Заев нема да си поднесе оставка ако СДСМ добие помалку советници од ВМРО-ДПМНЕ


  Премиерот Зоран Заев нема да си поднесе оставка доколку СДСМ освои помалку советници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Одговарајќи на новинарско прашање, тој само кратко одговори „не“ на денешната прес-конференција во Владата.

Македонски мис за „Фешн груп“: Модата се промени, моќта остана иста!


„Fashion Group“ со нова кампања со познати македонски мис кои ги претставуваат парчињата од новите колекции“. Многумина ќе кажат дека најголемите промени се случуваат напролет, но според нас, есента е вистинското време создадено за промени. Повозбудлива од кога и да е, исполнета на секое можно поле, оваа студена сезона „Fashion Group“ ги носи најголемите промени […]

Институциите сами си објавија дека во „Дрисла“ се гори опасен отпад


Откако првиот човек на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски објави дека, откако е дојден на функција, издал решенија за забрана на прием и третман на 26 видови на опасен отпад во ЈП „Дрисла“ поради непоседување на соодветни инсталации, се јави и Град Скопје. Од таму практично потврдија дека во „Дрисла“, освен медицински отпад […]

Каратистите на „Макпетрол“ освоија седум медали на престижниот „Кроација опен“


Членовите на карате клубот „Макпетрол“ од Скопје викендов учествуваа на престижниот меѓународен турнир „Кроација опен“ во Риека, каде што се закитија со седум медали. Хрватската карате-манифестација на едно место собра над 1700 спортисти од 233 клубови и 21 национална репрезентација. – На овој навистина силен турнир од интернационален карактер зедовме учество со комбиниран тим. Најзначајно […]

Макрон го претстави амбициозниот план за зелени инвестиции „Франција 2030“


Франција сака да биде лидер во областа на зелениот водород до 2030 година и ќе изгради нови, помали нуклеарни реактори како дел од инвестицискиот план вреден 30 милијарди евра, чија цел е да ги зајакне своите шампиони во индустријата и да ги поттикне иновациите, рече денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон. Во своето обраќање, шест […]

Европските земји ја намалуваат потрошувачката на гас


Индустрискиот сектор во Европа започна да ја намалува побарувачката за природен гас бидејќи рекордни цени го направија тој енергенс недостапен за многу корисници. Просечната потрошувачка во октомври беше 12 проценти помала отколку пред пандемијата, според податоците собрани од консултантската агенција со седиште во Париз, Engie EnergyScan. Потрошувачката на гас веќе почна да опаѓа во септември, […]

Во август издадени за 50 проценти повеќе одобренија за градба, вредноста на објектите повисока за скоро 100 отсто


Во август се издадени 276 одобренија за градба што е за 50 проценти повеќе во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Предвидената вредност на објектите е 6.248.028 илјади денари што е за 96,9 проценти повеќе во однос на минатата година. – Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во референтниот […]

Максим Димитриевски обвини за обид да му се изнудат средства


Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, обвини за притисоци, закани и уцени за сите оние кои сакаат да го дадат гласот за него и листата  „Наше Куманово“. -Не престанува организираниот напад врз советниците од листата на Наше Куманово.Сега сме сведоци на изнудени аудија каде се прикажува неточна слика за наводен поткуп.Досега одржавме низа прес-конференции […]

Филиповски: Популарната „Дупка“ ќе го задржи автентичниот изглед


Спортско – рекреативниот центар во Ново Лисиче, популарната „Дупка“ ќе го задржи својот автентичен изглед, ветува кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Филиповски, наспроти плановите на неговиот опонент Тимчо Муцунски, да го покрие стадиончето.  „Внатрешните простории беа обновени пред неколку години и како ново општинско раководство, ќе се грижиме за тековно одржување […]

„Тиквеш“ и годинава откупи најмногу грозје по повисоки цени од просечните


Анализата на податоците од годинешниот откуп покажуваат дека винарската визба „Тиквеш“ и оваа година откупи најголема количина грозје, по повисоки цени во однос на  просечните цени за вкупната реколта. Имено, од 92 милиони килограми грозје, колку што вкупно се откупени оваа година, „Тиквеш“, со откупени 25 милиони килограми, што е повеќе од 25 отсто од […]

