуваат документите објавени од Вашингтон Пост. Според весникот „документите на внатрешното биро“ вклучувале информации добиени од официјални […]

Потрага по La Dolce Vita? Лидерите на Г20 фрлаа паричка во фонтаната Треви во Рим


Италија– Светските лидери вчера фрлаа парички  во римската фонтана Треви – некои несомнено бараат среќа – според традицијата за посетителите на италијанскиот главен град која датира од пред стотици години. Легендата вели дека ако фрлите паричка со десната рака преку левото рамо во фонтаната, ќе се вратите во Рим. Повеќето од лидерите кои позираа на […]

Заев ги повика коалиционите партнери на консултација


Премиерот  Зоран Заев ден, по јавно соопштената одлука дека се повлекува од претседателските позиции во владата и во партијата, ги свика партнерите од коалицијата на координација во владата. Причината е да ги извести за новонастанатата ситуација и да се изгради стратегија што и како понатаму за изборот на нов премиер. Бидејќи Заев сугерира да нема […]