Ѓоковиќ ја почна 345 недела на врвот на АТП листата


Англија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да го зголемува сопствениот рекорд според бројот недели минати на врвот на светскиот тенис, започнувајќи ја денеска 345 недела едноподруго на чело на АТП листата.

Ѓоковиќ сега има 10.340 бодови, што е 1.080 помалку во однос на минатата недела, но сè уште е во предност од 800 бодови пред второрангираниот Дмитри Медведев од Русија.

Зад нив двајца своите позиции ги задржаа Стафанос Циципас, Александер Зверев, Рафаел Надал, Андреј Рубљов, Матео Беретини и Каспер Руд.