Бугарските предлози за спорот стигнале во Скопје


Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев денеска на прес-конференција во Софија со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман изјави дека за Бугарија главен надворешно-политички приоритет останува присоединувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Стоев посочи дека Бугарија инвестирала многу во дијалогот со Република Северна Македонија, како и тоа оти очекува конкретни дејствија од Скопје […]

Рјабков: „Газпром“ ги зголемува испораките на гас за Европа од сопствените резерви


„Газпром“ посегна од своите резерви за да го зголеми снабдувањето со природен гас преку гасоводната мрежа и да ги стабилизира цените, изјави во вторникот владин претставник на Москва. Рускиот заменик -министер за финансии, Сергеј Рјабков, во интервју за Би -Би -Си ги отфрли тврдењата дека Русија ги прекина испораките на европскиот пазар каде што цените […]

Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава, рано е да се предвиди што после 1 јануари, велат Заев и Бислимоски


До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ),  Марко Бислимоски. Премиерот Заев посочи дека стабилноста на цената на електричната енергија за домаќинствата […]

Камчев се жали на изживување и понижување


На денешното рочиште за случајот ,,Плацевите на Водно’’ одбраната на Јордан Камчев се жалеше на, наводно, нарачано изживување врз него од страна на овластени лица при спроведувањето од затворот Шутка до Јавното обвинителство за организиран криминал, во врска со предмет кој е во истрага. ,,Спротивно на начинот и методологијата на спроведувањето на лица лишени од […]

Анкета: Радев тешко до победа уште во првиот круг


ГЕРБ се врати убедливо на врвот за парламентарните избори, а Има таков народ пропадна дури на петтото место, покажа анкетата на „Алфа рисрч“   Претседателските избори на 14 ноември во Бугарија се закомплицираа за сегашниот шеф на државата Румен Радев, откако во трката се вклучија и двајца други силни кандидати – Анастас Герџиков и Лозан […]

Европскиот медитерански сеизмолошки центар предупредува за цунами по земјотресот на Крит


По земјотресот од 6,3 степени јужно од грчкиот остров Крит, Европскиот медитерански сеизмолошки центар издаде предупредување за цунами, а грчкиот професор и сеизмолог Герасимос Пападопулос, на неговиот фејсбук-профил напиша дека во тек е мало цунами и повика граѓаните да се оддалечат од крајбрежјето, јави дописничката на МИА од Атина. Според првичните информации од Крит, силниот […]

Арсовска: Информатички парк за искористување на потенцијалите на ИТ индустријата 


Една од мерките за економски развој на Скопје е искористување на потенцијалот на ИТ секторот преку создавање услови за работа во Скопје за ИТ секторот, а согласно тоа кандидатската за градоначалник на Скопје Данела Арсовска денеска најави иницирање меѓународен проект – Скопје ИНОПАРК. „Скопје ИНОПАРК е информатичко-иновациски парк, ќе биде сместен во непосредна близина на […]

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје


Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ посакува неговиот тим да ја продолжи извонредна резултатска серија (три меча без пораз) во Лигата на шампионите. Вардар во 4. коло од А-група во Лигата на шампионите ќе го пречека францускиот претставник Монпелје. – Тие се извонредна екипа, како и сите француски екипи. Свесни сме дека не очекува многу тежок […]

Оквернавен гроб на кумановските градски гробишта


Жена од Куманово во полицијата пријавила случај на сквернавење на градските гробишта, соопшти денеска кумановскиот СВР. – Вчера во 12.09 часот С.П. од Куманово во СВР Куманово пријавила дека на градските гробишта во Куманово било извршено сквернавење на гроб, информираа од СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Принцезата Шарлин ја има последната операција во Јужна Африка, вели палатата


Монако- Принцезата Шарлин (43), сопругата на принцот Алберт Втори имаше уште една операција во Јужна Африка за време на нејзиниот повеќемесечен престој. Портпаролот на палатата за списанието „Пипл“ потврди дека кралицата ја имала „последната процедура“ во петокот пред да се врати во Монако. Претходно,  нејзиниот сопруг изјави за радиото РМЦ дека сопругата „ќе се врати […]